Utrogestanot Ako ti e grdo pii go, jas go pijam taka mi e podobro sto znam nekako ic ne mozev da gi stavam
Лошо си била легнатс и јас така пред 2 дена сум го блокирала.....влезот со задникот и како тврдо не сака да оди нагоре одма паника после легнав поубаво си пројде. Само што јас си уфилмав дека е главата на бебето
Дали е можно од инексиите за зреење или од другата против болки прогестерон мидлам беше да имам отежнато дишење и забрзано срцето ми чука и вчера така и денеска. За Зареење ги примив понеделник и вторник а другата вторник вечер
Мене исто ми се појавува од прогестеронските инекции, еве откако прекинав да ги ставам се исчезна, ќе потрае неколку дена и ќе престане и кај тебе.
Се јавив кај матичната ми рече нема шанси од инеквиите да биди така забрзано срцето, а еве овде искуства неколку жени дека истото ви се случувало
Да јас примав еднаш неделно, и баш приметив дека после инекцијата веднаш ми се појавуваат, се консултирав овде со докторката рече дека е можно, и да ги прекинеме, бидејки јас имав и премногу екстрасистоли, откако ги прекинавме се престана, останав само со утрогестан вагинално.
Во оваа бременост прв пат канестен и сега утрогестанот веќе 7-8 недели. Ама секој пат ми е језивко така и само брцам на брзинка. Толку сум испаничена да не предизвикам дилатација сега или да не си го пукнам сама водењакот, па си трипам дека главата од бебето ја фаќам, па мек цервикс фаќам...абе
На пораѓај нозете да не кажам ама до заби ги ставаат плус стискаат од горе и брцаат рака за да направат иритација да се отвориш, па сега ти види со толкав стомак едвај буташ вагиналета а не пак да чепнеш погоре и мене језиво ми беше првата бременост со вагиналетите црева ми се превртуваа ама се навикнав
Девојки кај мене овие денови погоре ја чувствував момата но денеска долу многу долу, мава чепка долу под стомак 3 прсти, и ципата премногу боли почнувам да се загрижувам баш си мислев дека се среди се подкрена
И кај мене плива горе доле цело време марсовчево, таман ќе почне горе после пак околу јајници мава ваљда е уште рано да се толку високо цело време
Кога лежам со перница под газ буквално кај желудникот му излегуваат ноџињата. Мене најкрипи ми е кога ика, онака во вагина чувствувам ко да ме греби Како се држите женски? Мене денес ми е 11ти ден. Грбот ме боли, колковите ме болат, сѐ ме боли, не знам како да се наместам. Утре сум на преглед, бројам саати дотогаш. Колку шо едвај чекам да појдам, толку и се плашам да појдам.
Јас да споделам со вас, во недоумица тешка сум. Пред 2 недели цервикс 28 во систина, пред 1 недела цервикс 32 кај матична, денес систина 26. Одбив серклаж одма зошто се осеќам несигурно во мерењава и намерата со оглед на цената на зафатот...денес ми беше многу вештачки усилен преглед, 1секунда траеше, бебе воопшто не го погледна директ се фати да закажува серклаж па се повлече кога јас извадив слика од кај матичната и побарав уште време да размислам. Лежам мирувам, перницата под задник не ја трпам веќе многу, колковите мислам ќе ми отпаднат ама мора да се издржи... следна среда имам скрининг па таму ќе барам мерење чисто да видам 3то мислење...