28 недела. Цервиксот се скратил на 21мм. Бев во болница 3 дена, нема инфекција, нема отварање, нема дополнително кратење, терапија вагинални прогестерон од 100 мг навечер и 200 мг наутро и бед рест. Треба да издржиме барем уште 6 недели, па да слушнам некое искуство, дали некоја издржала толку време со таков цервикс
Јас иста недела со 10мм, до 34+4. Ќе издржев и повеќе, но ете сплет на околности во короната. Примав прогестерон депо, магнезиум и утрогестан. Секој има своја приказна, но бед рест е докажан дека помага кај повеќето со скратен цервикс. Исто така и инекции за зреење примив во 28 и 32.
Магнезиум пијам и јас. Инекции за зреење ми кажаа дека ќе примам ако продолжи да се крати, ама остана иста должина од четвртокот. Контрола ми кажаа другата недела.
Станувам само за до вц и набрзина нешто за јадење да земам, затоа што поголемиот дел од денот сум сама. Докторката вчера вика можеш дури и да се раздвижуваш, ама јас не би
Ќе биде добро мила само не стој долго на нога зошто веќе бебарите тежат во нашиве недели. Јас не знам дали е и до феронава што ја пијам 2 месеци веќе ама да не го подречам серклажот докторов вика нема мрднато ни конец а ни па грлото да крати, само мирување, терапии и ќе стигнеме до безбедни недели.
И мојот конец си држи, но грлото како и во претходната бременост почна да се крати, сега околу 30та недела. Но, затоа бед рест е многу важен, еве 4 недели лежам откако почна да се крати, засега сме добри со бебуш.
Да, многу помага лежењето а и некако најсигурна се осеќам кога сум дома, во кревет. Ќе излезам до некаде половина час мислам срцево 400 ми лупа. Ајде одиме кон следна сабота јас и ти полека ти ситно броиш верувам ќе издржите
И јас ја пијам фероната мила од 3тиот месец. Сега останува само да одмараме и да се надеваме дека ќе биде се во најдобар ред
Dali feronata e nesto Sto pomaga za grloto?mnogu gi citam,pred dve godini go nemase?koj vi gi preporaca?Simonida mozda?
Се смета дека го чува грлото. Мене ми ги препорача матичната и ми рече дека може да ги пијам до крај.
Само да ве поздравам и да ве охрабрам, девојки само позитивно, ќе издржите. Јас сега сум 37+5 и веќе од 36 недела не се пазам не ставам утрогестани, и се друго кога се чувствувам добро движам, работам, секако во границите, па еве се се спреми бебето за раѓање но уште не излегува. Малку е чидно како работата беше демек готово да се роди да лежиш воопшто не станувај оти ќе се роди а сега движење и се не се раѓа. Така да мислам дека кога Господ сака тогаш.
@Isabel како поминавте на контрола? уште 2 недели и останувам самичка во групава изгледа не ме заборавајтее
Супер поминав, цтг мирно, а грлото не ми го мереше само го виде дека е затворено и баш искоментиравме дека е поголемо од претходната недела. Прв пат ова да се случи, досега се помало и помало беше, последно дури беше и како подотворено. Не се грижи ќе те следиме како си, ма да ќе истуркаш и ти убаво. Па да си ги гушкаме, живи и здрави