Можно предвремено породување

Дискусија во 'Бременост' започната од zanusi, 7 октомври 2014.

  1. Newmomtotwins

    Newmomtotwins Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот, гледам дека во систина си планирала пораѓај таму ли се породи и кој ти ја водеше бременоста.Мене од тука др.(не сум од Скопје) ми велат дека нема потреба да одам во Скопје ниту во државна ниту во приватна клиника затоа што било рано .
     
  2. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Се породив во Систина, на контроли таму почнав да одам од 31 недела кај Д-р. Гордана Петровска таа и ме породи. Инаку и јас не сум од Ск. бременоста ја водев кај Д-р Органџиски бидејки таму правев ин витро.
     
    На Newmomtotwins му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Јас сум 20та недела и од пред некој ден почнав да осеќам некои како болки во долниот дел при седење и станување и нагли потези. Ме гледаа вагинално викаат се е океј но некако не верувам мн на лекарите .. мн се паничам може ли некој совет што како да правам дали да се секирам или да чекам до следна контрола за 2 недели?
     
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    119.020
    Пол:
    Женски
    Да не се нервираш, те виделе и рекле се е во ред.
    Ако не ти е верно оди на второ мислење.
     
    На jarec6, thelittle17, dromka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    33.899
    Пол:
    Женски
    Болките се пропратни во целата бременост.Од 17 до 24 недела доаѓа нагол раст на матката и затоа се тие болки.Не можеш на др да не веруваш кога те гледал на лице место.Ако грлото не ти е скратено и се е во ред нема потреба да мислиш на предвремено породување:)
     
    На jarec6, thelittle17, dromka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Nefertiti.

    Nefertiti. Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    23та г.н, цервиксот 30.
    Во 21 недела ми беше 40, за две недели на 30 паднал.

    Вчера бев кај матичната заради кафеавиот исцедок(ми се повраѓа од овие два збора веќе, последен пат да пишам за него аман), ме гледаше со спектрум стандард, виде сукрвица, ме исчисти, вагинално ми измери цервикс и рече паднат е, од денес лежење и мирување 200%, само за во вц станување.

    Дабростон од 2х1 ми зголеми на 4х1, на секои 6 часа и магнезиум цитрат 800мг. Ако се повторе пак исцедокот рече да одам да ме буцнела прогестерон, јас одма и реков дај буцни ме, два месеци на секои 10 дека нонстоп имам исцедок, страв ми е, не рече ќе почекаме, со терапија зголемена и со максимум лежење како ќе си.

    Кога ми рече на крај од прегледот да изгураме до 28ма недела после безбедни сме, ми се сруши светот, зар до толку е дојдена работата реков веќе готова да прснам од плачење.
    Треба ли да бројам денови, недели, премногу стрес ми створи и покрај овој до сега.
    Ми рече не се плаши, ќе следиме, не е толку лош цервиксот ама заради и што имам исцедок, целокупно се.

    А бебе е супер, си расте, 580гр, постелката е добра, нема хематом, точна дијагноза за исцедокот пак не добив само упат да испитам фактори на хемостаза, а ддимерите ми се добри, скриен шеќер требаше да правам оваа недела, ама рече лежи дома, не е итно тоа сега, понатаму здравје...

    Колку и да пробувам да не се нервирам, ќе излажам ако речам дека сум смирена, не сум, цела тема ја изначитав, читав се и за серклаж, матичната рече не верувам да има потреба од тоа, мада не се знаело.
    Од денес 23та недела, Господ нека е со нас, повеќе не сум паметна да кажам моментално.
     
    Последна измена: 23 декември 2020
    На Hahaha12345, jarec6 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.354
    Допаѓања:
    18.549
    Мене во 20та ми беше 24/25мм.
    Со терапија и мирување во 30та беше над 34мм.
    Од тогаш др ми дозволи и да се движам и се породив во 39та
    Мислам дека ти е касно за серклаж, ама со терапија и лежење се средува.
    Јас примив и 5 прогестерон депо инекции, по една неделно. Исцедок немав, само скратен цервикс.
     
