Претпоставував дека нема, само сакав да потврдам. Јас сум со терапија Ферона, Утрогестан, Магнезиум и витамините. Инаку примам Флостерон 4мг, денес 2 ампули утре уште 2 ампули во пакување од 4 ампули е кутивчето. Сега можеби и јас погрешно се изразив во однос на мерната единица на аплицирањето. Примив веќе еднаш во 30та исто на двапати и сега во 32ра повторно. Сега незнам тие како ги рачунаат, како вкупно 4 дози или како 2 дози
Мене ме интересира дали бебе одговараше на мерките од ехото кога се роди. Колкаво беше? И колку време поминавте во болница? Јас сум со две дози за зреење од утре 32 недела мали 1850 на мерки, ни даваат максимум уште 3-4 дена моментално,ама не се даваме.
Па горе долу одговараше. Кога ме спремија за пораѓај рекоа дека е околу 2кг и дека со две дози на Флостерон (вака мислам се вика инекциите за зреење) ќе биде добро. 32+5 се роди беше 1.850, 17 дена поминавме во инкубатор. Немаше проблем со дишење се беше супер ради инекциите имаше развиени бели дробови и дишеше сам. Не беше ниту на кислородна поддршка. Ние останавме малку подолго од очекувано оти имаше проблем со исхрана. Не прифаќаше никакво млеко, повраќаше и се хранеше со инфузија. Мое молзено мелко пиеше многу малку. И коа почна да цица, да го доам директно на града нели се среди се и си отидовме дома. Компликации или проблеми од предвременипт пораѓај неавме
Незнам и јас како се рачунаат ама и јас така знам. Како две дози на две недели дека се. Така и ми објаснија тогаш дека за да има ефект треба да поминат 15 дена од инекцијата. И затоа на две недели пак уште една доза. И ако може да поминат уште две недели до пораѓај е идеално за да и таа доза има ефект. Јас примив прва доза (две ампули исто) во 29та недела и после во втора доза во 31ва. И се породив 33та. Бебето немаше проблем со дишење, развиени бели дробови имаше
за инекциите не сум сигурна. Може има повеќе дози зависи од сличајот. Ама за цервис дека се продложува знам дека неможе. А и не е логично ☺️ Тоа е каналот што излегува бебето. Коа полнува пораѓај тој канал се отвара имод таму излегува бебето. И сега ние имаме бебе коа порано притиска и го отвара тој канал. И веќе ако е отворен 2цм пример како би се затворил нема логика. Освен со серклаж нели. Инаку бебе притиска и само лежење е решение за да бебе биде во лежечка положба и да не го притиска цервиксот. Ова вака лаички објаснето. Незнам медицински ако има нешто друго….
Ако се отвори нема шанса за повлекување, но дожината на цервиксот се менува. Мене ми се случи пред три недели..а и тука прочитав кај некои феминки истото се случило.
Фала многу за одговорот се надевам ќе избуткам што подолго и дека се ќе биде во ред. Инаку и јас примив така 29 недела две инекции со две ампули и сега во 31 уште две. Мене ми рекоа дека после втората доза 48 саати почнува да има ефект.
Секако дека ќе биде се во ред☺️ Не се оптеретувај. Да можам да го вратам времето се што би сменила е стресот што си го правев од многу мислење и читање. Инаку да инекцијата ефект има одма ама као демек крајниот ефект после две недели. Се сеќавам дека од инекциите бебето не беше ич активно и јас паничев и одев на ехо и коа не требаше да се возам наваму натаму, наместо да лежам. А должината ма цервиксит со оглед на тоа што се мери во мм неможе да се фатиме ептен за бројките. Тоа е многи мала разлика и различни мерња да покажат различно
@AlicaInWonderland Да да, значи истото е. Утре после две недели ќе примам фактички две дози Флостерон. Една доза примив на скоро веќе цела 30та недела и денес/утре на цела 32ра недела. Мене дека на два дена ме боцкаат мислев дека оди една па друга доза дневно и затоа така пишав. Инаку да и јас се исплашив за движењата на бебе, иако ми потенцираа да не се грижам дека нормално е тоа од инекцијата. Бев на раб на искушение да не отидам на ехо, со оглед што нели нема движење. Ама издржавме јуначки Да издржиме до 34та сега, па после здравје кон посигурна зона ќе сме. А околу мерењата да, секој различно мери и различен апарат има, а и зависи ваљда колку длабоко/плитко се мери со вагиналната сонда. Битно е да не се намали, а секако веќе натака се приближуваме кон целта, па родилниот канал може да издржи уште малку @Pipismel Ти посакувам дај боже да издржиш @Proletno Да на тоа мислев, должината дали има шанси да се промени Ти која недела си?
34+5 сум, мене за три дена ми се скрати цервиксот на пола..со мирување се продолжи малку и сега стои на исто.Ова ми се случи пред нова година.
А на колку време ги примивте двете инекции од првата доза? Јас треба да примам прва доза и сега ме интересира како ќе ме боцнат уствари. И после две недели пак истото?
Не се нервирам мислам само позитивно, во листата за позитивни луѓе што поминале слична ситуација ќе те ставам и тебе. Знам убави приказни и си мислам на нив и си викам ако успеале они ќе успеам и јас, знам и неубави но воопшто не се трудам да ги мислам нив. Си викам можам и ќе успеам ќе издржиме еве го фебруари, ќе дојде 34 недела можам. Докторот ми вика браво два пати се извлековме, еднаш во 29 и сега во 31 недела сите беа спремни да го извадат но докажавме дека можеме да украдеме уште некое време
Веќе си 32ра што не е воопшто ризична недела. Плус со инекциите за зреење… Ете и килажа веќе има како моето. Така да секој поминат ден ден дома секако е плус, ама и да дојде време нема ништо страшно веќе ☺️
А имате одлучено каде ќе се пораѓате? Претпоставувам кај докторот што би ја води бременоста и терапијата?