Засега едно само Магнезиум директ 375 бидејќи реално немав ни потреба, ни болки. Многу ретко две. За магнезиум не ни ми спомена воопшто. Секако ќе земам земам барем две. Инаку за сигурност ми даде Утрогестан орално 2*1 и вагинално Макмирор комплекс.
Мене докторката ми кажа да лежам како ми е удобно. На страна кога лежам го потпирам стомакот на трудничка перница а на грб кога лежам ставам некогаш перници под газ, некогаш под нозете за нив да ги подигнам, ми рекоа и тоа било добро.
Еј па ќе издржиш до 34, уште три дена. Ќе бидеш и со инекции па и да излезе порано од 37 ќе биде во ред како што читам искуства. Ем бебето е поголемко ем покриено со инекции за да си дише само. На фб во група пред некој ден читав со уште помал цервикс до 39 терале, не мора да значи одма најлошо. И јас со болки бев и без спиење, само мене напред ми беа во лев јајник, ретко десен. За лежење со перница имам пишано, ретко лежев, не е удобно ич. На голема перница задник качен и некогаш нозе во вис на зид потпрени. Ама веќе прекинав не можев грбот ме болеше. Прави како што ти кажале и помалку секирации. Лежи и само лежи. Срам не срам јас 10 дена ја немав миено косата, само туш и бегав. Пиј 2 магнезиума, намалува грчење на матката плус ќе одиш полесно во тоалет за да не напнуваш таму плус. Најбитно е да не се прави плус притисок доле.
Прочитана цела тема, нели си барам занимација. Бидејќи сум скоро 34та полна недела, Ферона капсули нема потреба да барам? Или би било добро да земам и тоа? Бебе нешто над 2кг. Макар што кај различни доктори различни мерки добиваме. Цел засега до 36+ да издржиме ама и да е порано не очекувам некои проблеми освен нели помала тежина. Инекции за зреење примени, 2 дози. Бебе мирно денес, цтг нема контракции.
Јас мислам немаш веќе потреба од ферона. Супер недела си, имаш примено зреење а и за неделата супер тежина има бебче. Јас ги пијам ферона ама уште од 18 недела, после серклажот ми ги дадоа. Ептен ако ти е на мисла а те носи пат накај ремедика земи едно пакетче ама мислам и без тоа ќе поминеш. Уште 2 недели, бргу ќе поминат
Девојки, вие што се со лежење подолго време. Болки во грб до кој степен се нормални? Веќе неколку денови лежам поголем дел од времето, освен нели за Вц, брз туш, храна, преглед што да речеме не ми се собира ни повеќе од еден час во денот настрана од лежењето. Е сега повремено имам како притисок во половината и рбетот. Не е јака болка, па си препишувам дека е веројатно што од тоа преголема активност, преку ноќ преминав на лежење.
Јас почесто менувам пози на грб на страна. Кога сум на грб со перница под газ ја мрдам малку погоре па подоле па ја тргам. Кога ќе ги поминам сите пози поминал денот а кога станувам за тоалет обавезно ме масираат малку ( повеќе ме боли од што ми помага ама пустиот сака да помогне). Мене повеќе ми прави проблем дишењето како да ме притискаат плешките на белите дробови и неможам воздух да земам.
И јас се приклучувам во групата трудници на строго мирување. Еве денес една недела помина како лежам.. Инаку, сега сум 30+3 со скратено грло од 17мм + фанелинг. Наеднаш, како се да ми се смени преку ноќ. Неочекувано, непланирано и доста стресно. Примени две дози флостерон, терапија утрогестан вагинално, ферона, магнезиум и згора на се клексани.. Сите ми кажаа последново тромесечие да ја уживам бременоста, ама тоа изгледа така само на филмови. Па ете, еден поздрав од мене со едно споделено искуство и поддршка на сите кои поминуваат низ овој период. Ние сме силни, заедно со бебчињата. Ќе го издржиме и ова.
Same here 29 недела скоро. Во 30та треба да примам флостерон. 2 неделни цели имам и сега 30та ја чекам, па 32 здравје, па 34 и после тоа што даде Господ. Најмачно ми е што ништо немаме купено ни средено а не можам да одам да си видам и купам. Барем облека нешто. Ама на тоа нека се збие.
И јас до утре една недела лежење воглавно. Барем уште две. Преактивна бев претходно и сега веќе ми е досадно, тешко. Макар што и блиските доаѓаат за друштво, на телефон секојдневно се слушаме со другарки, колеги, роднини, не ми е сеедно да чекам од други, да ги завршуваат обврските. Посебно зошто имав комплетно различна замисла како ќе го поминам овој период. Макар што на секое станување за Вц или храна гледам нешто брзински во 5-10 минути да потсредам низ куќа што не бара многу напор.
Сите ги поминуваме истите маки, мисли и ситуации со кои се соочуваме сега. Јас ја чекам 32ра како прво достигнување, па после 34та и понатака колку може повеќе да издржиме толку подобро. Исто и ние немаме ништо купено ниту прошетано и разгледано. Тоа беше следно да го изреализираме, ама сега тоа е што е.. Пуштам среќа
Па мене искрено, тоа ми е најголемо прилагодување - активноста која ја имам цел живот. Сега наеднаш треба да лежам и чекам од моите да ме чуваат. И јас контактирам телефонски, но не е исто, сите досегашни навики се веќе сменети. Имав и јас друга замисла. Да уживаме, средуваме, купуваме и уредуваме ама ете, тоа е.. Со лесно
Исто... денес сум 30+2 една недела лежам со серклаж. Ќе се дружиме и јас чекам следна недела среда-четврток за втора доза зреење. Тоа е прв чекор со лесно и ќе издржиме А во врска со купување ние имаме само количка и ништо друго, маж ми вика не купуваме друго додека не се роди. Според него мали се возбудил за количката и се убрзал да ја види
Значи иста недела сме, па заедно сите ќе се бодриме да изгураме докрај. Ние одлучивме до крај на 7ми ништо да не купуваме, туку само да гледаме. Па веќе во 8ми да имаме некоја слика што, каде, колку и да искешираме само. Ама сега гледајќи од оваа страна на приказната, ова купувањево е најмал "проблем" па скоро и не го мислам тоа. Ова другово ми е многу побитно, па мислите ми се насочени кон тоа.. Со лесно
И кај мене слично беше, купивме количка и во 22ра недела ми се скрати грлото па лежев до крај со серклаж. Изгледа од количката е
Ние количка и други работи имаме уште од 15-16та недела. Ама веќе кога спакував торба за од болница за бебето, почнаа болки Си стои спремна битно торбата и веројатно се ќе и е големо на ќерка ама здрави живи ќе си пораснат. Инаку пијам многу течности по препорака на доктор и од една страна колку толку се раздвижувам за до Вц, а од друга ми е смачено станување 29291 пати ноќе.
Искрајно додека бев во болница и ме чекаа во тие два дена да се породам испаничив само за една работа а тоа е дека немаме име за бебето
А оние трудници кои се на строго мирување и примиле две дози флостерон, венски магнезиум и антибиотик додека биле хоспитализирани во болница како се чувствувате? Како го чувствувате движењето на бебе, а и вие дали чувствувате некои промени после терапијата?
Бебето беше успано и помалку активно, а мене ме облеваа бранови топлина. Но некои членки кажуваа пак дека бебето им било уште поактивно. Кога ги примав инекциите, ме следеа и на цтг тие 2-3 дена. Исто од магнезиумот ми се намалија контракциите што ги чувствував.