Ништо мораш строго мирување, значи само лежење (не седење бидејќи притиска надоле плодот). Терапијата да ја тераш и тоа е лежење, само до вц станување.
Мене ми беше 25мм и во 18 недела +6 дена ми стаија серклаж. Од прв ден сум со циклогест наутро и навечер, а после серклажот и ALA600-SOD и магнезиум и строго лежење. Денес сум 30 недела+ 3 дена, последнов месец внатрешно сум отворена и грлото се дократи на 15мм. За колку време ти закажаа контрола? Одмарај повеќе, максимално минимизирај движење.
За една недела, односно сега во среда сум. Многу сум испаничена дека волку рано ми се скратува, ама еве и ти имаш слично искуство. А за серклаж докторката рече сега уште е рано, нема потреба, најверојатно планира да следиме.
Штом ти закажува на недела дена значи следи ситуација докторката. Без страв, избегнувај стрес и деновиве само позитивно и пробај да се опуштиш. И серклаж да се стаи да знаеш дека не боли и се ќе биде во ред и со него. Само мирувај и не станувај од кревет освен за тоалет