@Dzulija* Можам само да замислам колку ти е тешко од една страна да мораш да мируваш заради бебето во стомак и да неможеш да им обрне внимание на другите две. Ако ти е за утеха без никакво зреење се породив во 32 недела со близнаци, едното бебе помалото , послабото, тоа за кое повеќе се плашевме се роди со тежината на твоето бебе сега се 7 месеци и неможам да ја застанам пелена да и сменам. Со господ напред ќе биде се во ред , само позитивна мисла.
Да ти се здрави и живи утеха ми е да фала ти на споделеното искусво. Не знам од каде си јас сум од прилеп па тоа што ако се роди предвреме ми рекоа мора скопје а скопје немам никој друго е во геадот каде што живееш блиску се да донедат се што треба, но најважно е бебето здраво живо
32, Пошто бременост со близнаци ми беше препорачано мирување , не направив ништо посебно тој ден кога се вратив од преглед. Се сеќавам ми се јадеше ориз тава ги измив само батаците , свекрвата доврши.Почна да ме боли стомак да неможам да седам што не беше нешто ново и претходно неможев долго да седам мојата госпоѓица притискаше со главчето си лежев тој ден имав болки али не беа на интервали, некаде околу 18h се зачестија и нешто пред 8 или после 8 ми пукна водењакот заедно со плацентата на едното бебе. Машкото остана во болница 14 дена, девојчето 17, а педијатар откако се породив ми кажа 4 до 5 недели ќе останеле.
Фала , и твоите. Ако викаат дека треба хоспитализација не размислувај два пати дојди во Скопје, доволно е да имаш пари во тебе , сигурно ќе се најде некој да ти донесе што ти треба, цимерки,персонал. За нас многу ама многу значеше што сме од Скопје , за помалку од 10 мин стигнавме во државна, заради пукнатата плацента бебињата почнаа да голтаат крв и тоа беше лошо за нив како што ми кажа докторот што ме породи "добро е што брзо стигнавте во болница, секунди ве делеле" овие зборови никогаш нема да ги заборавам и сега додека пишувам се ежам. Не ми е намерата да ве исплашам дополнително знам како ви е и јас доаѓав редовно во темава да читам искуства. Поентата ми е штом видите пукнал водењак , крв одма во болница како што сте без одење под туш средување... Јас отидов по пижами и да не беше маж ми и без јакна ќе излезе од дома.
@Dzulija* мами не е време за гордост. Ќе побараш помош гласно и јасно. Мајка ти, маж ти и свекрва ти ако земат по една недела одмор/боледување е најбезболно за сите. Не ти треба ни чистење, ни ништо. Да ти дадат тебе храна и вода и да ги нахранат и анимираат дечињата. Јас верувам дека и пред да си бремена дома често беше хаос од играчките на децата, барем кај мене е, иако сум со едно. Или од вечер да ви спрема сопругот оброци и вода во шишенца во фрижидер, па најголемото да зема и за нив и за тебе. Тешко е, ама па недели се во прашање. Исто како да си скршила нога и не можиш да станиш. И немој да се паничиш ако треба да одиш ск да се породиш. Подобро, бидејќи таму имаат опрема за прематурчиња и добро е што од Прилеп ти напоменале, да не се губи време за транспорт. Не ти треба чоек за таму, ти спомнаа и погоре, ќе замолиш некој да ти купи тоа шо ти треба, на толку персонал и пациенти, сигурно ќе се најди еден барем шо ќе ти помогни ако имаш потреба од помош.
Џули, ако дојде до тоа и да лежиш на ГАК, еве што и да ти треба се нудам пиши ми. Ќе ти донесам се што можам
Премногу ти благодарам колку значат утешни зборови, не сакаат боловање да земаат најверојатно му кратат од плата па затоа и демек кога не се арни не земаат.... Јас се што можамќр направам и големотодете ми е добро па ми помага,сопругот на вечер исвекрвами наодручек.
Ме наежи фала многу на понудата, сеуште постојат добри луѓе дури и да не те познава некој повеќе можи да ти помогни од блиските такво време дојде. Благодарам уште еднаш.
@Dzulija* мами чувај се, одмарај и барај помош Мамички други како сте? Update: денес на контрола цервикс 33мм, со бебе се во ред. Наредна контрола дури за 1 месец
Некој искуство со намалена плодова вода во 30та недела? Не ми е намалена скроз уште е во граници ама иде накај долна. И што сте направиле за да се зголеми? Секој совет е добредојден, да напоменам дека не истекува туку само е намалена.
Јас читав дека мнооогу помагало сушено овошје, дури некоја докторка и имаше препорачано на една членка па следна контрола била баш вратена во нормала. По 100гр дневно, е сега не сум видела дали има некое без шеќер за да не си направиш беља со тоа.
Ми кажа урми да јадам 5 максимум на ден и контрола после тоа наводно помагало ама мислев освен тоа уште нешто дали има Ме фаќа страв да не се има намалено ради стомачниот што се протурив од повраќање и пролив зошто ме фати викендов а минатата недела во средата се си беше нормално. А и бебето си напредува нормално.
И мене исто ми рекоа намалена дека ми е ама да се раздвижам повеќе зашто лежев доста ради серклажот. Урми 6-7 дневно ми кажаа и повеќе вода. Мислам дека сме кај иста докторка од тоа што те имам читано тука. Инаку некој ми кажа и желе бонбони ама не знам од која причина помагаат може ради желатинот.