Бебињата кои добиваат инекции за зреење се скоро сите успани и помалку мрдаат после инекцииѕе, така да најверојатно зароа на цтг така и покажува. Моето бебче е родено 34+4 2100гр не беше во инкубатор само во топлите креветчиња лежевме 6 дена бидејќи примаше антибиотик имаше високо црп. Ти ја посакувам целата среќа и без грижи ќе биде се во ред
Девојки ја читав темава од сабајле ама пак да си прашам директно може некоја ќе прочита. Утре сум 19та недела, во среда на редовна контрола мерено грло 28мм не сум отворена не е омекнато ама ми закажаа на 29ти пак контрола ако не е подобро да стават серклаж во систина. Работата е што бебе е наместено со глава ниско и стиска на цервикс докторов вика извртрно е грлото од што притиска. Ми кажа лежи над перница, строго мирување утрогестан и магнезиум терам цела бременост со нив секако. Прашањето ми е дали лежевте цел ден над перници или смеам и на лева страна, преголеми болки добивам во кичма и не можам да го издржам цел ден над перница па се осеќам виновно...за спиење навечер сум само на страна да не правам грешка? Дали главата ви е потпрена на перница или лежите рамно со неа да е пониско од задникот? Не сакам да го изгубам...таман стигнавме со ова до 5ти месец некако таман да се опуштам малку и ме преплашија со краткиот цервикс.. Сакам серклаж 100% за поголема сигурност а докторот пак рече ќе видиме ќе одлучиме на 29ти дали треба. Страв ми е да не ги пробиеме дозволените недели и после да не смее да стават..
Бебе во таа недела не може да биде во една позиција, ти пишав и предходно. Еднаш надоле еднаш нагоре кога си излегла од ординација може со нозете надоле да биде индивидуално е тоа. Можеби и нема потреба од серклаж ќе се прати грлото до 2.5 го толерираат после тоа превземаат ако има потреба нешто. Мене од 3 сантими измерени на нареден преглед 5ми беше.
2 денови не е поместено таму е цело време, повеќе ми е страв дали има решение за кратење на грлото после 24та недела ако не ми стават серклаж или ќе биде само мирување и надеж дека ќе издржи до безбедни недели?
Vo plodnost mislam deka stavaat serklaz do 29 nedela I opsto privatnite stavaat do pogolemi nedeli samo vo drzavnite stavaat do kaj 25 nedela...bese li pak na pregled Ili ti taka si go custvuvas
Ох јас мислев ни таму не ставаат над 23та бар малку ова ме смирува.. Ме удира цело време на исто место го осеќам таму дека е во средината на стомак, доле, во среда ќе отидам до кај матичната се надевам само дека ќе издржи како и да е..
Која недела си? Во тие недели до кај 24 и мене ми беше околу папок движењето, после се осеќаше и нагоре, не се плаши мн уште е мало за да е горе, додуша ова цело време ниско го носев и мислев помало ќе се роди, а 3850 беше.
Утре 19та, само се надевам дека ќе се мрдне за да го ослободи притисокот од цервикс... докторов вика грлото е извртено од што е заглавена доле главата. Ударите се цело време на исто место веќе 4 5 денови ваљда откако се наместило надоле...
31ва полна, грлото 1.75 се скратило и покрај утрогестан и магнезиум и воглавно мирување (без постојано лежење во кревет). Денес примив флостерон, докторот вика да издржиме уште 3 недели барем. Ми рече колку можам повеќе в кревет. За перница под газ не ми спомна, морам да лежам така? Ич не ми е згодно воопшто на грб да лежам, па уште и газот кренат, сѐ ме боли и едвај дишам така. Ќе ми значи секое искуство дека успеале да истераат плус некоја недела со толку краток цервикс, оти моментално полудувам од грижи, иако бев спремна и на ова, барем мислев дека сум.
