Апсолутно никакви, немав ни некоја физичка активност да кажам, тој период не ни бев на работа, ако испешачев и толку. Буквално ништо не осеќав за да знам
Да се надевме дека ке биде се океу овај пат кај двете.. ја сум 15 недела сега ... ама ке ме следи повеќе сега очигледно .. на работа одам ама не ми е тешка работата. . Рече февруари, март ако сакам да пишиме патолошка и да одмарам дома. Мирувањето ти е строго лежење или да не работип и движиш премногу ?
Не ми е строго лежење бидејќи веќе 4 недели должината на цервиксот е иста, ми рекоа тогаш ако се намалува строго лежење, но јас сепак повеќе лежам, се раздвижувам, еднаш во недела до маркет низ дома ручек и толку, барем уште 3 недели после ќе е лесно. Бидејќи одам кај две докторки, едната уште тогаш ми кажа да си бидам активна, но сепак не сакам да ризикувам. И јаа би ти препорачала пред крај повеќе лежење и одмарање, и сега си го следи цервиксот на секоја контрола, ако забележиш кратење почни и порано со мирување. Да се надеваме на најдобро
Девојки да се посоветувам со вас . Пијам висока доза на магнезиум (околу 1400/1500 мг) заради скратувањето на грлото на матката, но многу ми прави мека столица, не знам што да правам. Дали некоја од вас го имала овој проблем? Еве од денес ќе јадам тврда храна, ама не знам дали е тоа решение
Доктор ти препорача доза? Течна столица е реакција на презаситеност на телото со магнезиум посоветувај се со докторот да не треба да поднамалиш малце
И јас пиев отприлика толку, ми се собираше од се што пиев како дневна доза. Исто ми беше столицата и Котларова дека она ме водеше, ми викаше нема гајле тоа и вика поарно мека него цврста.
I jas isto, 1000mg plus nesto od Ferona nautro i navecer i Kotlarova isto rece ,podobro takva stolica. Ne e strasno
Здраво, би сакала да ве прашам дали во Систина се породивте во 27 недела и дали бебчето беше во инкубатор? Со скратен канал сум од пред две недели (беше 27мм), денес 24мм (29+6 сум) и докторот ми рече за две недели на контрола и ќе треба инфекции за зреење тогаш за секој случај. Испаничена од тоа што ми го кажаа ништо не ми текна да прашам - колку време после инфекциите за зреење тие имаат ефект (колку време им треба да делуваат), дали по 32 недела ако се породиш бебчето оди во инкубатор, како им се таму цените од ден за инкубатор доколку има потреба (зошто инаку планирав Систина да се пораѓам) и сл. Би сакала да споделите ваше искуство, однапред ви благодарам
Не знам дали мајка ќе успее да ти врати брзо со мало бебче па ќе те известам јас зошто слична ситуација прашав и прочитав се. Инекциите делуваат за 24ч но се со дејство од 7до10денови (ако се породиш во тие денови делуваат ако не ваљда аќе треба доза плус) Во принцип бебарки родени пред 34та недела зависно колку им се развиени бели дробови и органи лежат во инкубатор или топло креветче. Во систина престој за мајка е 16.000 ден од ноќ а за бебе е од 13.000 до 36.000 (вторава сума не сум сигурна дали беше до денар точна) но ова зависи и од состојбата на бебе, на кој оддел ќе лежи и дали е обична нега.
Еве и јас што имам информација ќе ја споделам од снаа ми, нејзиното бебче лежеше во инкубатор, деновите што ги следуваа од царкиот плаќаше мислам пола цена околу 200 евра од ден за бебето ( пола цена велам оти после ко поминаа тие 5 дена што си го следуваше плаќаше по 400 евра од ден за бебето нејзе ја пуштија регулар не плаќала за нејзе дополнително.
Ви благодарам за споделени те информации, дали се од оваа година цените? Која недела беше родено бебчето и колку време беше во инкубатор?
Да да во јули беше ова, се роди 33 и 6 дена, бебчето во инкубатор беше 9 дена и три дена во топло креветче . Све си беше во најдобар ред .
Мајка не ти е толку кратко.Не е идеално.Ама со лежење и терапија можеш да стигнеш до безбедна недела.Ќе биде во ред
Девојки значи денес на рутинска контрола видоа дека грлото се скратило на 1.8 / 2.0 см и имам фанелинг а сум 27 недела , а бев со одмарање и предходно дека ми беше околу 3 см, не можам да се смирам мислам само ми течат солзи , терапија примам утрагестан 2 пати, магнезиум 2 пати, ферона 1 во ден, што повеќе, серклаж немам и рекоа касно е за него, само одмор и да се молам да изджиме до некоја безбедна недела, и со првото бебче беше слично ама почнаа покасно накај 32 недела проблемите па издржавме до 36 некако а сега ем порано доста ем со тодлерче дома кое си бара внимание.