    На дамјана, Nefertiti., dromka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Јас да ви ја кажам мојата приказна, не дека имам некое прашање туку да ми олесни, зошто мислам дека тешко на сопругот е периодов што мора да ме трпи. Близначка бременост 27+2, на редовен скрининг во 22 нед. на едното бебе му открија тешки срцеви аномалии. Од тој ден мојот живот се смени и ние сме практично секој втор ден на некакво мислење, консултација, преглед....Згора на тоа, плацента превија тоталис, со плацента вгнездена длабоко во рана од предходен царски рез. Ми викаат може да тргне породувањето во секое време, биди спремна на се, а ќе биде ризично, може да дојде до обилно крварење и дури и вадење на матка. Се боцкам клексани секој ден, постелката како швајцарско сирење. И тоа магичен круг, матичен, боцкање, па да ти ги види рез. некој од ГАК, пошо мојот матичен вика не смее он да препише клексани без специјалист, па после почнува потрагата по клексани по аптекиве. Вчера на ГАК една докторка ми кажа наредна нед. после празнициве да отидам да ми дадат зреење, ама кога и спомнав дека баш тогаш имам закажано во Систина со доктор консултација за да договарам пораѓај, ми рече епа таму нека ти дадат зреење. Матичниов мој е тотално незаинтересиран, мислам дека само сака да ме препраќа друг да ме гледа, ама касно ми е да го мењам сега. Земам добростон 2х1 од почеток на бременост, лежам интензивно до кај 3 саат, после доаѓа детето од градинка па со неа малце раздвижување, ама гледам да ги сведам игрите се на боење и цртање од кревет и се молам децава да не мрдаат уште неколку недели за да пораснат поголемки.
     
  9. Evy81

    Evy81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Немам вакво искуство, ама можам само да ти дадам совет да го скратиш тој дел со одење во ГАК за извештај за клексаните, очигледно треба да се боцкаш до крај штом имаш лакуни. И штом веќе во Систина ќе се пораѓаш само таму оди, да скратиш време во трчање кај матичниот и гак. Претпоставувам примаш и магнезиум, железо, ц, витамин д итн. Ти посакувам што повеќе да си пораснат бебињата, и се да помине најдобро :hug:
     
  10. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Да, пијам се од витамини,железо, Ц, Магнезиум премама, гледам да се хранам здраво зошто хемоглобинот е малце послаб ама валјда е тоа нормално зошто 2 бебиња си бараат повеќе. Искрено до сеа се растргнав од одење на повеќе места и слушање многу мислења кои само ствараат конфузија и незнаеш со кој што се договараш. Добив чувство дека буквално никој неќе да навлезе подетално во твојата ситуација, да ти посвети време и да се запознае со се. Сите некако проформа, колку да помине прегледот. Дури имав и ситуација еден доктор после 15 мин на ехо мери обем на глава, бутна коска, па нешто запишува... и никако да сфати дека се близнаци. Откако му кажав го фати малце незгодно па вика ај да почнеме од почеток да премериме се. Затоа решив, од сега веќе не идам нигде, ќе се залепам до Димчев во Систина и само со него ќе се консултирам.
     
    На eta, Осе, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mila_dea

    Mila_dea Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Здраво. Денес бев на преглед и минатата недела бидејќи имав кратко грло на матката и фанелинг морав на една недела. Денес ми кажа истата е состојбата од пред една недела...измери цервикс 1цм , и ми кажа мирување ,за две недели контрола ... ако има нешто порано. Би издржала ли со 1цм цервикс 2 недели? Возможно е ? :^)
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.025
    Допаѓања:
    176.831
    колку што разбрав едното бебе има срцева аномалија
    какви прогнози ти даваат за него?
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.025
    Допаѓања:
    176.831
    која недела си?
    возможно е ако лежиш нон стоп
    станување до вц само и тоа колку можеш намали го и многу кратко туширање со млака вода
     
    На dromka и Mila_dea им се допаѓа ова.
  14. Mila_dea

    Mila_dea Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    33 недела сум полна ,почнувам од утре 34 и минатата недела цела лежев ,само до вц...Е денес се измалтретирав со преглед ,со лабараторија,со чекање ...седев :/
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.025
    Допаѓања:
    176.831
    само излежи ги уште овие 2 недели и се ке биде ок
     
    На dromka и Mila_dea им се допаѓа ова.
  16. Mila_dea

    Mila_dea Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски

    Чул те Господ , фала за поддршка :inlove:
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Па сите ми викаат имај надеж, како е Господ...
    реалноста е дека најверојатно 3 операции + 2 пејсмејкери ќе се прават. Ама јас морам да се надевам на некое чудо
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.025
    Допаѓања:
    176.831
    Тоа е што е
    свесна си дека носиш плод со аномалија си решила да го раѓаш
    Со Господ на помош ке гледате да изгурате операциите па како е пишано така
     
  19. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    Добив инексии за зреење, децата 28+0 се 1000г и 1150г. Се молиме са изгураме повеќе затоа што ако тргнат ќе има сериозно крварење ради плацента превиа и ќе треба во ниедно време да се собира тим да ме оперира.
    Тоа е најдобро да се оди на договорено, ама сега ни е битно да добиеме што повеќе денови, недели... Ми рекоа вчера во најдобра варијанта уште 6 нед. да гурам ќе биде премија.
     
    На happygirl и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  20. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    За клексани мажот ти нека оди по извештај од трансфузиолог. И мене исто партал ми беше постелката, поради опасност како што велиш во секое време може да почне породувањето ние од внатрешноста во Скопје се преселивме за да бидеме поблиску до болницата. Не се плаши се ќе биде во ред.