Мижеш мила ќе издржиш, само водењак да не пукне. Ова нека не те загрижува. Мисли позитивно, кревет и вц толку. Ти ја пуштам сета позитивна енергија и среќа
Само флостеронот и редовните фемибион2 и витамин Д, инсулин заради шеќерот и магнезиум од вчера. Друго ништо терапија. Строго лежење (само до вц и назад), во кревет јадам
има како не од 33гн бев 2см отворена со еден предходен пораѓај у 33 и еден спонтан у 17 и почнаа да ме спремаат за нареден предвремен пораѓај па си влегов у 9 и заврши 9ти и цуца се роди 16 дена над крајниот термин со индукција така да се што треба да правиш е да лежиш и да си одмараш да читаш книги да си гледаш филмови и за брзо ке стигнеш до целта со 33 полни недели бебе ке биде супер без потреба од инкубатор а вака можеш и до 42 гн да тераш немора да значи дека ке се породиш пред време јас сум сигурна оти ти и над термин ке изтераш
Јас за скратен цервикс примав и утрогестан по 2 од 200мг на ден, магнезиум по 2 на ден, примив и 5 прогестерон депо инекции,една на 7 дена. Купив и труднички појас го носев кога се движев по дома. Кај мене цервиксот беше скратен од 22 недела 24мм, до 30та недела дојде до 34мм и од тогаш ми дозволи да се движам а терапијата ја примав до 36та.
Утрогестанот е за цервиксот колку што знам обично го даваат на крај али али мо дека бебе е 2.2кг и 33 недела може намерно не ти дале хормонална терапија бидејќи до мислење се дека ќе издржиш барем уште три недели со лежење,а и штом те боцнале за зреење ќе се заврши се во најдобар ред само позитивно мисли и одмарај уште некоја недела
Фала ви, на сите. Ќе прашам за терапијата. Ми рекоа во 35та на ехо пак, дотогаш ако не пукнел водењак само мирување.
Ке се заинаети мала и ке надмине термин Во 34та почнав да се отворам со син мии бев со контракции во 37ма царски го извадивме 3100гр се роди апгар 9ка. Некои во 40та се толкави. 2 недели поголем беше а немав шеќер исто и сега е. Лежи за грлото. Јас само утрогестан плус ставав до крај,но еве во оваа бременост не ставам а пред 16месеци бев породена царски. Јас се молам само да не дојдам оваа бременост до слична ситуација затоа шѕо нвистина неможам да одмарам со син ми. Само за мене е залепен а јас се само трчам... но да истуркам до 38ма се молам...
Последен пат кога те прочитав мислам дека цервиксот ти беше околу 3 см, како за толку кратко време толку се скратил? Па и фанелинг, ти кажаа што би можело да биде причината? Биди позитивна. Бебчето си има супер тежина, имаш примено и инекции, одмарај и ќе видиш дека ќе истуркаш. Јас син ми го родив на 35 недели ама спрема параметрите одговараше на 32 г.н тежеше 1700 со 42цм. Така да, и да се породиш нема ништо страшно, ама ти посакувам да истераш до крај без стресови туку онака како што си имаш замислено ти
Да, беше 3см во 27ма недела. Добро паметиш. И јас така добро си се опуштив, до маркет си пазарев, ќеси си носев, нели ништо не ме боли мене. Возев кола нонстоп. Дома реновираме, јас метам, џогирам, подавам алати на маж ми, готвев. Кафе куварица бев. По скалите 4-5 пати дневно нагоре надолу. Немам лифт. Нонстоп се движев, оти нели шеќер пројавив па да го трошам, детака работејќи се ми беше ок. Сметаат дека физичкото оптеретување има удел и шеќерот кој ми го здебели бебето па тоа натежнува и сака да излезе. Ќе лежам, терапија ќе примам. И вас другарки што сте околу мене ако ве предварам, ќе биде интересно. Нонстоп си мислев ќе биде над термин, но ете, нема правила
Да споделам мое искуство на темата од претходната бременост. Во 22 недела на скринингот во приватна болница ми рекоа 2 цм грлото, под итно серклаж и дури и така тешко дека ќе го доносам. Во приватна болница ми го кажаа ова. Јас бев на уште 2-3 мислења и мерења после тоа, и сите ми кажаа 3.3/3.5. Ни серклаж ни ништо, се породив во 38+5 со закажан царски. Сепак од страв бев внимателна, гледав да лежам скоро до крајот, ставав утрогестан и земав магнезиум. Не знам дали е паметно да побараш второ мислење, кај мене среќа шо беше така, ако верував слепо во докторот од приватната болница, серклаж безпотребен не ми бегаше.
Еј ме израдувавте сите, па се мислев но нарача Серклаж кај мене во оваа недела не доаѓа во обзир. А многу верувам на докторот,од старт на инвитрото сум нонстоп таму. На друго место не сум била, ептен ми ја знае цела ситуација. Ќе видам ќе размислам бар неколку дена вака. Ко што ве прочитав сите во оваа тема, таа е терапијата, прогестеронска поддршка, инекции за зреење, магнезиум и мирување. Ќе пробам вака, па здравје боже, ќе видиме.
@Alishan30 има шанси како не, другарка исто цел осми лежеше ,си читаше книги,и бебето го роди еден ден после термин.
Спомна горе членката за фанелинг, мене матичната ми рече дека имам,а двајца други доктори дека немам. Така да, ако сакаш и второ мислење побарај,ако не пушти мозок на пасење и читај теми во подфорум бебе
@Alishan30 не си сама мајче. Заедно ќе си лежиме. Ако те фаќа лудило и досада пиши во лп слободно. Ќе ти пратам наслови од филмови и серии. јас за два дена полнам две недели лежеча
Колку треба да е цервикс во 34 накај 35 недела? @Alishan30 те читав дека си беше активна, како одеднаш ти се скрати цервиксот? Имаше ли некакви симптоми или на преглед ти видоа едноставно?