Мене не , серклажот ми беше ставен во Хрватска, а се породив на ГАК. Презадоволна сум , мене ме породи д-р Маријан Шилев.
Zdravo dali imavte problem so prefrluvanje na vodenjeto na bremenosta. Bidejki jas sum 15 ned i sum vo Germanija no planiram sega za Makedonija da si odam.
Не , немав никаков проблем . Само доколку имаш ризик од предвремено породување или серклаж посоветувај се со доктор до кога смееш да патуваш.
Дали има некоја членка што лежела на Гак подолго време на патолошка? Ако може да ми пише да прашам нешто @Ladyme тебе те памтам дека лежеше некое време
Ќе може ли да споделите во која недела ви го извадија серклажот? Моментално сум 35та, докторот ми рече да се вади во 38ма недела. Зарем не се вади порано во 36та?
Ми го извадија 38+1 вечерта, ноќта добив болки, се отворив брзо и сабајлето се породив. Мислам дека поради вакви сценарија чекаат до 38ма ако е можно, во случај да се породиш одма по вадењето да си биде full term бебето.
дали почна повеќе да се движиш во овие недели? Ми здосади лежењето а и сакам нешто да си спремам за бебето
Па да, малку повеќе од претходно. Почнав низ дома така да си спремам по нешто, лесно работев, си редев диплев и слично. Докторот ми рече може по пола саат на ден да прошетам околу зграда (само не по скали) ама јас не го правев тоа. Ама да, генерално по дома почнав веќе да се движам малце.
Да . Јас многу порано се породив во 29 недела , но супер поминав. Во 12и20 ноќта ми пукна водењакот во сала на бокс ми го извадија серклажот и точно во 3 часот се роди Дарија.
Здраво, не примаше антибиотска терапија за слаџот?! И откако ти направија серклаж цервиксот ти се затвори од 8 на 28 мм, друга терапија освен ова што ја напиша овде? Јас сум 21 недела цервиксот ми е 22мм со фанелинг и слаџ, примам тројна антибиотска терапија и утре ќе видиме дали ќе ми направат серклаж. Со лесно до крај
Примав антибиотик да, и во болница и откако ме пуштија дома. Пиев и индометацин неколку дена и сега до 36та недела утрогестан и магнезиум Сега сум 35+3. Со лесно и на тебе се надевам се ќе биде во ред