Никакви симптоми немав, бев активна многу и многу движев, возев и работев по дома. 27ма недела бев со 3см, во 31ва 1,85-2см. Плодот е зголемен кај мене, заради шеќерот и можеби е тоа една од причините, незнам. Бебе одговара за 33та недела по мерки. 2200гр е. Сега лежам 3ти ден и секое ковче ме боли, колкови исто и многу ми е тешко вака. Незнам колку треба да е околу 34-35та недела цервиксот, ич не се оптеретував со бројки, во последно време. Јас бев на редовна контрола како што си одам на 4 недели, па ми го открија ова.
Ајде ќе издржиш, при крај си речиси. Ти посакувам до крај да си го доносиш, ама ништо страшно и да дочекаш 35 36 недела. Урбазон инекција за зреење што не ти стават за секој случај? Нема беља од нив, ама бар да си раат и порано ако тргне да искача. Јас последен пат 30 недела мислам дека мерев и ми беше 28мм цервикс, а требало 30 мм и го ставав до точно 34та недела утрогестанот (затоа што ми рекоа докторките дека после 34 немало фајде од него), па сега си викам да не требаше бар до 36та да го ставам, читам на нет дека до тогаш се ставало. Ај ваљда не се зезнав. Немам никакви симптоми, контракции ни болки.
Утрогестан не ми дадоа, а за зреење примив 2 дена по 2 инекции во вторникот и средата. Покриена сум од таа страна
Епа девојче, си работела што си работела, сега е време да си одмараш, кулираш, да ги наполниш батериите зошто после нема филмче, книгиче, па чекај да си поспијам. Кога ќе станеш мама нема веќе одмор. Искористи сега се максимално, читај и тема бебе. Можеш ако фали нешто и онлине да си нарачаш. Бабите нека перат, пеглаат. Дозволи си малку да се разгалиш, после нема таков луксуз
Ke izdrzish ushte nekoja nedela.Odmaraj,relaksiraj se i samo pozitivni misli Ke bide se dobro,ajde ushte malce ke ja drzish princezata tvoja vo race Te gushkam silno
Ќе издржиш. Само мој совет без нервози. Јас лично сметав дека затоа не истерав повеќе. Бев напната, се нервирав до плачење, неможев психички да го сварам лежењето во кревет. Постојано читање по интернет ме оптеретуваше. Затоа лежи си, одмарај, серија, книга и избегнувај социјални мрежи и форуми и вакви теми. Јас исто примав две дози флостерон. Плус вагиналети утрогестан, магнезиум двапати во ден и исто купив појас кој искрено не го користев пошто не станував никаде. Само до вц. Според килажа бебе е супер, си примала флостерон за бели дробови и покриена си комплетно. Па и понапредно е, немате мака. Уживај и одмарај уште овие недели. После ќе се жалиш таму во темите бебе дека немаш спиено со денови Успехот веќе го имаш. Останува да видиме малото колку е темпераментно и колку му се брза да излезе нека седи уште малку во меше, нема што да види многу надвор Како и да е, ќе бидете одлично. и уште ова, не оди на второ мислење. Му веруваш на докторот комплетно, сте поминале многу заедно. Второ мислење во случајов ќе ти биде само непотребна физичка активност и непотребно психичко оптеретување. Терапија веќе примаш. Второто мислење нема да донесе ништо позитивно. Мое лично видување. Сепак ти најдобро ќе си одлучиш. Каде планираш да се пораѓаш? Со среќа и пиши ни кога ќе можеш
Девојки здраво. Вака со првата бременост бев со скратен цервикс од 24 недела па натаму од 28 недела почнав со лежење 30-31 се отворив два прста и со зреење и издржавме до полни 38 недели си растеме и уште малку 4 години ќе наполниме . Сега сум 20+6 во 17+3 цервиксот ми беше 3.3мм (во првата бременост 22 недела беше 4 цм) сега во 20+3 2.94мм започнав со дабростон по две и навечер вагинално 200 мг утрогестан не мирував премногу завчера се изнашетавме ( со споро пешачење) со малата 3 часа низ џамбо и вчера имав менструални болки кои се смирија после еден саат лежење и ме фати страв и сега само си планирам секој момент погоден да лежам за барем до контрола. Сега не знам дали има простор за паника на контрола сум за 11 дена за скринингот што е во 22 недела.
