Сакав да кажам дека јас пак ќе сметам 9 ти месец од 10 октомври бидеќи мерките од бебето можи и да не се точни толку.
Цервикс добар е е сега за 2 недели пак на преглед заради протоци најверојатно со 2 клексани ќе сум али да видиме колку ќе порасне, цервикс затворен и 4цм е, а јас болки си имам и во кичма и ми се стега стомакот ме ставија на цтг ама мирно е за сега па ќе видиме. Едвај чекам 36та да влезам и готово маратон ќе трчам жими се оваа бременост се измачив.
Го зголемуваат протокот на крв од плацентата до бебето Со првата бременост ради мутации примав по 1 и беше за 2 недели понапредно од нив, а со ова одговара точно за неделата ама го гледаше и доплерот и затоа остана да се видиме пак да се види колку ќе качи на килажа
Официално 36 недела, завршив со лежење, пак ќе одмарам и нема да пешачам но со кола на воздух ќе излегувам. Ви посакувам и вие да истерате како мене. Ви благодарам на подршката. ❤️❤️❤️
Јас после лежењето во првата бременост,од 36та недела се уклучив на турбо за пешачење Не се секирај, сега ќе го молиш да излезе 39+1 се породив тогаш
Јас си мислам ако почнам да движам готово ќе се доотворам хехе па затоа почекувам уште малку, ама и не знам колку ќе можам многу е долу бебето притиска на бешика и тешко ми е движењето.
Тоа чувство и јас го имам кога одам, а некогаш и на лежење ми се случува да боли доле дури, а цервикс 4цм можам на планина да се качам
Денес на преглед грлото околу 10мм, но почнало да се отвара. Надворешно засега држи серклажот. Утре полна 33та недела, бебето одговара за 35та, 2500 грама. Којзнае уште колку ќе издржиме
Штом има над 2кг подруго е. Брат ми е 2700 роден предвреме и немал никакви проблеми без зреење без ништо и замисли највисок ни е во фамилија
Искрено тоа и ми е најбитно, да се роди живо и здраво. Но, сепак ме плашат неделите 33 недели, да не е многу кревко и незрело иако големко. Маж ми не е премногу висок, околу 1.80 ама е роден 4500 гр сигурно на него е големко.
Сега со секаква технологија од 25та недела преживуваат а не пак 35та да е без грижи само позитивна мисла и не се стресувај зошто осеќа и бебе.
Грлото ти го мересе вагинално со рака или? Оти мене само со рака ме гледаше и така мм за грлото не ми кажале туку само назад па сега централно. А дека 2 недели поголемко бебето не ти го преместуваат терминот пример да те сметаат како 35 та?
Која недела стаса ти? Цервиксот со тоа што го ставаат мене ми го немаат мерено туку само со рака проверуваат колку прсти.
Внука ми е родена во 35та не се секирај ќе биде добро бебушко, сепак умерено ти уште 2 недели со движење да добуткате и повеќе Мене па должина не ми ни мереше на контролата само како држи серклаж гледаше, па после ехо за плодова и бебе ваљда нема да ме дамлоса на 24ти отварањето го гледаше на ехо?
Должината на грлото ми е 10мм со вагинално ехо ми го мери, а за отворено веројатно не е многу, но не може да ми го мери тоа со рака бидејќи имам серклаж. А за терминот не знам стварно засега ми нема кажано друг термин само дека одговара на 35. Исрено како што ми е втора бременост ова и јас научив да го гледам грлото, ќе побарам на интернет некоја слика од ехо отприлика како изгледа. Edit: првата е скроз затворено, на втората слика почнало да се отвара, третата уште повеќе.