1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Можно предвремено породување

Дискусија во 'Бременост' започната од zanusi, 7 октомври 2014.

  1. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Девојки во 31 недела цервиксот ми е измерен 42мм. Во 32 недела ради стврднувања во стомак те на лева те на десна страна па се јавив на доктор излезе 30мм. Дијагноза ми дадоа лажно раѓање пред 37 нед. Лежев еден ден ми ставија прогестерон , инекции против контракции зш на цтг покажало неш и инекции за зреење на плуќа кај бебе. Ме пуштија следниот ден со утрогестан вагинални да ставам 2 пати ×200, инекција прогестерон на 5 дена и магнезиум да пијам 2 пати по 400мг.
    Сега сум дома и сум мн идплашена стомакот пак ми се стврднува но за кратко се опушта и тоа се јавува повеќе пати во денот. Се плашам да не се случи нешто за предвреме а од друга страна нз дали да трчам пак на доктор во петокот ме пуштија дома а денес сме еве понеделник.Дали се ова тие брекстон хикс контракции од памет ме вади веќе Има ли некоја искуство со скратен цервикс а да си ја доноси бременоста бар до 37 недела? Прва бременост ми е досега се било во ред на сите прегледи и сум испаничена. Благодарам за споделените искуства.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tiny Love

    Tiny Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    3.977
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Некоја мајка која предвремено се породила во Систина ако може да ми каже колку се плаќа од ден за бебето во инкубатор?
     
  3. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Идни мамички да ве охрабрам со моето искуство. Во 31 недела поради крварење отидов на болница и ми е откриено скратено грло на матката од само 15 мм и контракции. Прекратко за таа недела, повеќето доктори од Битолската Болница беа со став да ме испратат Скопје, само еден доктор се нафати да ме лечи и сметаше дека мојот транспорт до Скопје е поголем ризик и би го забрзал пораѓајот. Една недела бев на терапија токолиза, примив 2 инекции дексаметазон за зреење на плуќата. Докторот ми даваше голема надеж дека ке стигнам до 34 недела која се смета за безбедна зона. Потоа ме пушти дома со терапија и строго мирување лежење, седнување и стоење никако. Капење еднаш неделно со млака вода во седната положба кратко време од 5 мин. Станување само за до вц и јадење во полулегната положба. Постојано бев во контакт со докторот и строго ги почитував препораките. 34 недела ја стигнавме и бременоста продолжи, стигнав до 36 недела и бев за брис кај матичната док. и објаснување зошто никогаш не ми го мереше грлото на матката. Резултатите од брисот негативен. Наредниот ден на преглед кај истиот специјалист што ме лечеше претходно, бебето спуштено доста грлото скоро да го нема и повторно препорака за строго мирување и да стигниме барем до 37 недела. Наредните денови осеќав стврдувања на стомакот и некои минимални болки. Закажан преглед во 37 недела и 2 дена, на цтг покажува големи контракции, докторот ми рече абе дојде на преглед или да раѓаш, јас збунета не осеќам никакви болки, на вагинален преглед 5 см отвореност. Докторот одлучи да ме задржи и да ја следи ситуацијата, ми приклучија инфузија со провокација, јас болки пак не осеќам, по неколку часа провокација во вена и во 15ч. ми го пукна водењакот, по само 10 мин јас добив некои болки и за кратко веќе добив еден напон со кој главчето на бебето подизлезе, наредниот напон веќе бев на бокс и се роди мојот Матео со 2720гр , 49 см и што е најбитно самиот дишеше и немаше никаков здравствен проблем, со апгат 8/9. Јас бев пресреќна исто и мојот доктор - мојот херој, кој ми го спаси бебенцето од предвремен пораѓај. Секогаш имајте верба и надеж, понекогаш и невозможното се случува. Јас со сите прогнози дека најповеќе можам да стигнам до 34 недела стигнав до 37 недела и 2 дена. ☺
     
    Последна измена: 29 октомври 2021
    На AlchinovaR1979, Asja, Forbidden и 25 други им се допаѓа ова.
  4. TanyaClover

    TanyaClover Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Честитки, нека е жив и здрав:l:
     
  5. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
     
  6. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Честитки да е жив и здрав мило ми е што бебенцето и вие сте добро
     
