Мислам дека тука за нив мирување е научна фантастика ама јас секако повеќе мирувам поради тоа што крвавев. Не дигам тешко, само ручек правам, садови да измијам, алишта да здиплам, другиот дел од обврските ги прави сопругот. Еднаш до два пати неделно излегувам еден круг да направам и толку. Денес докторката беше као демек нормален е цервиксот, ама дојди за 2 недели на контрола. Терапија ми рече само магнезиум, ама јас пијам дабростон 2x1, ферона 1х1.
И на мојот доктор ставот беше дека бед рест не е докажано дека делува и дека нема потреба да лежам, само да не кревам тешко, да не се наведнувам, да не се преоптеретувам со пешачење, работа.. е ама кога ми се скрати цервиксот на 1.7 прво шо ми рече беше дека ќе морам да лежам. Пак промрмла нешто во смисла не дека тоа има најголемо влијание, ама пак ти лежи... Можеби ако лежев или се пазев повеќе кога ми беше 32мм немаше да ми се скрати толку, ама тоа е што е сега. Внимавај, навистина гледај колку можиш да лежиш, не мора буквално да си врзана в кревет, ама секоја можност користи ја за лежење со перница под газ. Супер е што си покриена со терапија, особено за фероната, сите странски форуми и статии што ги исчитав беа во прилог на тоа дека алфа липоичната киселина го чува цервиксот.
Денес морав да подвижам прваче ми е големиот па нема никој дома да го земи сите на работа морав училиштето ни е на 5 минути пешки па со малото со точаче бевне го зедовне. Немам сега мака се надевам дека нема од после да штети.
Здраво. Ме задржаа ноќеска поради пукнат водењак. 26+3 г.н. Примив антибиотик и инекција за зреење. Цтг мирно и уредно, бебето е супер,плодова вода има затоа што не ми истече цела. Ми истекува по малку. Ве молам за искуства за да ми олесни затоа што факт е дека ќе се породам предвремено. ❤️
Мила со лесно.. на сестрами со првата бременост и беше исто истечел водењак во 27нед ама со строго мирување и многу ама многу вода надополни малце ама доволно за да може внука да мрда и да нема проблем со зреење е сега се роди помалечка ама ете ја сега голема мома од срце ти посакувам и ти и бебенце да бидете добри инаку се породи царски мораше ради тоа во 38 Нед. Мирувај и пи многу вода тоа е што го знам од сестрами ти ја посакувам цела среќа и сила да издржите што повеќе
Немам искуство, сакам само да ти пратам силна виртуелна гушка за поддршка. Бог нека ве чува, сѐ да биде во ред.
Со среќа со лесно, ништо не е страшно не се грижи и да полежи во инкубатор здраво живо важно. Таткоми пред 55 години се родил 7 месец тогаш ни инекции за зреење ништо па супер било се во ред. Ти сега инекција за зреење ти дале ќе му помогни на бебето и Господ ќе помогни колку што можиш позитивно. Гушки од мене доколку ти треба разговор пишими во приватна порака.
Мила ти праќам гушка за утеха. Лежи слушај доктори јас знам и доста случаи каде издржале уште некоја недела така во болница додека се породат. Верувам бебчо ќе поседи за да влезете во уште побезбедни недели.
Ајде девојки која во која недела стасавне со одмор? Јас 31 +2 уште овој месец да помини да издржи бебчево доста е.
Добро сум мила,колку што можам да бидам. Секој саат ми поминува како година, чекањето е најтешко. Плодова вода нема уште многу,така да породувањето се ближи. Се надевам дека ќе биде се во ред. Фала што ме мислиш ❤️
Ако можам да те утешам - моите братучеди пред 13 години се родени во 27-8ма недела. Толкави дечковци се станати денес. Ќе биде се во ред, силно верувам во тоа. Борци се маливе повеќе од што мислиме
Дај боже. И тука докторите даваат шанса . И вака позитивни приказни ми даваат само повеќе храброст, верба и позитивни мисли ❤️