Да, примив една доза за да издржиме до 32ра недела, тогаш ме хоспитализираа со скратено грло 19мм. Па за две недели уште една доза за да издржиме до 34та недела, тогаш на преглед бев со скратено грло 17мм. А сега во 33+4 сум со 14мм и плодот е малку поназад (од сам почеток). Покриена си со терапија, башка и плодот ти е напреден и во добра недела си. Мирувај си, не кревај тешко и не се наведнувај. Лежи како ти одговара најмногу на тебе, без седење и најминимално стоење.
@Thinkerbell. Се пријавувам супер е мали од денес е во креветче го спремаат за дома, си напредува одлично качи килажа 1920 си јаде лакомо, освен моето млеко што се мачам да го соберам им го плука на сестрите.... сака ќутек. Од утре почнуваме со обука и се надевам дека ќе се покажеме добро и во понеделник да го пуштат, зошто по протокол неможе да го пуштат пред 34 недела а он ќе ја почне во недела. Дома сме турбо се спремаме за мали надополнувам за времето што го прележав. Ти оди си на конрола превентивно, нека го следат малото а и тебе да те имаат под контрола, не оставај ништо на случајност. @Cence не се секирај ќе издржиш и повеќе од што се надеваш. Не се секирајте опуштете се сликнете си ги мешињата, уживајте во последниот период на бременост се ќе биде во ред и двете сте во безбедно со примени инекции
Машала нека си расте. Со 2 килца да го испишат е супер мами. Јас сум родена 2 и 300, машала сега никој не би рекол Бев сабајле на лекар, мисла ми беше па викам ај да видиме шо праи бебе. Кило и 900 е колку што успеа да измери (пред 10 дена беше кило и 700, некако ко малце да качило ама па за оваа недела си вика гугл дека ок си е килажата). Протоци се добри, имам лакуни на постелка ама наводно не е страшно, и цервиксот се скратил малце околу 22мм е. Доле е ептен со главче така што уште морам да лежам, лежам. 32ра задутре. 34та бар да издржам се надевам. Да качи уште некое грамче и да се досредиме, ништо немаме
Па добри сте јас 32 недела мали беше поголем цело време го измерија кило 900 и нешто се роди 1840. Инаку и он беше многу ниско со главчето мисли позитивно побрзо ќе се породиш
@Pipismel баш ми е мило што сте добри Ќе си го фатите сега редот домче. Башка дома си е дома. Спремајте се и уживајте во припремите, убави работи следат. @Thinkerbell. нели одма е полесно на психа сега, а бебе како е? Ајде и ние да издржиме уште малку Моето е сега околу 1 900, така да тука негде сме. А што носиш? И ние не сме спремни ништо, ова новово не изненади пак. Ама среќа викендов креветче, количка и нешто облека купија. Мислевме тоа викендов, ама сега дека сите растрчани ќе остане на него да ги организира сите.
Добро е бебе, си мрдка, си расте. Мерките се добри според докторката, останува да издржиме уште 2 недели барем, така рече. Ќе се средиме се, само бебиња да се живи и здрави и ние исто така
И јас од ништо ништо немам за бебе ни за мене спремено.. да ѓи издржам тие две недели во лежење и ако добијам зелено светло на контролата ке си спремам торбата за во болница. Нешто алишта ќе порачам од интернет, нешто овде од продавница, нешто ќе порачам да ми земат пријателки што ми се понудија да ми помогнат.. За креветче незз како ќе е.. битно се да помине добро па и отпосле може да се докупува што фали. Најмногу сум фокусирана се да биде добро со бебе друго и не ми е толку важно.. мислам кога ќе дојде бебе на свет живо и здраво за се има решение и ќе се постигне , а недај боже да му биде нешто како што велат патишта ќе има многу ама касно ќе е ...само ќе велиме вака требаше така требаше тоа не требаше затоа мирна душа и да си мируваме... позз ве сакам мили мои и ве чекам сите со убави вести мн ми е убаво на душичката кога споделувате успешни и среќни работи
Девојки јас да пишам инфо Уште едно мартовско бебе, стана февруарско Се породив вчера попладнето, не можевме да издржиме повеќе.. Битно добри сме, мали ќе биде во инкубатор додека е потребно. Бебе си даваше знаци дека му е време да излезе, а моето претчувство дека сепак ќе ме породат.
Мајка, честитки за тебе и за јуначето! Да е здраво живо, благословено! Ќе си напредувате сега, со добра мисла и со Господ напред!
Да е живо и здраво и радости да ви носи Како сте мајка? Колку се роди? За брзо ќе се гушкате, се ќе биде во ред
@Cence честитки, да е живо и здраво. Супер ќе биде се, дај боже што побрзо да се гушкате и да си дојдете заедно дома
Честито живо, здраво да те радува цел живот. Да не се секираш ништо не е страшно, ќе бидете заедно за брзо време немој само да се секираш добро издржавте за некој ден 34 ќе бевте.
Ви благодарам на сите @Thinkerbell. Јас се опоравувам, ама добра сум. Мали се роди 1900гр. и пријатно ги изненади сите дека беше одличен со оглед за неделите 33+6. Само во инкубатор е, нема потреба од дополнителна поддршка што е добар знак @Pipismel Па стресен период не фати, штом успеавме до тука, одлично е. Епа денес ќе бевме цела 34та, ама што е тука е. Битно сме добри
Штом е само во инкубатор ќе прими инфузија и за брзо ќе го пуштат. И мојот беше одличен по сите мерки за 32 недела но протоколот вика да се следи до 34 недела, вие ја имате неделата така да брзо ќе си дојде домче. Ти како си не пиша? Како се породи?
@sweet.woman @Pipismel Добра сум, уште овие болки да ги издржам и после закрепнување По преглед се утврди дека сум била отворена 5цм, а јас без болки. Ама претходната вечер на цтг имав појаки и почести затегнувања. Па почнаа со припреми, до тогаш се отворив 7цм. Ми пукнаа воденик. Пробавме за природно на двапати, ама со рачето ги поздравуваше и ради протоците нели што не беа нај нај.. докторката одлучи за царски за да не ризикуваме. Сега болките се малку непријатни, ама битно е дека сме добри. Со лесно нека е на сите