Дечки, 31+1 сум, со близначка бременост, од 25та недела лежам со скратен цервикс 1.8cm. Во 30та недела промов две инекции за зреење. Одам на преглед кај Марија Хиросовска во Плодност, докторката е супер, ме опушта, ми вика само да мирувам и ќе биде добро. По нејзина препорака вчера бев кај еден друг доктор во местово на живеење, за секој случај да го провери доплерот на едниот близнак. Се е во ред со бебињата, освен што ги мери малку помали отколку што беа пред една недела. Е сега за цервиксот ми направи малце страв, ужасно бил краток и дека можам да се породам во секое време. Малце паника ми створи. Давајте утеха како да се истераат барем уште 3 недели... за една недела пак сум кај мојата докторка. Денес дали од мисла, ко да имам тапа болка во половината...
Строго лежење станување само за вц пијање магнезиум, вагинално користење на утрогестан и ферона капсули биле за скратен цервикс од ремедика ги препорачувале да се пијат и мислам ефикасни дека биле некоја членка сигурно и други совети ќе ти кажи со лесно.
Фала ти. Да, пијам утрогестан 2×1 (во подоцнежна бременост препорачуваат да се пие за да не се направи инфекција), магнезиум 2×1, и Б6 2×1 од 25та недела наваму. Само докторов многу строг, и скептик беше и ми створи паника. Чекам само во 34та да влезам за да можат да ме породат во Плодност... инаку ќе мора на клиника во Скопје, а далеку е, ќе треба прво во локалната болница, па да се оди за Скопје...
За предвремено родени бебиња на клинички најспремни се мислам една моја пријателка предвреме се роди бебето уште во 7 месец и многу беше задоволна од клинички мислам за таму и препорачаја дека биле најспремни види за ферона капсули прашај некој доктор од ремедика ги препорачувале некоја членка пишеше дека од нив и се зголемил цервиксот.
Јас ги почнав Ферона од денеска , ке ви кажам дали делуваат. Инаку и јас слушнав од нив од форумот. Ја прашав матичната ми рече пробај. Тоа се витамини исто нема штета, дај боже да ни помогнат на сите што ја имаме истата мака.
Мајка од срце ти посакувам да си ја износиш бременоста до крај...јас бев со скратен цервикс и со плацента превиа...лежев 3 недели на интензивна на ГАК ,можам да ти кажам дека се врвни професионалцо сите до еден...се породув во 32 + 5...бебето ми се роди 1344 г...лежеше 27 дена во инкубатор ,сега еве ја се гупкаме ,женска права ...инаку се породив заради ниска постелка пред време ,не заради скратениот цервикс...појди си на ГАК во Скопје , ќе ти кажат најдобро и да треба да лежиш ,ем бесплатно ,ем врвно...во приватните ни ги собраа парите
Фала ти многу за поддршката мила. Ти од Скопје си? Договорено беше тогаш да се породиш или дојде до итност? Јас треба да патувам од Охрид за било каде и не можам да ги предвидам работите. Еден доктор во Охрид што ме гледаше ми рече дека ако почнам да осеќам било што невообичаено, прво да се обратам во болница во Охрид, па тие би го организирале транспортот (породена или не) за на клиника во Скопје...
Не сум од Скопје...отидов итно таму заради крварење и ме задржаа ,инаку си отидов со сопствен превоз...и среќа што отидов па бев под постојан надзор 3 недели...значи секаква грижа имав дури и ми нудеа психолог да повикаат иако немав потреба ,од доктор ,сестра ,билничари сите беа врвни професионалци...а инаку се породив итно ,на ЦТГ покажа тахикардија кај бебето и веднаш ме однесоа во сала...среќа што бев таму
Еве јас пиам ферона 2х1 зошто сум со абдоминален серклаж и грлото ми е супер сега влегов во 36 и не го мериме веќе. Покрај феронатА пиам и магнезиум сабајле и вечер по 400 мг од директ и на ручек 250 мг апче магнезиум, но спа апчиња за грчеви 3х1 а во нив има магнезиум исто мала количина. Се е по препорака на доктор бидејќи бев со лажни контракции на цтг уште 32 недела, и се покажа мн добро сега имам мирни цтг. Прашај си пак ама и ферона и магнезиум посебно нема гајле.
Овие но спа ми ги дадоа и мене да ги пијам 3 х2 , Ме искина желудник имам дијареа од нив. Ги пијам више 3 дена. Се мислам да ја прашам докторката да ми намали доза. И незнам дали се како терапија пијам една кутија и толку, или постојано треба да ги пијам ? Ти колку време ги пиеш? Дали ти сметаат на желудникот ?
Јас само од нив кога ги пиев немав дијареа, ама сега со појачаната доза магнезиум неможам се управам, докторката вика е ако де бар не напињаш немало гајле . А на желудник не сум приметила проблем. Претходно пиев една недела па пауза и по потреба, исто можев и по две наеднаш, а сега од 33 недела без прекин сум, нон стоп ги пиам. Која недела си и заради грчеви? мене уште на втор скрининг ми ги даде е така по потреба да ги пиам.
Ја сум 24 недела.Имав некакви болки незнам дали беа грчеви контракции ... Чудно чувство како да ми се тегне матката.. Имам скратен цервикс , фанелинг и слаџ, пиев и сумамед да се исчисти слаџот па да ми направат серклаж. Сега во вторник сум на контрола. Во меѓувреме сум на строго леженје и утрогестан, магнезиум, ферона, витамините шо си ги пиев дека сум со генетска мутација плус клексани ... Што друго да кажам пијам све што ми дадат и се молам господ да не дочува барем прво да влезам еднаш у 28 недела , па за натака здравје....
Па туку речи и јас истото и витамини и клексани и утрогестани уште пред трансфер со ивф сум. Пиј си го нема штета од нив мене ми помагаат барем за грчеви. Само со лежење и ќе истераш После флостерон ќе примиш да бидеш по безбедна, јас и нив ги примив и еве сме 36 влеговме @Ena0310
Се надевам ке биде се во ред , вака кога читам позитивни искуства се охрабрувам многу, фала ти ми треба тоа у овие моменти премногу <3
Јас сум 32 недела со 30 цервикс...не знам дали има место за паника??Инаку синко е напред за две недели со килажа и должина..
Не е за паника ама пази си се одмарај повеќе и не работи не дигај. Прашај ферона да пиеш за грлото се добри. Јас сум цела бременост 3,5-3 цм ради конизација ама со одмарање не се скрати повеќе. ❤️
Да ве прашам..пие некоја од вас диазепам од 2 мг? Ме фаќа страшна нервоза, чешање и с’клет околу 2 по полноќ..синоќа мислев ќе полудам и се напив..денеска и стомакот ми е порелаксиран..