Совет за мирување имам и од претходно, но никогаш не ми рекле станување само за до вц и сл., туку да не кревам тешко, да се напрегам...Ти која недела си и колку ти е цервиксот?
Мене од 21ва почна да ми се крати ама имам плус слаџ и фанелинг. Беше 3, па 2.5 , сега ми е 1.5 и сум 28ма недела. Јас станувам само за до вц. Така да мое мислење е да си лежиш колку што можеш повише, боље да се спречи него...
ете таман ке речеш си влегол во 4ти месец и ризикот од абортус е намален и можеш слободно можеш сите да кажеш за бременоста животот те убедува во спротивното, некако се помирив со хематом от во 9та недела и дека не е страшен и скоро ми се ресорбираше до 18 недела се убаво си тераше и наеднаш во 18та на 3 пати ме фатија јаки болки во јајниците и се исплашив читав на нет матката се ширела лигаментите се истегнувале и денеска отидов на доктор ме прегледа вагинално рече цервиксот е омекнат и овие изрази PVU sakralizirano OUE vlosivo za vrv od prst и викам да не е цервиксот скратен рече рано е за мерење а јас денеска сум 18+6 за 13 дена имам скрининг и останува да се молам на бог да не е скратен, иначе бебето е добро ми рече да одмарам но не рече строго терапија и спиење на страна со перница под гас и никако односи јас на работа не одам но ме фати голем страв ова ми е втора бременост првата го изгубив бебето а сега гледам во 2 тромесечие пак има ризик за абортус и пак не можам да се пофалам дека сум трудна ни да купам нешто за бебе денеска од што ме гледаше вагинално мислам уште ме боли и ми рече не сум била отворена. башка во извештајот пишува ако пукне водењак одма да се јави па тоа е крај само по себе што ако се јавам некоја со слично искуство?
Моја препорака е ако имаш можност да појдеш на друго мислење. Ако е омекнато грлото треба мирување и некоја терапија (прогестерон депо, дабтостон, утрогестан). Ако е омекнато ради инфекција и антибиотик. Не е точно дека е рано за мерење цервикс. Мене овој пат ми го измерија уште на прв скрининг за секој случај. Јас лани имав спонтан во 16та недела. И тоа спонтан со пукање водењак. Значи во право си дека ако пукне толку рано, на лекар тешко да можат нешто да направат. Не сум стручна и не сум доктор но од толку читање за ова, јас не би оставила така. Би побарала брисеви уште еднаш да ми земат, да ми измерат цервикс и ако е омекнато грло или скратен цервиксот да бараме решение за понатака. Држам среќа се да биде во ред.
ми рече на контрола за 1 недела ке одам секако пијам добростон од 7ма недела денеска почнав и магнезиум ке одмарам оваа недела јас имам 2 скрининг за 13 дена јас и на првиот во 12 недела сакав да ми го измерат рано било секако ако ме фати уште еден јак грч одам кај друг доктор ( се надевам нема) секој месец правам уринокултура чиста е сите брисеви до сеа чисти едино ми се смени вагиналниот исцедок од густ бел цело време сега 2-3 недели ми е прозирен и воденикав.
Здраво мамички. Молам за ваше искуство. Во 26 недела докторката ми кажа дека цервиксот ми е скратен 25 мм и на ехо виде бела течност Sludge. Ми даде антибиотик, магнезиум 2*400 и утрогестан 2*200. Ми кажа строго мирување и лежење. Ве молам да споделите ваши искуства?