Е сега ќе гледаш лежењето дс е приоритет, иако покрај друго детенце е малку потешко ама сепак мора да се снајдиш, сопруг баби, дедовци, другарки Јас бев со серклаж ама сепак неможев ич да лежам на грб стомакот ми тежеше и мислев декс така ќе пукнам. Лежев настрана на лева најмногу ми одговараше и ради киселините. Во полулежечка положба јадев и си поседував по малку. Со лесно и помалку грижи, уште една доза флостерон за секој случај.
Баби, дедовци немам за помош, сопругот и онака цело време откако почна да се крати цервиксот прави сѐ, ама додека е на работа јас сум со големиот и нема баш да е изводливо да лежам цело време. Добро и за јадење в кревет? Јас психички ќе попуштам од лежење За флостеронот ми рече денес и утре и здравје за 2 недели уште еднаш. Се надевам ќе издржи до тогаш. Во 23та од 5.5 за 3 недели ми се скрати на 3.3 (додуша не знам колку е веродостојно оти кај различни доктори на различни ехо апарати мерено) и имав фанелинг. Од тогаш го следиме цело време, околу 3.2 беше постојано +-0.1. За 4 недели на 1.75 слезе, во меѓувреме не бев на преглед, не знам како било.
Епа ќе купите книги за читање нови за да бидат интересни, албуми со слики, незнам нешта кои се со повеќе одмор за тебе додека сопругот е на работа.. Да мила јас и јадев во кревет, кај мене во 24та се скрати на 2.1 кај 3ца доктори исто беше мерењето плус и размекнато.. Е сега има тука позитивни страни значи и претходнп ти се потскратило па ср вратило во нормала, така да не паничи премногу, сега да поголемко е бебчето од тогаш ама има надеж еве тука колку со издржување и до термин
Имам искуство со скратен цервикс ама во 33та недела и издржав до скоро 36та. Не бев и јас нешто многу принципиелна може да лежев постојано ќе издржевме плус. Плус и немам друго дете. Занимација книги, филмови, серии и така. Станував за да си земам за јадење нешто. До Вц, туширање со седење на столче само кратко и така. Плус по некој круг низ куќа е изгледа тие многу кругови да беа.
Здраво мајки. Јас сум 28+1 и до сега немав болки немав мака и си бев опуштена дома обврските сама си ги работев, на работа од седење по 3 саати во ден, имам две деца едното не е проблем големо е, со малото 1 година и 6 м, јас сум крива што од време на време го кревав ај за побрзо ај така немав мака и сега вчера големи болки менструални добив во 19 ч и цела половина јаки болки како за пораѓај само наместо напред назад во половината и прекинуваа по неколку минути пак исто контракции за раѓање. Бев на ехо докт. Рече дека не сум отворена сум имала среќа бебето е со главчето скрос долу притиска и ми даде дабростон, утрогестан една маст, и инекции за зреење и рече строго да лежам да спречиме предвреме раѓање барем до 31недела. Со господ напред се надевам се да биди во ред само здраво право да се роди. Ви посакувам на сите среќа.
Да прашам, седење не чини или во полу седечка положба? Баш да се лежи цело време? 1ден лежам и кига ќе станам за јадење ми се врти одвај одам до вц, како ќе се издржува..
Мене со глава на бебе ниско над цервикс и 28мм должина ми рекоа само лежење со карлица подигната и станување само за до вц.. јас полуседната само јадам и тоа гледам да не е подолго од 2мин. Ќе се издржи, кога е за бебињата да ни стигнат на време живи здрави мора да се издржи. Јас користам 70 перници под задник 1, 2 под листовите на нозете за убав агол, 1 под глава и 2 од страните за местење на кичма зошто болките некогаш се неподносливи. Кога стануваш не станувај нагло, полека полека странично и дел по дел за да се стабилизираш и плус да не те заболи стомак или лигамент.
Така е ќе се издржи за нив мора. Која недела си? Јас не знам должина на цервикс ми кажа само дека не сум ич отвирена но бебе е многу долу со главата и од породилните болки можи да се отворам па затоа строго лежење, болките ми се смириа сега само боли долу скрос го сеќавам многу под стомак негде