Истово ми се случи и мене синоќа и иста недела сум. Обично кога добивав само левиот јајник ме болеше, така сега цела вечер ми беше и немам око склопено. Пишав во труднички муабети мислев се работи за лигаменти ама веќе не сум сигурна. Пиши што ќе ти речат утре
Има јас од 33 г н отворена 2 см знаеш кога родив??? 42гн 16 дена над термин исто родив и у 33гн а не бев ич отворена без ни една болка така да нема правила ти само одмарај и нека ти стават за зреење на плуќа инекција за сигурност
Здраво девојки, 30гн цервикс 36мм, денес 32+5гн на случаен преглед цервиксот 30.5мм. Ме стави докторот на ваг.утрогестан и рече мирување. Дали има место за паника и дали да примам инекции за зреење? Фала
Ќе ти спомнеле ако требаше, јас сум иста ситуација само скоро 3 недели помалце па не ми кажаа за инекции, само лежење и утрогестан и од матична и од државна. Мислам дека е твојот најнормален и според мерки на интернет од 32 недела се смалува, па нормално е да е од 35-30мм.
Мое мислење нема место за паника. Нормално е да се крати цервикс во тие недели, а и не е воопшто мал. Опасно е под 2.5 цм пред 28ма недела. За зреење незнам, ќе си го слушаш докторот. Одмарај повише и примај терапија што ти дале, ама со една нога си во сигурна зона не се плаши...
Не е ни многу скратен цервиксот за таа гестациска недела, мирувај, ставај наутро и навечер вагиналети и магнезиум пиј. Во однос на инекциите доколку требало би ти кажал докторот, обично до 34 г.н. ги ставаат. Доколку плодот одговара на г.н. и си се развива нормално нема потреба од инекции за зреење. Не се секирај со мирување и терапија до крај стигнуваат.
27ма недела сум и денес на преглед видоа фанелинг. Не ми кажаа колку е, во извештајот пишува мал фанелинг само. Грлото е добро , со серклаж сум и е 37мм, држи конецот. Ми дадоа сумамед 6 дена и на 5ти на контрола. Некоја со слично искуство да ме утеши? На строго мирување сум. Не знам како да лежам искрено, на грб, со перница под газ? Смеам на страна со трудничка перница? Се надевам бар до 34та да издржам ...
Јас бев минатата бременост со фанелинг 1 см и скратено грло во 27ма одприлика. Примав зреење, строго лежење со перниче под задник, станував до вц и за туш. Издржав до 37+5 и се породив. Слушај совети и ќе издржиш конецот добро ти држи
Дај боже да издржам толку и јас. Многу се разочарав. Пред една недела кога бев се беше супер, и дека влагам во 7ми и се опуштив малце и сега главава од ѕид ми иде да си ја мавам. Не дека којзнае што правев ама не бев толку внимателна ко претходно. Се надевам и антибиотокот ќе делува и ќе биде подобро. Фала ти на одговорот
И јас бев така при крајот на 27 недела, без антибиотик се затвори фанелингот сега пак има мал со образложение дека бебето бутка со главата не било инфекција, што не ми е реално ама ајде. Јас сум без серклаж и наеднаш кратење на цервикс од 40 на 31мм. Од кога дознав со многу страв бев и само лежев, дури пазев и во кревет да не се преместувам многу, само за до вц станував и туширање од 5 минути, а перница под задник не ставав толку често еднаш два пати неделно со сила зошто не можев да се наместам да ми е удобно. Инаку од 15 недела до сега сум со трудничка перница на страна лежам и иако се препорачува повеќе лева, мене ми е поудобно на десна и полесно дишам. Сега сум 34 недела, цервиксот е ист 30мм и веќе почнав да се опуштам по дома, да си земам сама за јадење, да згреам, да си се избањам на раат, еве за нова година да поседам со семејството, па и секој преглед чекам седечки од пола саат до два саати зависи кај кого сум. Едвај чекам 36 недела сега таа е целта, па и да можам скрос да се опуштам физички и да не зависам од никој и психички. Затоа знам дека може имаш паника, ама поголема паничарка од мене нема, па еве поминаа 7 недели стигнав до таа 34 недела што мислев дека е со векови далеку, а реално ти си и со подобри услови со серклаж и покриена со терапија, така да само позитивно
Кај мене не е потврдено дали е инфекција, бар не ми кажаа имаш инфекција, ама сепак ми дадоа сумамед. Многу се надевам да издржам што е можно повеќе. Фала ти многу за споделеното искуство. Да си влезеш и во 37ма дај боже и да си родиш живо и здраво бебенце ти посакувам
Јас лично немав фанелинг но што читам низ форумов многу трудници со мирување ја истерале до крајот бременоста. Немој само да си правиш стресови, само позитивна мисла и се ќе биде во ред. Ако ти е за утеха јас бев со скратен цервикс од 25 мм од 26 недела имав и слаџ, со строго мирување и терапија цервиксот остана 25 мм а од сумамедот се повлече слаџот, а мене мораа да ме породат во 31 недела затоа што при контрола се утврди дека немам доволно проток на крв преку папочната врвца си имав јас проблеми со крвта цела бременост, но фала му на Господ бебе е добро, беше во инкубатор одредено време но сега си е дома си се гушкаме Само позитивна мисла и почитување на терапијата се ќе си биде добро.
Фала ти многу за искуството споделено. Да ти е живо и здраво бебчето. Се надевам ќе издржам и јас што е можно повеќе со терапијата и со мирување
Дечки во однос на скратениот цервикс, немојте да се секирате, но да бидете дисциплинирани. Јас од 25та недела лежев со цервикс од 1.6цм, по две недели ми стана 1.8, со близначка бременост. Лежев, до тоалет и до кујна само станувсв. Ама пиев мн вода (ми се пиеше) и нонстоп дежурав во тоалет, плус и опстипација имав, мислев ќе се породам од напон. До 34+2 недела истерав (дека близначка, а јас сум ниска). Примив зреење во 30та и во 32 недела, се беше во ред на пораѓај, иако мн мали се родија, ни инкубатор ни ништо, за 4 дена не пуштија. Само дисциплина, лежење, пиење превентивна терапија ( утрогестсн, магнезиум...) и супер ќе биде
Нели болки ноќеска. Денес скратен цервикс. 33+3, 2цм цервикс. Матичната повторно во паники. Итно инекции за зреење на плодот, плус да размислам следните денови кој доктор сакам да ме породи и да се префрлам на болничко следење. Засега вагиналети плус строго лежење следните денови. Демек прво 34+ да издржиме, па да целиме кон 36+.
Kakvi bolki imase i kolku vreme traeja? Prethodno si imala ili sega prv pat? I jas sum 33 nedela imam nekoi kako grcevi no si gi smetam kako lazni kontrakcii
Јаки болки во половината, во стомакот, не. Некаде од околу 3 часот, до 7 наутро повремено. На цтг покажа и слаби контракции, јас не сеќавам болка. Плус претходните денови болки во препоните.
Јас лежев на грб со подигната карлица или со перници под задник. На страна без перници. Колку магнезиум примаш? Ти зголемија ли доза? Одмарај и се ќе биде во ред.