Да ама со 33гн и бебе понапредно е друго, моето е 30+4 и не е нешто напредно. Да е ниско да лежам, ама со водењак ако е пукнат тоа е тоа. Тешко дека ќе издржам до 35та.
Нема правило кое бебе колку ќе седи во инкубатор, и не мора да значи дека течноста ти е од водењакот, може од што кашлаш притиска на бешика па од таму протекува. Немој да паничиш и да се стресуваш. Види прашај си за инекциите за зреење на плуќа што ќе ти каже матичната. Јас сум 29+3 па вчера ја примив втората инекција зошто сум со скратен цервикс и малку омекнато грло на матка. Пиши после кога ќе завршиш со преглед и не се секирај се ќе си биде добро.
Бев, од кашлицата ми е. Толку ме боли стомакот што ми сметаат тренерките и ластикот, воспалени ми се мускулите и лигаментите. Ама бебе е добро, се е добро.
Супер штом бебуш е добро, нормално е од кашлицата да болат мускулите. Уживај мамичка и одмарај колку можеш Блиску сме ние, јас сум 29+3
Мило ми е Ќе издржиш до 9ти сигурна сум. Ако бебе порано реши да излегува бар после 34та нека излегува ,кажи му Ве гушкам
Здраво. Ќе пишам тука затоа што некако не сум мирна, може има слично искуство. Цело време цервиксот ми беше топ, околу 5, во 23 недела матичната ми измери вагинално 4.7, и тоа вечерта околу 18 часот, а во 24 недела специјалист што ми ја води бременоста (близначка) измери 3.7 абдоминално, рано сабајлето. Дали има шанси толку многу да се скратил за само една недела или може погрешни да се мерењата? Знам дека 3.7 за таа недела си е во ред, др не ми даде никаква терапија, ама ова нагло кратење многу многу ме загрижува. Плус деновиве сум со страшни болки во стомак и долу скроз ниско и се заедно некако лошо ми изгледа.
Мене еднаш на вечер во 12 на полноќ вагинално ми го измерија 2.5 па другиот ден абдоменално 3.5 и 3.8 на полна бешика па после една недела абдоменално на полна бешика 3 па после две недели абдомебално на полна бешика 3.5 јас мислам дека многу е важно ако е абдоменално дали е на празна или на полна бешика матичниот само на полна бешика абдоменално сака да мери и дека абдоменално помалу е прецизно помалу да покажува него вагинално и дали е насабајле или навечер е битно и тоа и секој доктор различно мери уште се чудам како ми измерија на болница 2.5 од памет ме истадоја готово тогаш си реков предвреме ќе се породам од тогаш помина месец и нешто и јас имам и вагинални болки и менструални и контракции а сум 32 недела и пијам дабростон и магнезиум два пати во денот.
Вагинално мислам дека е по прецизно, дека во прашање е близначка бременост на следен преглед да прашате за терапија дали треба или не, а за болките како што напредува бременоста така повеќе ќе притиска и се создаваат болки, земајте магнезиум и колку може повеќе мирување.
Да, ќе побарам на следен преглед пак вагинално да ми измерат и да ми кажат дали има потреба од терапија, од 16та недела наваму ми кажаа да ја прекинам прогестеронската поддршка затоа што се беше во ред. А магнезиум појачав од денес, сабајле пијам магнетранс од 400, навечер магнезиум цитрат од 200, па ќе видиме.
Не се секирај сигурно вагиналното е точно, ќе ти измери на следен преглед и ќе си бидеш мирна, во секој случај и 3.7 да е што не верувам, за таа гестациска недела и близначка бременост пак нема простор за паника. Продолжи со магнезиум и мирување колку што можеш повеќе и на следната контрола во зависност од должината на цервиксот гинекологот ќе утврди дали треба да продолжиш со прогестеронска терапија или не. Нормално е да се грижиш ама гледај колку што можеш помалку да си правиш стрес Уживај си
Вака еден совет што не мора да го прифатиш мојот матичен е строго против вагинално мерење на цервикс можел да се отвори од чепкање долу, оди на следен преглед со полна бешика и нека ти го измери абдоменално и ако е во ред нека не те чепка вагинално долу во меѓувреме мирувај пијај магнезиум можеш и до 1 грам јас некогаш 800 некогаш ко ќе имам контракции и 1000 во денот ми се фаќа да пијам ова е само мое мислење ти како сакаш.
Не е точно дека може да се отвори цервиксот со вагинално мерење. На секои 2 недели ми го мереа,вагинално-попрецизно од абдоменално и цело време одеше нагоре цервиксот,ниту еднаш не се намали.
Знам дека е попрецизно вагиналното но така ми има кажано матичниот и тој има таква пракса ако е во ред на абдоменално да не се чепка долу кој како сака јас само мислење споделив од доктор.
Ти благодарам. Инаку двете мерења ми беа на празна бешика, имам мака и со бубрезите и не можам да издржам ни минута кога ќе ми се прииде, па за да не трчам по болниците отидов со празна бешика.
Абе секако дека колку помалку се чепка вагинално толку подобро, но за да си биде раат мајката нека и измерат сега вагинално и штом си е во ред нема потреба секој преглед да се мери. Ќе си мирува колку што може повеќе, магнезиум ќе зема... А доколку гинекологот утврди дека има потреба може пак ќе и ја врати прогестеронска терапија. Секако ова е мое мислење што не мора да биде земено во предвид
34+6 недела, отворена 2цм.. Докторката ми препорача само да лежам… Дали има некоја што била во слична ситуација како мојата?
Dali nekoja se soocila so menstrualni bolki vo 28 nedela I dali toa e normalno? Skoro cela vecer imav isto kako menstualni bolki dolu pod stomakot, mnogu mi e strav, utre sum na pregled