    На Karmina1989 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
     
  8. MyEva

    MyEva Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Мислам од 250 до 500 евра од ден зависно од тоа каков третман е потребен
     
  9. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    20,21ва недела болки во стомак. 21ва недела измерен 28мм цервикс, после 4 дена 19мм. Направен веднаш серклаж. Од кревет не сум станата, до тоалет што одам. Од терапија утрогестан 2х1,магнезиум 2х400мг,витамините премама.
    Од вчера сум на клексани, испитав д димери 2500 ми се, хемостазата е во ред.
    Некои ве читам за прогестерон инјекции, никој не ми рече за такво нешто. Ја прашав матичната се огради со тоа дека,, чим не ти дала докторката на болница изгледа не треба,,.
    Малата за некој месец ќе полне 3 години, сега е со бабите, ама многу ми е страв дека нема да износам плод до 30та... Со плодот на ехо е се во ред. Сега сум 22+4.
     
  10. teddy85

    teddy85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Јас ги примав цела бременост на 4 дена плус другата иста терапија како твојата со иста должина на грлото и серклаж
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.803
    Допаѓања:
    17.899
    Јас примив 5 инекции прогестерон депо, една на 7 дена. Од 22ра до 27ма недела.
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Зошто да не износиш! Имаш подршка со серклажот, подршка утрогестан, со лежење и до крај ќе истераш. Само позитивна мисла, лежи и одмарај. Јас исто лежам со цервикс 28-29мм сум а сум 23та недела. Немам серклаж, одам секоја недела на контроли, си лежам, напорно е ама ќе се издржи:) Ќе издржиме до крај:hug:
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Да не ми е во мисла и пишав на докторката дали има потреба од прогестерон инјекции, ми рече само утрогестан и магнезиум.
     
    На Nikki12123 и teddy85 им се допаѓа ова.
  14. teddy85

    teddy85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Само лежење и добра мисла и се ќе биде во ред:hug:
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Мораме така. И стравот у пети.
     
  16. teddy85

    teddy85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2019
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Strav nikako.Ke bide dobro.Samo molitva i verba.Ova od iskustvo:hug:
     
    На Karmina1989, TanyaClover, dipsidipsidipsi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Фала ти на подршката. :angel:
     
    На teddy85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Јас сум 34+2, пред околу една недела ми се појавија слаби болки при движење на левата страна во препоните, но последните 3 дена болките станаа неподносливи што дури имам проблеми при движење. Денеска бев на коннтрола, докторката ме прегледа бебето се развива супер, но ми кажа дека цервиксот ми е скратен и дека сум отворена есен прст. Ми ставија инекција прогестерон, ми направија цтг на кое покажа мала активност, и се одлучија да ми стават инекција за зреење на плуќа, денеска една и утре една, и ми закажа повторна контрола во четврток. За болките ми кажа дека бебето натежнува на таа страна и притиска на нерв, и бидејќи сум послаба телото ми реагира. Но кога завршив со контролата и си дојдов дома не мозев воопшто да се движам без помош од сопругот. Ме фати пљника докторката не ми е тука до четврток, утре ке биде само сестрата за да ми ја стави втората инекција за зреење на плиќа. Многу се плашам, барем усте некоја недела да издржам, дали некоја од вас имала вакво слично искуство да ми даде охрабрување. Мирувам цело време освен едвај движење со помош до тоалет и назад.
     
  19. Ivancula123

    Ivancula123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Jas vo 31 nedela imav kontrakcii i bev 2 prsta otvorena. Maticniot me prati na gak da ragam i tamu primav infuzii edna nedela pa na patoloska bez terapija lezev zaradi kontrakciite i se poroduv 36ta nedela i mnoooogu bavno se otvarav
     
    На tina2018 и BoNaNa123 им се допаѓа ова.
  20. BoNaNa123

    BoNaNa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски







    Добро е што се поминало во ред. Јас не ги ни чувствувам контракциите, за време на црг бебето бесе доста активно па си мислам да не е од тоа што покажа мала активност. Многу ме загриживаат болките во левата страна на препоните, воопшто не можам да мрднам со левата нога ниту да се движам, барем до тоалет да можам да одам самостојно