babylove овошни кашички

Мозолчиња и осип на бебешкото лице

Дискусија во 'Бебе' започната од st-ojanovska, 12 декември 2012.

  1. st-ojanovska

    st-ojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Ве молам пишете ми ваши искуства околу третманот на мозолчињата,син ми има еден месец и од пред една недела на лиценцето и главата му се појавија мозолчња и цело лице му е како корупка. Предложете ми нешто ефикасно, и извинете доколку темава е веке некаде обработена, нова сум на форумов.
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.028
    мозолчиња и исфрленост на бебешкото лице

    Нема третман, можеш евентуално само со крема која содржи цинк да ги мачкаш, а и без неа сами поминуваат за 7-10дена. Нас дури сега почнувааат скроз да ни исчезнуваат а имаме 2 месеца
     
    На NewMommy и girl1985 им се допаѓа ова.
  3. CudnaZena

    CudnaZena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    12
    мозолчиња и исфрленост на бебешкото лице

    А имаше за тоа една црвена течност, не ми текнува сега како се вика, патронажната ни кажа ако се јавуваат мозолчиња со неа да ги мачкаме

    сега ја најдов и прочитав, на неа пишува EOSINI SOLUTIO AQUOSAN на галафарм е
     
  4. st-ojanovska

    st-ojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    мозолчиња и исфрленост на бебешкото лице

    da daa so eozin se mackame ali nekako ne gledam podobruvanje:P
     
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    26.708
    Пол:
    Женски
    мозолчиња и исфрленост на бебешкото лице

    Треба да се разграничи дали се постпородилни акни кои се од хормоните кои ги пренесува мајката во крајот на бременоста или може да е некој вид алергија од храната која ја јаде мајката. Мене повеќе ми личи на постпородилни акни и не се секирај ќе поминат сами од себе. Не треба никаков третман само миење со млака вода 2-3 пати дневно, а и чистење со мајчино млеко помага. Не мачкај никакви креми-кортикостероиди, тие само може повремено да го решат проблемот и да предизвикаат влакнетост доколку се користат подолг период. Доколку мислиш дека е некој вид алергија, тогаш исфрли ги млекото и млечните производи за околу една недела, за да провериш да не е од нив.
     
    На st-ojanovska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.028
    Јас не би ставала еозин, језива ми беше кога ја ставивме на газето поради пликовите, а не пак на лице. Никогаш не би и ставила.
    Јас имам една крема од ДМ на babylove со цинк, многу ефтино ја земав дали беше и 40ден, 2пати мачкање поминуваат. Но кога видов дека и сами од себе минат престанав и таа да ја ставам.
    Пред една недела и излезе на носето, точно на средина, како вештерче беше, но еве сега веќе не се ни гледа.
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    на почеток на син ми му се правеа од топло многу брунчиња на лице и во главчето му ставав пудра на бекутан и му врвеа
    а сега му се направија како лишаи и брунциња и купив од мустела стелапротект за осетлива кожа
    одма му се исчисти од првото мачкање.
     
  8. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    150
    И ние имаме ситни бубулици на лиценцето ама сеа за сеа не ставам ништо имам кремасо цинк на беколино може од таа ќе и ставам ама ќе видам ќе почекам да видам дали ќе поминат сами зашто не се страшни многу
     
  9. st-ojanovska

    st-ojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    lelee ne znam i jas cekam da mu pominat sami nisto ne mu stavam ali nekako na poloso mi odi uste poveke mu se nadraznuva licenceto :(
     
  10. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    150
    st-ojanovska нас ни поминуваат веќе и онака беа ситни , види со што го бањаш ние сме суште на еуцерин сапунче кој е хипоалерген лице не мијам со сапун ама додека ја миеме косичката и се слева од сапунливата водичка малку накај лицето ама ништо страшно . Лице чистам исклучиво со газичка и физиолошки и толку. Види ја козметиката таа да не го иритира или да не допира до нешто што го иритира на пример кога ја држам обавезно има пеленка ако е свртена на кај мене да не го допира лицето до материјалот
     
