Primivte li inekcija za zreenje na plukata na bebeto? Ako ne ste, moj sovet e vednas da primite zosto sepak postoi rizik od predvremeno poroduvanje.
јас се породив 35 со близнаци сите тие работи се да речам нормални и немаш мбогу питреба од паника така си отежнуваш. Лежи уживај се ке биде добро и јас вев 3недели два прста отворена
Не не ми кажа докторката ( сепак мора она да ми ја препише или па сама да настојувам оти читав дека нема несакани ефекти од неа Фала ти, веќе заземав положба
Ништо од тоа паника без потреба излезе оти воопшто не сум отворена, еве 39 + 4 сум и ми закажаа царски рез за во петок нашево државно здравство е чудо
Во 31 недела цервиксот ми е 20 мм со фунелинг(отвор). Некој да сподели слично искуство како се завршило?
Женски само лежење со перница под газето, прогестерон (утрогестан, депо или сл ), и магнезиум. @ajaja95 Ти особено. Нема чистење, готвење, ништо, само кревет и вц. Нека носат јадење во кревет ако треба. Така се истерува неколку недели.
Знам, тоа и го правам, само до вц. Ме интересираше искуство како се завршило? Имаше ти слична ситуација?
Јас рано бев со скратен цервикс од 24 недела со близнаци, 2 недели дома + 3 болница (добив контракции, се отворив и пролабиран водењак и многу ниско едното близначе), ама јас сум од тешките случаи и рано и пак истерав 5 недели. Повеќето истераа убаво, некои 32-34 (тие од 26-27 недела со скратен), доста 35-36та, и 37 и 38 тука што истерале со едно. Само одмарај, нозе у вис.
Да ископирам претходно мое мислење: Зависи колку е скратен, но рано си, така што генерално нема чистење, готвење, секс, ништо, претежно кревет со поткрената карлица и вц. Нека носат јадење во кревет ако треба. Примање повеќе прогестерон (утрогестан, депо или сл ), магнезиум, како и инекции за зреење за бебето. Секако со консултација и следење од лекар.
Докторката ми даде да мирувам 2 дена к да го провериме да следиме колку ќе биде. Освен со мирување како инаку може да се регулира? Кога ќе достигне некој минимум може ли да се вратиме на нормалните активности?
назад нема не се зголемува цервикс сега само лежење станување само до вц и толку ако сакаш да изгураш повеке
Има разни причини, како моментална инфекција, претходно правена конизација, или повреда од некоја интервенција, или кај повеќеплодова бременост или едноставно генетски предиспозиции.. Нема враќање назад, само да се пази и да се истера што подолго.
Од 20та недела ми е скратен, т.е. тогаш прв пат го измеривме и дознав. На работа не одам,домашни обврски скоро ич, 90% од времето лежам. Терапија утрогестан од 200мг вагинално 2х1, магнезиум од 400мг 2х1, Прогестерон депо инекција една на 7 дена,вкупно 5 да примам. На последната контрола др ми рече и појас за трудници да купам и малку ми дозволи да се движам. Задутре сум на контрола па ќе видиме на што сме. Должината почна со 23мм во 20та,па варираше 31мм,па 26мм,па пак 30мм. Ми рекоа серклаж се практикува под 20мм,но кај мене ако паднеше под 20мм не смееше да се чепка бидејќи правев ЕМГ снимање на стомакот кое покажало лесни контракции,па со серклажот можеле да се предизвикаат поголеми и да дојде до предвремено породување. Од матичната докторка имам информација дека матката до 26 недела расте а со тоа и цервиксот. Колку мм е кај тебе?
Математика не врши работи во вакви случаеви. Само одморајте, мислите на пасење и галете меше. На 26г.н имав 11mm , па со лежење до 34г.н. беше 8mm. @Sofi.ja во групата сме секакви примери. Ама ти дефинитивно можеш да бидеш позитивен пример. Позитивни мисли + мирување + редовна терапија = терминско бебе