Најбитно дека си добро, малото е на сигурно ти посвети се на тебе овие денови, раната да заздрави и да средиш се по дома за кога ќе дојде бебе. Јас вчера среќна низ продавници купував ко невидена, маж ми вика леле колку си среќна, не ја разбира радоста сам да му купиш нешто на бебето
Фала што ме помисли Јас сум сеуште хоспитализирана, најмногу поради млекото. Инаку закрепнувам со болки, раздвиженост поактивна имам, ќе помине. Да украдеме уште некој ден од колострумот за да видиме како ќе напредува. Има подобар резултат со моето млеко бидејќи полесно го вари и има редовна столица. Генерално е супер, само сепак е прематурче ќе му треба време додека пркне солидно. Само да е на подобро Ти како си? @Pipismel исто така и ти?
Ќе пркне уште малку му треба. Супер што имаш и млеко и што му даваат од твоето. Најдобриот лек е тоа. Јас сум добра, тераме, за 3 дена 33та недела. Се надевам што повеќе да издржиме. Лежам цело време и тоа е тоа, не поминува времето некако, ама тоа е, ќе се издржи.
@Thinkerbell. @Cence супер сме нема ништо поубаво што сме дома и може да си се гушкаме колку сакаме. Се снаоѓаме супер, мали ,,издресиран' од болница точно на 3 саати станува за јадење. Воопшто не е тешко кога нешто сакаш па макар и спиење по 2 саати.
Здраво на сите, по рутински преглед откриено ми е меко грло и oue вложливо за врв од прст (не знам што значи тоа) цервикс 28мм бебе е 31 и 4 дена ама е малце понапреден дечко за недела ипол. Дадени ми се инекции за зреење утрогестан 2 на ден, прогестерон на 4 дена и микорил (на преглед во њуборн ми кажаа подобро да земам неопенотран) правам секакви испитувања да не е од некоја бактерија ама немам апсолутно никакви симптоми затоа и се извадив од памет коа ми кажа др дека најверојатно ќе се породам порано сега лежам и мирувам ама главава мора да ми е подигната и да сум на грб зашто имам неверојатни киселини буквално вчера ќе се угушев ќе працам и урино култура ако треба некој антибиотик да пијам зашто леукоцити ми се 20, ама матичнава не препишала некаков антибиотик ептен сум извадена од памет и се надевам ќе издржиме некоја недела ако имате некој совет за ситуацијава и далу ептен страшно што морам да сум малце поткрената све имам пробано за киселиниве ме изгореа
Не е страшно да си поткрената се дур мируваш. Ќе биде се добро, 31+4 воопшто не е лошо, плус зреење си примила и на терапија си. Ќе издржите уште малку.
Само одмор и строго лежење. До следна контрола, ќе видите дали грлото стагнира или се намалува уште. Не се наведнувај, не кревај тешко и не клекнувај. Другото со матичната ќе се консултираш. А за киселини, нормално е.. на некои помогнало ладно млеко, кисела вода и тн.. Јас лично не пиев ништо, обично ме фаќаа навечер. Ќе си легнев и утредента немав ништо
Одлично, дај боже да издржите до крај Ние чекаме, да кажат кога ќе може да си го земеме дома Тешко е вака 2 недели без никаков контакт, се надевам дека кога ќе го оствариме тој прв контакт ќе биде се поинаку
Ќе биде сигурно. Трпение само. Ќе се гушкате домче уште малку, важно е да е добар Со млекце како си? Успеа да одржиш лактација? Не ти даваат ич да го видиш?
Се измолзувам и замрзнувам. Јас имав уште третиот ден и од тогаш се измолзувам. Само тешко е да се прилагодам временски, што од обврски дека брзаме да спремиме, што од недостаток на време. А за гледање одиме го гледаме, ама надвор од тераса. Така да пристапот на гледање не е ист како додека лежев таму Строги се малку во однос на тие работи, најмногу поради короната.
Малку претеруваат ама од друга страна и разбирам. Ајде уште малку издржете, би требало веќе да го пуштат.
Не се замарај со времето, битно да одмолзуваш мене навечер ми рекоа да спиам да собирам сила. И верувај ќе ти треба
Па искрено заморно е и истоштува некако.. А во право си за одморот, потребен е дефинитивно Вие како сте, како се снаоѓате?
Супер сме бевме денес на втора контрола сме се здебелиле 2250, закажавме преглед за очиња. Почна да цица еднаш дневно ама и тоа е нешто инаку е на вештачко и на тоа што ќе измочзам.