Бранови на топлина имам цело време меѓутоа овие денови екстремно големи ама не поврзав дека можи да се од Флостеронот. Туку сте се соочиле со намалена тежина во 8ми-9ти месец. Бидејќи лежам мислев којзнае колку кг ќе ставам, а всушност утрово после недела лежење имам 1-1,5кг помалку. Е сега зголемив внес на течности, често сум во Вц. Забележав дека немам отоци во нозе/раце. Плус повеќе сум на полесна храна, овошје, зеленчук ради метаболизмот. Се надевам не е загрижувачко за бебе ова.
Успорено е многу, предходно секаде шеташе сега нежно го осеќам само кај желудникот, што во мојава ситуација може и подобро зошто предходно многу беше активно и ако продолжеше така ќе ги скинеше конците.
И јас сум ослабена исто околу кило ама стомакот ми е поголем од минатата недела. Што значи од газот топам
Nema zoshto da se grizish okolu tezinata eve jas cela bremenost ja pominav vo lezenje 24/7 so serklaz bev isto mislev koj znae kolkava ke stanam SLON no na poragjaj otidov so +5kg. So lesno
Па да, претпоставував од тоа што читав неколку мислења. Но, кај мене утре поминува цела недела откако ме испуштија од болница. Ми рекоа дека ќе го осеќам помалку, поради флостеронот, но не мислев дека тоа ќе трае толку долго.. Од друга страна, логично би било да е помалку активно за да не врши притисок на грлото на матката/серклажот, ама сепак сакав да прочитам и други искуства. Во врска со бранови топлина, тахикардија и послаба циркулација исто и јас поминувам низ тоа. Осеќам како крвта да ми е дуплирана и како да ми пулсира цело тело
И јас имам намалено на килажа. Последно се мерев пред две недели, сега сум скоро со 3кг.помалку. Значи чудо е низ што се поминуваме и какви сè промени чувствуваме..
Авицена нудат таква услуга, лани 1000 ден наплаќаа за доаѓањето дома, плус регуларно анализите што си ги правиш. Ама информирај се уште еднаш да не смениле нешто.
Јас правев во Рамус, цената за домашна посета е од 300-600 денари во зависност од оддалеченост. Имаат и страна, па за дополнителни информации може да разгледаш. https://ramuslab.com/mk/анализи-и-ценовник/
Апдејт - повторно со притисок во половината. Веќе не знам дали е од лежење или на секое ќе треба да трчам на болница за проверка. Целта е барем уште 10тина дена да издржиме. Друго, после ставање на Макмирор вагиналети, нели за прочистување денес на бришење како жолтеникав исцедок. Цела бременост немав ништо, сега на крај гужви. Последно ставив во петокот и бидејќи тие жолти од време на време на влошка имав жолто. Деновиве продолжив само со Утрогестан и денес жолтеникав исцедок малку. Е сега дали е некоја инфекција, ќе видиме на брисевите. Дали е остаток од вагиналетите не знам или чепот почна да испаѓа? Не ми личеше на чеп бидејќи беше премала количина, а за чепот очекувам розово,црвено, кафена нијанса некоја. Бар така си имам замислено.
Само во половината или имаш стврднување и на долниот дел од мешето? А инаку чепот не мора да има боја, ама има структура буквално како шлајм (извини на сликовитиот опис).
Макмирор мене ми оставаа такви жолтеникави траги, ден два откако престанав да ги ставам Ама ги мразев тие вагиналети
Ни ова лежењево не е лесно.. Јас како премногу активна личност, ова е премногу лежење за мене Боли се. Половина, колкови, плешки, тежина при дишење од толку лежење. Топло/ладно, лево/десно/на грб сите можни пози за 24ч. Налик вртоглавици од оваа хоризонтала.. Среќа малку се раздвижувам, до вц и еден круг во движење па и мене ми поминува. Така да, човек на сè се навикнува. Ќе помине и ова, со лесно издржи
Незгодно ми е да се жалам кога кај мене се 2-3 недели лежење, а некои од вас се и месеци врзани за кревет. Генерално се навикнав, со тоа што си правам "мали излети". На пример на станување за до вц, да прошетам низ дома 5-10 мин. Кога си правам храна, генерално сендвич/овошје нешто брзо, низ кујна накратко да пребришам барем површините на работните маси. Без наведнување и слично. Меѓу другото ова ама битно некои такви ситни работи, гледам да ги завршам, по 5-10 мин на неколку пати во денот. Не дека е кој знае колку работа ама да не се чувствувам јас дека 100% зависам од некој.
Сосема те разбирам.. Сите на свој начин го пребродуваме овој период. Без разлика на времетраењето, целата ситуација сама по себе е стрес. Од мој аспект, како доста хиперактивна личност пред ова водев доста активен живот. Работа, вежбање, буквално активности по цел ден, домашни обврски и тн. Како напредуваше бременоста, намалив темпо и до почетокот на 7ми месец имав тотално лесна и безгрижна бременост. Сето ова го констатираа на мој редовен преглед кој во вистинско време го закажав, иако мислев по Нова година да закажам. Многу тешко ја примив ситуацијата, бидејќи сеуште мислам дека можеби јас сум таа која нешто предизвика за да дојдеме до тука. Сега, се чувствувам многу непријатно со моето постојано лежење бидејќи не сум навикната вака сите домашни обврски сопругот или некој од нашите да ги завршува, а јас да лежам. Тоа е тоа, немаме избор. Мора да го поминеме ова. Затоа тука сме заедно, кој колку можеме да дадеме поддршка за полесно го пребродиме овој период. Некои работи едноставно се случуваат со причина. После ова, сите ќе излеземе појаки и поиздржливи. Животот некогаш на поинаков-суров начин не учи некоја лекција, за која значењето ќе го дознаеме некогаш..
Значи обвинувања никако. Луѓе со нормална бременост нормално и функционираат, со вежбање, со одење на работа, со пешачење, со се. Тоа што не си имала никакви индикации од почеток и си терала нормална бременост не е твоја вина. Не си можела да знаеш. Сега кога си дознала ќе си лежиш. Инаку те разбирам дека не ти е пријатно да зависиш од некој друг и да не можеш да си завршиш ти ништо, ама не е ништо страшно тоа. За некој месец, ќе имаш толку обврски што ќе сакаш бар 30 минути вака да полежиш Се поминува