Не знам кој ум немам веќе мажотми не можи на боловање свекрвами мајками не се нудат сами на работа двете се од сабајле одручек само свекрвами го чува мајками не ни иди . Ми се нуди жена од пријатели да го чува од сабајле тие што треба не не знам веќе што да правам како дака Господ така нека биди.
Не можам ни да замислам колку ти е мака особено со мали дечиња.. пробај што можеш максимум да си помогнеш, сопругот нека ти припрема во близина работи кои ќе ти требаат за следен ден, јадење оброци некои бар да ти се спремни за да не треба долго да стоиш за припрема. Пробај со дечињата да им наоѓаш игри каде ќе седат, боење цртање некои идеи од интернет чисто за да не клекнуваш стануваш цело време. Ти посакувам бар уште 4 недели да издржиш
Ако ти е за утеха 2 недели веќе ми истекува како вода и чат пат секрет бел густ. По пх не плодова вода најверојатно уринарна инфекција и се подмочувам. Дали имаш проверено црп? Мене по тоа ми увидоа дека се работи за инфекција.
Ти благодарам многу сега не се наведнувам скоро ич и лежам денеска повеќе и во вц кога одам сеќавам тежина и долу ме пецка нешто не е болка пецкање е, дај боже да не е отворање
Црп не, завчера направив крвна слика,урина и уринокултура се е во ред таму, само дека сум имала песок па рекоа повеќе течности да пијам за да се дочисти... а кога прашав дали да правам пак брисеви сега (последно во 14та недела направив) рекоа нема потреба рано е тоа може во 28ма пак ама ќе сме виделе
Jas nemav problem za predvremeno, ama od 36 nedela bev 3cm otvorena, na termin se porodiv. Stiskaj bebe, neka odmara ushte malku, se ke bide vo red
Имаш уште доста. Непредвидливо е. Гледај да одмараш колку што е можно повеќе,знам дека е невозможно со други две деца ама дај максимум и барај помош овие неколку недели.
Ќе се скараме малку сега. Не чекај да ти се нудат, јасно и гласно кажуваш дека ти треба помош. Ти ако си ќутиш и си се влечкаш по дома, никој нема да те праша. Жената од пријатели нека доаѓа, зашо се мислиш? Дечињата колкави се? Феникс убаво пиша, најди им занимации од интернет. Има милион ствари, цртање шкртање лепење одлепување, ма шо сакаат нека прават само да се мирни Издржи уште некоја недела ајде
Некако децата освен што нормално ќе растурат друго не ми е тешко ме нервира поќе што нема кој да собери да фати да се исчити ама тоа е.
Сум за карање децата 6 год и 1,6 месеци не ми се толку се заигруваат големото помага, проблем е што нема кој да замети да измија поголеми работи низ дома еден куп а 5 недели никој се нема понидено да фати свекрвами немам лице да и речам си иди од работа го зема малото го шета го игра мене ми е проблем мајками што воопшто не подидува и да за карање сум што не сум строга мора и готово но таа е таква со сила па душата ме боли како родител така можи.
Значи можи да терам. А чувствувам тежина кога движам постојано ми се мокри и пецкање долу така ти беше или? Сега со секој симптом си мислам се отворам
Јас овие 5.5 месеци лежење едно конечно сфатив, куќата и чистењето нема да избегаат!! Во слична ситуација сум за помош од мајка и свекрва и тоа ние немаме дечиња. Еднаш се немаат понудено, сопругот чисти она што е главно ама генералка нема направено ниту па е тип што ќе се снајде, првиот месец збеснував од стрес дека ми е нечисто дека ќе дојдат НА ГОСТИ мајките и ќе речат не е чисто дур не сфатив дека сега е бебево најважно, ако не си дошол да помогнеш немаш право да коментираш, се ќе се стигне одпосле и така го смирив тоа психотичното во мене што мораше на 2 денови да прави генералка дома од 0. Важно е да се јаде нешто во денот и ете садови да има за јадењето, за тоа сопругот навечер може да прави измие за да не се трупаат. Другото ич не му ја мисли, не вреди! Штом дечињата се нахранети и си играат не си прави потешко кога чистењето сега е најнебитно.
Сите што сме повеќе на мирување хаосот дома не нервира. Маж ќе фати нешто ама не може како ние што ќе средиме. И јас се нервирав, се нервирав и се помирив, барем чинии и алишта да се средени тоа што најмногу ни треба. Па за прашина, прозори... ќе има време пак ќе биде се цут. Искрено едно време мислев да најдам некоја жена да и плаќам, но од друга страна не сакам никој да ми се мота дома, да ми ги фаќа вешот и слично.
Во право си за се, не можам да се помирам со мајками колку стрес ми предизвикува што родители така ќе беа.
Затоа викаат памти па врати. Не само родител било кој и да е, кој како за тебе така и ти за него. Они не разбираат дека утре ден ќе треба ти да им помогнеш ама затоа ќе имаш лице да кажеш чекај извини јас кога не дај боже имав ризик да го изгубам бебето ти не ме ни праша како сум сега немам време со 3 деца извини. Никогаш нема да биде дома чисто особено со 2 деца затоа не се замарај и надвор не е чисто па фала богу здрави прави се децата издржи уште малку.
Така е само дали се свесни не знам и ме бендиса многу муабетот од @Fenix05 ако не помагаат немаат право на мислење
Денот кога се породив у 8 сабајле бев на преглед се во ред , вечерта во 8 ми пукна водењак, иначе една недела претходно само една вечер имав лажни контракции и уште во 27 или 28 недела едното бебе си притискаше доле.