исто во 27 недела на контрола ми рекоа скратен цервикс (27мм) со почетен фанелинг, во 29 недела беше 24мм (со мирување пак се скрати) ми рекоа да лежам до 32 недела и тогаш најверојатно ќе ми ставаат инекции за зреење. Терапија исто утрогестан 2*200, магнезиум, фемибион и на своја рака почнав од пред три дена да пијам ферона (докторите не ми ја кажаа, прочитав по форумот им пишав ги прашав но ни матичниот ни од систина ми вратија). Мене ми е прва бременост после една вонматерична и до 24 недела ми беше супер 36мм. Не знам што се случи во меѓувреме. Се молам од недела во недела само да издриже што е можно повеќе
Незнам ете зошто се случува ова не ми кажаа никаква причина, такво ние е телото валда, мене ми е 4 та бременост два спонтани, едно синче имам и сега оваа бременост.Која недела си ти сега? Ај беќи издржиме до некоја безбедна недела .
Мила мене 1.8 ми беше 29та недела, истерав до 34+5. Да немав полихидрамнион, ќе издржев уште, сигурна сум барем уште 2 недели. Строго мирување, зголеми магнезиум на максимални дози и ферона, јас земав по 2 на ден и мислам дека тие многу ми помогнаа да не се крати дополнително грлото. Обавезно разговарај за зреење. Праќам гушки за поддршка. Ако си на строго мирување, покриена со со терапија, ќе издржиш. Ептен варијабилна е должината, а ние и за милиметар плус се молиме. На еден преглед ми се случи од кола до амбуланта само шо изодив (претходно строго мирување и в кола лежев со перница под газ) цервиксот да ми го измерат 1.3цм, а после некое време како шо лежев се издолжи на 1.7. Ви ја посакувам целата среќа на светов, живи и здрави бебушки в раце да си земете.
Фалаа ти мила @IRBBB на подршката ај се молам на бога и ја да издржам толку. То е и проблемот кај мене неможам да имам многу помош јас сум далеко од моите а свекрвами има и родители кои ги чува кои не се добри а и друго мало внуче кое мора да го чува , незнам мора некако да се прават комбинации. Ајде со помош божја ќе истуркам валда
Мене во 28ма недела ми беше толку, баш имам пишувано тука, за потоа да се стабилизира 1 месец. Во 32 недела и покрај строгото мирување се намали на 1.5 цм, па на 1.0 цм и тогаш примив инекции за зреење и терапија против контракции, после една недела повторно терапија против контракции. За сето тоа време бев во болница и ме пушти ја дома штом влегов во 34 недела, со напомена дека и да тргне процесот нема да стопираат ништо, бидејќи бебето е доволно зрело за да се роди. Еве сега ја терам 35та недела, се надевам ќе издржам уште неколку дена да влезам во 36та недела, прогестеронот ми го прекинаа уште во 34 недела, така да не плаши се, само позитивни мисли и се ќе биде во ред, ќе истераш до безбедни недели.
Фалаа ти многу на убавите мисли,ме смируваат многу ваквите споделени искуства, дај боже сите да истераме до безбедни недели, ти полека можеш психички да си се опуштиш а бебка ќе си поседи сигорно уште, можеби и се заарнило па да си итерате до крај
Се надевам ќе поседи уште малку во мешето, ама денес нешто ме мачат менструални болки, не се јаки, онака тапи. Инаку и јас прашував што ја предизвикало оваа ситуација, со оглед дека немам никакви претходни истории, добив одговор дека едноставно таков ми е организмот. Со мирување, позитива сите дај Боже да истерате до безбедни недели
Утре сум 31 недела, 32 ми рекоа зреење дека ќе примам. Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред кај сите
Леле јас 2 3 денови така сум и ме мачат мисли до цтг на 20ти работата е што ме смируваат болките 2 3 мин откако ќе легнам и ако лежам цело време нема никакво болки ама на стоење баш осеќам нелагодност. Ама и сама сум виновна ме фати паниката се да е чисто за бебето и се форсирам. Јас се надевам сите од темава ќе излеземе со породени бебушки после 37ма
Мислам дека сите баш овие недели ги чувствуваме тие болки. Мене пред два дена ме разбудија од сон, си реков готово зарем веќе ќе излегува, се напив магнезиум се смирија за еден час. Денес бев на преглед цервикс во ред, затворен, но од време на време си ги чувствувам болките. Си велам барем уште оваа недела да издржи, после нека излегува.
Кај мене денес се постојани, интензитетот не се зголемува и цел ден чекам да почне некој процес, ама ништо не се случува за сега. Се надевам ќе почека уште неколку дена
Ти верувам мила, пробајте ако е можно со некакви комбинации. Јас некој период заминав кај моите, една недела мм зеде одмор, една недела блиска другарка беше кај нас, после мајка ми зеде одмор и штом дојде таа по 2 дена се породив. Знам дека е претешко и скоро невозможно мирување со тодлер, но верувам дека ќе успееш да се справиш. Повеќе статички игри, ти да лежиш, тој да седи до тебе и да игра, ако треба и тв нека гледа цело време додека сте сами. И само позитивна мисла, сѐ ќе биде добро.
Фалааа ти ќе правиме комбинации, мораме да се истурка барем уште некоја недела, на синот му порачав игри нови повеќе, да стигнат па мислам ќе го занимаваат колку толку, и тв ќе пуштаме све само да издржи женскава повеќе да седи во стомакот
Update od mene.. 29+2 nedeli, na kontrola denes, grloto od 41mm na 32mm, no so vklinuvanje i poceten funneling. Serklazot drzi. Bebeto e 1430g. So nego e se vo red. Sledna kontrola za 31+2 (za dve nedeli) i togas se odlucuva za zreenje. Ke si polezuvam poveke, jas izgleda preterav so aktivnost.. se poznava
Лежи мајка секоја недела плус значи многу. До 34та одлежи после ќе средуваш, не е лошо 32мм со серклажот само да не отвара повеќе сега внимавај,да не тежи бебче врз грлото
Од доктор во една од приватните клиники, грлото во 21ва недела ми беше 19мм поради инфекција во плодовата вода. Со сумамед, лежење и цела оваа терапија се качи на 24мм и седи така 4 недели. Секаде читав дека ја даваат оваа доза на магнезиум во комбинација со мирување за да се спречат контракции
Update од мене денес бев и кај др. што ме води во Систина иста ситуација 1.8 грлото и подоотворено од внатрешна страна примив инекции за зреење и утре пак една, примив и прогестерон депо една доза и некои чепчиња indometacine мислам дека рече се за смирување на контракции и болки. Се чудеше дали да ме задржат па рече да одмарам максимално со перница под газ и да се надеваме на безбедни недели. Се помируам со ситуацијата полека само да истуркаме повеќе