Пред некој месец за истото пишував. Во плодност (каде што уствари го "фатија" грлото дека се крати) ми беше 3.2, кај матичен 4.1, во државна болница 3.8. Различни ехо апарати, различни доктори, различни мерки. Макар што на еден му искоментирав како е можно да варира во 1 ден со 1цм разлика, ми рече дека многу зависи и од тоа како ја поставуваат сондата. Не знам, ми објаснуваше погоре крената покажува нешто, подолу друго нешто..не ни памтам. Искрено цела среќа шо го послушав тој од плодност и уште одма почнав утрогестан да ставам. Без утрогестанот којзнае и дали ќе стигнев до кај шо стигнав. До душа кај мене никогаш не се скрати цервиксот за серклаж, дури во 31ва недела од 3.2 на 1.75. И тогаш кога му спомнав на гинекологот (во плодност) за серклаж ми рече преголем ризик е серклажот, може баш тој да испровоцира породување сега. Не знам шо е најпаметно, слушни и трето мислење. Ако одлучиш за серклаж, не губи време, подобро е порано. На крајот на денот не мора да ставаш на приватно, може и на ГАК да ти стават, секако ако има потреба. Од мене препорака за фероната. Криво ми е шо не почнав порано да ги земам, а сто пати ги сретнав на форумов. Сите статии шо ги исчитав викаат дека алфа липоичната киселина спречува спонтан и предвремено породување и е дозволено да се внесуваат до 600мг днено кај трудници, тоа се две капсули ферона. Јас ги земам на своја рака, ти консултирај се со гинекологот.
Следна среда на скрининг ќе премерат па нека кажат мислење, не е проблем ќе ги дадам парите ги спремив одма кога рекоа може ќе треба, денес целиот преглед некако ми беше усилен како проформа за да договориме серклаж и ми стави сомнеж.. баш пишав на докторот за ферона дали да ги зимам, ги има секаде?
Zdravo. Te citam za feronata. Jas sum so kratok cervix i abdominal serklaz. Koristam utrogestan, Simonida Kotlarova mi hi preporaca ferona. No operatorot koj mi go pravese cerklazot mi rece nema potreba. I nz sto da pravam. Utre ke prasam i kaj maticen .Tebe ti gi odobrija ili...
Како и за сѐ останато. 5 мина да прашаш, 5 различни одговори ќе слушнеш. Одбираш да веруваш на еден и тоа е, не знам шо е веќе паметно.
Поради таа причина и јас не појдов викендот на преглед, сакав да одам на државна да ме видат дека вака го осеќам долу фаќа а за на матичен е рано па си реков тие што ќе кажат ама после си реков којзнае што ќе кажат различно од матичната па во мисла ќе ме клават и не појдов.
Јас мислам и кај докторката кога кажав на кое место мава ми рекоа е многу рано за таму, тие пливкаат и нагоре ама сепак многу долку толку во таа недела е рано. Ми рече сигирно ме си одмарала многу па затоа се спушта така ниско.
6 недели од серклажот во 21 недела (скоро 27ма) , но некако последнава недела почна да ме фаќа анксиозност, страв дали ќе издржам барем и 7ми месец да го поминам. На контрола сум за една недела се надевам дека се ќе биде во ред, но преголем е стравот. Последниве 2 дена ми се зголеми исцедокот, како белка од јајце растеглив како при овулација, некогаш малку и жолто/зелен, без мирис, без чешање. Така и претходно имав, некое време бев раат сега пак
Знаеш дека појачан секрет во бременост е нормално, од прогестеронот. Сѐ додека не сменува боја или мирис, добро е. Не се секирај, штом одлично поминале 6 недели, како песна ќе поминат уште 10. Ќе ги молиме да излезат на крај.
Скратен е цервиксот на 1.17 и имам зголемена плодова вода. Ништо конкретно не ми кажа, да продолжам со терапија и да истуркаме барем уште 10тина дена.
Да, истото ме прашаа и докторот. Гликемија на гладно ми е 4.6, по 1ч 7.1, по 2ч 6.5. Добри се резултатите. Позитивен рх фактор сум. На три места, кај тројца различни доктори одев за скрининзи, ниеден не виде нешто сомнително. Шо секако не е гаранција дека не е пропуштена некаква аномалија, ама ми дава малку надеж дека барем еден ќе видеше нешто сомнително. Некако не стави многу значење на полихидрамнионот како состојба колку шо акцентираше дека и зголемената плодова вода дополнителен притисок прави на цервиксот. Немам памет веќе.