Честитки мајка. Супер сте. Значи се што читам од тебе потполно исти случај како мојот. Исти пораѓај, отидов на контрола без болки за кратко бев породена. 7 дена после втора доза флостерон. Иста килажа, иста ситуација бебе на интензива само дише со инфузија ☺️ Ќе биде се добро. Потруди се сега ти околу лактација додека бебе да си дојде дома
Да природно , се како во сон многу брзо, никој од тимот не очекуваше толку брзо анестезиологот не стигна за анестезија
Прими флостерон, како си? Па јас имав зголемени бранови топлина низ цело тело и како тахикардија чувствував. Бебе мирно, нема да го чувствуваш многу (овој дел најтешко го поминав). Веројатно тоа е и поентата на самата инекција.
Да попладнево примив. Две ампули, една инекција. За 24 часа пак. Бебе мрдка , не многу ама чат пат. Друго ништо не чувствувам, освен жедна што сум доста ама може не е од инекцијата тоа. Знам дека е за добро ова со инекцииве, ама малце така безврска чувство ме фати, ама ќе помине.
После 48 часа почнува дејството од инекцијата. Се ќе биде во ред, најбитно е да сме смирени и ние. Тешко е, ама ќе издржиме. Мора да сме силни
Фала што ме помисли. Ги примив инекциите, немав никакви реакции од нив. Бебе се тегне, мрда. Така да добро е. Малце повеќе ми тежи веќе и тешко ми е и лежење, и станување и вртење навечер од една на друга страна, ама ќе издржиме. Се надевам уште бар 3,4 недели ќе поседи во меше. Ти како си?
Одлично штом сте добри И мене ми е потешка некако целата таа логистика Башка дека улежана без активност, се чувствувам и послаба Битно е да издржиме, се друго ќе помине.
И јас денес примив флостерон прва доза ради 25мм скратено грло и малку размекнето бебе малку спуштено.. 33+5 денес а бебе одговара на 35 недела...2.650.. препорачано да лежам со перница под задник ама не бива цело време така се вртам и странично.. утре ќе примам уште една доза.. уф да издржам две недели да влезам во 9ти
Јас да пишам инфо Денес 33+4, некои благи чудни болки и послабо движење на бебе деновиве.. Претчувството ми велеше да дојдам на еден преглед да видиме до кај сме. Дали инстинктивно претчувствуваме повеќе периодов во бременост, незнам, ама моево претчувство досега секогаш било во право и не ме изневерило. Ме хоспитализираа пак, на инфузија сум и под цтг ќе ме следат и утре-задутре. Поради недоволни протоци е намалено движењето, па мора да ме следат. Инаку последните денешни мерки на грлото 14мм, пак со подобра слика од претходно. Ако не издржиме подолго, можеби ќе си се видиме наскоро. Крајов не измачи
Ах, значи и јас да си појдам утре. 32ра за 2 дена сум а исто помалку мрдање осеќам, а повеќе стврднувања и како да ми се зема здивот. Ако ми се моча, обавезно камен ми е стомакот дур не одам во вц, па и 2 капки да се само. Крајов најспоро поминува изгледа. Известувај како си и со лесно. Уште малку да издржите. @Pipismel да се пријави како е
Јас заклучив дека за се што навреме се реагира па макар и едно ехо да се направи чисто за да имаш мир, е подобро од ништо. Сите паничиме, таква ни е ситуацијата, а и времево во кое живееме не ни е во прилог. Таман се израдував скоро цела 34та ја издржавме, еве нешто ново и непознато излезе.. Само за арно да е, сите сме борци во ова
Дај боже повеќе да издржите мила.. тешко минат тие денови ама мораме да мислиме позитивно.. ти на мирување ли беше
Дај боже Да, на строго мирување сум веќе месец дена со примени х2 дози Флостерон на две недели поради скратен цервикс уште во 29та недела.