Таму ќе се пораѓаш? Најдобра неонатална интензивна имаат за прематурчиња систина. Ние бевме таму и јас цел живот ќе им бидам благодарна како се грижеа
Да тука планирам, мене ми е најбитно што имам 100% доверба во докторот. Кога ми кажа дека има шанса во наредниот час да ме носи на пораѓај јас не почуствував страв. Истото беше и за серклажот како да ме преместуваа во друга соба на ехо а не на операција.
Најбитно е докторот што ти ја знае ситуацијата да е до тебе. Во тој момент се носат клучни одлуки и најдобро е да го прави тој што ја знае терашијата и историјата. Лежете и одмарајте сеа оти јас еве 4год неможам да се излежавам така Се ќе биде добро со бебе. Да го видите мојот сега каков е стрелка, зашто му се нервирав да ми е да знам
Се менува должината на цервиксот. Јас сум доказ за тоа. Во 20та недела 24мм, со лежење 10 недели порасна на 34мм. И со терапија нормално. Потоа ми дозволија и движење,а терпија примав до 36та недела. Без серклаж,без инекции за зреење.
Dolzina na grloto ne mi kazaja Samo mi rekoja da lezam so pernica pod gaz I mi dadojaaa da pijam ferona tableti i posle 10 dena na kontrola! Denes imam i bolki vo dolniot del od stomakot i sum stvarno uplasena! Utre odam do plodnost da vidam tie sto ke kazaat:/
Среќни.... дека сме дома лежам немам никакви болки, малку мали е високо со газот па кога се стврднува ме боди во ребра и желудник со тоа ми прави тешко да дишам и малку киселини ама не се жалам само нека седи внатре. Пред да не пуштат докторот беше задоволен џепот е намален и не притиска толку на контрола сме во петок. Сега за сега ни даде шанса дека би издржале уште две недели што е добро би стигнале 34 недела. Што се однесува за цервикс 12 мм само конец држи.
И кај мене веќе само конец држи. Фанелинг имам до конецот, се намалува, зголемува цело време. Така што и јас продолжувам со лежење. До 34 да издржиме супер ќе биде
Ќе издржиме мораме, нема друго решение. Јаки сме ќе издржиме и повеќе, во болница сите ме знаат само ги откачувам за пораѓај мислам дека веќе се откажаа ми викаат ти ќе дојдеш на термин и ќе дојдам
За 3 дена 31 недела. И тогаш треба да примам 2 инекции флостерон во 2 дена. Во 33 брисеви и после чекаме како ќе биде за конецот кога да се вади. Бебе е 1 недела понапред па и тоа е плус.
Женски не издржав. Сабајле ми падна чепот ( по трети пат) немав болки ама отидов на контрола во 4:15 од што ми беше шубе 7цм отворена се породив во 5. Добри сме и двајцата.
Да 7 дена од втората доза. Сам дише, само инфузија прима на интензивна е го пратат ама се многу задоволни
Одлично издржа мами Бебуш ќе биде добро и јас имам едно прематурче 32 недела ама моето тежок случај со сито и решето поминато,еве го 4 год. маста ни ја вади сега по дома.Тоа што дише самостојно е одличнооо. Известувај не повремено кога ќе можеш како сте и бебе и ти,закрепни физички и гледај да не паѓаш психички,се ќе биде добро.
Честитки, живи, здрави и големи да растете Битно сте добри и двајцата. Како помина ти? Не се секирај се ќе биде во ред, ќе си растете силни заедно