Ова со цервиксот е многу чудно, еве кај мене во рок од 2 недели ми измерија 3 различни димензии, скоро дупло разлика. Сигурно има врска апаратот, колку е полна бешиката итн. Секако мора да бидеш претпазлива, 3 часа јас не би шетала од претпазливост. И секој момент искористи го за одмор.
Фала ти, те читав и тебе понапред во темава, но не барам и не гуглам по интернет, за други информации. Сега за сега од лежењето имам мака, колкови ме болат и киселини многу, нонстоп проблем имам да завземам удобна позиција. Ќе лежам колку и да треба. Не се расплакав ниту еднаш одкога легнав, не сакам бебето да ме осеќа кога сум тажна. Нонстоп на камера се гледам со сестра ми и внука ми, и тие ме окупираат со облека за бебка, со перничиња и украси за собичката која и ја спремаме. Дури и по брза постапка деновиве се испонарачав: количка, креветче, за дома работи. Повеќе сум окупирана по страните, барајќи работи. Вчера и ми стигна количката. Маж ми дома чисти моментално. Јас на село лежам кај свекрва ми. За второ мислење решив да не одам. Тоа е, што ќе ми кажат. Лежење, терапија, позитивни мисли. Нека не чува господ и колку повеќе остане во меше, подобро за неа ќе биде. Како решила, така. Ние сме спремни. Во Плодност ќе се пораѓам, со години сум таму, таму е инвитрото и срце не ми дава да одам на друго место. Па здравје боже, ќе видиме.
@Alishan30 ете така, само позитивно. Врти си страни со бебешки работи и играчки Нека те служат сега. Не мрдај со мал прст. Остани позитивна не дозволувај ништо да допре. и јас имав мака, ме болеше се од лежење, плус цела бременост повраќав и стварно беше мачно. Ама еве сега кога го гледам до мене како спие, би го поминала тоа уште 100пати за него Си изодела долг пат, ќе го поминеш и ова како од шала. Најубавото енос доаѓа. Спремни се плодност за предвремено родени бебиња за секој случај?
Незнам, некако муабетот беше ќе поминат неколку недели и ќе дојдиш. Валда рачунаат дека би можеле, со килажава на детето, па можеби сметаат дека ќе одговара за 36-37ма. Незнам, не прашав. Ако дојде за пораѓај ќе се јавам најпрво, ќе видам што ќе ми кажат.ако не бива, ќе си фатам правец на државна клиника и готово
Со скратено грло не значи дека ќе се породиш за брзо. Познавам неколку жени кои лежеле цела бременост со скратен цервикс, крварења, серклажи, чуда, прво се молеле да издржат до 9ти месец, но потоа се молеле што побрзо да се олеснат зошто дочекале 39та-40та недела Одмарај и кулирај си, ќе видиш дека ќе издржиш до крај
Мене денес ми го измерија 26 а 33 недела сум؛ Ме прегледуваше специјализант и ми спомна зреење ама кога се слушнав со гинекологот ми рече нема потреба؛ Само мирување ؛ Мн се уплашив ама сега те прочитав и малце надез добив؛ Мн сум загризена за бебка
Супер си нема потреба од зреење и јас мислам единствено што можеш е да не се качуваш по скали чучнуваш наведнуваш колку можеш повеќе седи или лежи и после 36 што сакаш прави си А терапија примаш?
Па освен магнезиум друго не؛ Матичната не е за утрогестан бидејќи уште малце и 34 ја почнувам؛ Денес ме изместија некои тапи болки кои мозе да се мускулни, цтг е без контракции, бебушка малце поголема и активна؛ Пред една недела кога бев матичната рече؟се е супер од протоци од поставеност ама денес од ГАК ме изреметија؛ Искрено мислам со трудници треба специјалист а не специјализант, особено со прворотка
Контракции од многу причини. Скратено грло на цервикс. Инфекција од која пука водењакот. Има уште, јас овие ги знам.
Аххх не се секирај јас се молам да стигнам сега до 33 само знам дека со првата бременост штом стигнав 33-34 ми олесна и после две недели се опуштив зашто не чини ни залегнување чувај се малку неколку недели после 36 опушти се се најубаво ти посакувам