Зборев за ова прелистај назад по темата. Исто и јас цервикс 2.5 од 21 недела сум на строго мирување.Се доскрати грлото до 1.5цм. Од терапија пиев магнезиум 3 пати на ден утрогестан 2 пати и Ферона капсули. За слаџот мене ми дадоа сумамед по 1 грам 7 дена. Еве ме више 33 недела. Више не го ни мерат цервиксот. Значи не сум станала од кревет 12 недели. Само за јадење и за вц. Тешко е ама се издржува. Ако те интересира нешто слободно пиши ми порака ќе ти објаснам. Само мирувај си и не се грижи, све ќе биде океј
Ти благодарам на одговорот. И јас сум во кревет цело време лежам, освен до вц, јадење и брзински бањање . Се надевам ќе биде добро. Мене Сумамед од 500 ми дадоа 6*1. Ги испив и бев на контрола ми кажаа дека слаџот го нема, за една недела сум на контрола па ќе видам и цервиксот како ќе биде. Нека биде исто само да не оди надоле Со лесно нека ти е, па на време да си ги родиме бебињата
22 nedela. Ckraten cerviks na 20mm. Custvuvam kako pritisok nisko vo stomakot. Povremeno imam i bockajna kako so noz ednas levo ednas desno, nad papokot. Se jajviv vcera na matocnata mi kaza odmaraj zemaj magnezium. Jas sekako odmaram celo vreme lezam. Ke ja baram denes povtorno mora da me primi. Ke me ubie psihata
Лежи со перница под гз колку можеш,и не туку шетај по доктори, што е тоа е .. пиј си терапија (магнезиум,утрогестан,Ферона капсули,може и прогестерон депо) зависи што ти дале) Не се стресирај само, јас исто од 22 сум со скратен цервикс беше 2.5 па 1.5 . Више сум 33 недела.. не мрднав од кревет ама успеав, без серклаж, со слаџови, вклинување во матка и што ти уште не. Значи се издржува само одмарај си и смирено
Здраво мамички повторно јас , Пред 3 недели ми утврдија скратен цервикс од 25 мм, еве веќе трета недела ми е исто 25 мм но денес докторот ми кажа дека и малку ми е омекнато грлото на матката и ми даде инекции за зреење на плуќа за секој случај. Ваши искуства со омекнато грло и инекции за зреење?
Koja nedela si? Stom primas inekcii za zreenje, znaci doktorite ne rizikuvaat i ne treba da se plasis.
Slusaj gi doktorite, miruvaj i stanuvaj samo za vo toalet. Jadenje vo krevet i toa e, so Gospod napred ke si bide se vo red.
Фала ти, така и правам само за до тоалет станувам, повеќето од јадењата ми се во кревет, Господ е голем
Успешно ја одбегнувам темава 30 полни недели. Синко роден 34+1, ама на ова ко да му се брза или ко да го избрзав јас со вирусов. 2 недели сум со вирус горнореспираторен и сега суво кашлам многу, многу. Ме сече стомак ужасно. Едвај чекам да раздени да одам на доктор. На работа имам и неколку незавршени работи што сакав оваа недела да ги завршам, па ако имам некој саат од сабајле да ги завршам, супер, ако не, ќе го завршуваат колегите, тоа е, не е до мене се. Се надевам дека ми е само паника. Синоќа на гаќи приметив исцедок, како да сум се подмочала, си мислев може па и стварно сум се подмочала оти многу испив течности, ама заспав, и од сон станав ко мокра, отидов до вц значи без кашлање и од мирување пак локва. Се пошандрцав. Времево никако не проаѓа, да мрдне макар малку, да појдам да ме види доктор на ехо или пак ако ме прати во државна да одам да видиме што е. Многу ама премногу сум исплашена, мислам дека не е од паника туку ме наболува веќе и стомак, не она кај што ме болеше од кашлица туку цел стомак некако и бебе ми е вознемирено, осеќам веќе неколку дена. Само се да е во ред, само да стигнам на време до добра медицинска нега и со Господ напред да бидеме добри. Мене ми е термин на 9ти јануари, значи јас на 9ти декември би влегла во 9ти, отприлика по месеци, дали тоа значи ако бебе е во инкубатор дека до 9ти декември ќе треба да седи или ако е подобро и порано би го извадиле?
Здраво женски.. денеска ја примив втората инексија за зреење на белите дробови кај бебето.. од денес сум 33 недела и 1 ден.. докторката ми кажа барем 14 тина дена да издржам до 35 недела некаде.. ми рече дека со ова за ден два нема да има проблем бебето самостално ќе си диши ако во случај се породам пред време.. примам и утогестан 3 пати и дабростон 2 пати и магнезиум 3 по 500 мг.. без нагли движења без нагли станувања од кревет периодов кревање никако.. постелка има пишано втор степен.. али бебе е многу многу долу слезено и многу ме наболува при одење или кога се вртам во кревет од една на друга страна.. направивме и брисеви.. сега да се молиме да почека уште малку.. стравот е голем ама господ да е со нас сите..
Здраво женска.. сега пишав пост под твојот. Јас во 9ти месец влегувам на 22 ноември до 22 декември последен термин. На доктор во плодност и во бугарија каде што одев и кај матичната дете понапредно за две недели и сите ми потврдија дека ќе биди порано оти е веќе многу долу слезено.. ми дадоја терапија и ја примам плус примив и инексии за зреење и ми рекоја дека нема да има никаква потреба од инкубатор после инексијата.. само колку што можиме да издржиме барем уште две недели до 35.. Прашај си убаво кај матичниот за овие инексии биле многу добри..нека те прегледа одма и со господ напред да издржиме сите..