  11. st-ojanovska

    st-ojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Mamickiiii dolgo vreme pomina a jas neupotrebiv nikakva preventiva osven eozin,i se poveke i poveke mislam deka mu se vlosi licenceto,bevme na lekar ne ni dadoa nisto ni rekoa deka sami po sebe ke ni pomine ali na poloso odese ama na podobro ne :( :( a ne sakav da stavam se i sesto posto sepak se raboti za bebeska koza,no edni prijateli mi preporacaa MAST OD BITOLA bev vo dvoumnica ali citav forumi i mnogu od majkive bea zadovrolni i resiv da ja zemam.Prosto se cudam i ne mozam da veruvam preku nok licenceto ni se iscisti stavivme samo dva pati,koj ima vakov problem bez dvoumenje neka si ja zeme masta nema da zgresi posto stvarno e efikasna a i sto e mnogu vazno na prirodna baza e se :D
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.729
    Допаѓања:
    146.040
    Пол:
    Женски
    Како прво, не знам кој е тој лекар што ќе препорача еозин да се става на лице, поготово кај бебе - многу пати ми потенцирале - еозин на лице никако! Инаку, за тој кремот од Битола, да, многу го фалат, ама се откри дека е на база на кортикостероиди што не се препорачливи да се користат долго време ни кај возрасни. Се пишуваше на фб во групата за Мајки и деца, и се кажа дека во составот има кортикостероиди. Значи, не е на природна база.
    Ако е за таков крем си можела Афлодерм да купиш или Адвантан или Белогент - ќе му се исчистело лицето и од едно мачкање со нив. Јас лично би ти препорачала да не ставаш ништо, посебно ако бебенцето е помало од три месеци, нормално е кожата да е таква. Земи некој крем од типот на Пантенол, Бепантен или Пантексол (исти се овие три, само името е различно), и мачкај го. Или пак Јекодерм - на син ми само од Јекодерм му се исчисти лицето.
     
  13. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Дали можи некоја информација повеќе околу тоа за каков крем од Битола станува збор?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.729
    Допаѓања:
    146.040
    Пол:
    Женски
    Се работи за кремот Цвет, го прави жена по име Цвета (логично од каде името), и го рекламираат дека е на природна база. А всушност содржи кортикостероиди и затоа е толку ефикасен.
     
    На ljubam и imorena им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.402
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам таа крема е за возрасни личности, дури има ефект на обелување на кожата, а како што кажа Анатх, ако е на база на кортикостероиди сепак треба да се консултираш, затоа и реагира зошто е многу појака од сите на природна база. Јас би ти препорачала со Еуцерин за бебиња..
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    1.162
    И моето девојченце се исфрли во лицето, мислам дека не ја боли и не ја чеша. По телото нема ништо па тоа ме смирува. Кога бевме на преглед рекоа од моите хормони се појавувало и не било страшно само ќе помине ама еве секој ден се повеќе има :( душичка :(
     
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    757
    Devojki ve molam za odgovor: moeto Bebence ima eden mesec, I non stop mu se pojavuvaat na licenceto crvenki tocki kako bubuljicki,koi brzo mu pominuvaat ama sledniot den pak novi mu izleguvaat. Me interesira dali e vo prasanje normalna rabota koja se javuva I kaj drugi bebinja,ili pa da ne mu e nekakva alergija na pr.od mlekceto so koe ja dohranuvam? Se izvinuvam za latinicata,pisuvam od mobilen. Pozdrav
     
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    150
    Ако е само на лицето не би требало да е алергија се работи за хормоните кои детето ги добило од тебе во бременоста таквите бубулици поминуваат само до кај првиот месец нас толку ни траеја и не беа нешто особено страшни
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    222
    Silk и кај моево е исто, ама само на лицето и нема на друго место, може и да е од хормоните што ги добило од нас , а може и да е ако рацете му се нонстоп на лице како на моево, постојано се шлапа по лице се чепка ги брца прстите околу очињата а кога јаде тоа се чепка цело лице од двете страни, па имаме бубулки, ништо страшно не е само по себе ќе си помине ... поздрав :inlove: :inlove:
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    757
    Фала девојки на одговорите, да, само на лицето има,по телото си е чисто. Затоа и помислив дека е ваљда нормално, дека не е алергија. Ние сме нон стоп со ракавички,ама и тие све во уста му се. Сигурно и тоа има влијание. поздрав