И ние сме со такви брубчиња. Некогаш ги има, некогаш се губат, ама далеку од атопичен дерматит. Отвори на гугл слики да видиш тоа како изгледа. По мое на син ми му се појавуваат на местата на кои се допира со мене , на градите со лицето, кожа со кожа
Nema mesto za.panika.Mojata imase, ama samo kako crvenilo. Na drugarka mi isto e vozrast so moeto i se napravija so belo i pedijatar i rece da macka eozin i garamicin. Koga otide vo apteka.aptekarkata i rece.prvo da.proba da i go mie liceto so kamilica pred da pocne so.lek. Po nekolku izmivanja mu se povlece. Mozis da probas taka. Izmivaj nekolku dena so kamilica, pa ako ne pomaga prasaj pedijatar.
I sto prevzemavte za bruncinjata go mackas li so nesto.mojata gi ima po obravcinjata a posebno i se vcrvivaat koga place.i kaj vas li e taka
Јас го бањав 5-6 дена со хиперманган и ни поминаа и кај нас беа такви почнаа да се шират по раменцата...
Мајки, не сум нова на форумот.. следам, меѓутоа досега не сум коментирала многу.. изгледа ќе почнам и јас Бебушот ми е два месеци, одвреме навреме и се појавуваше по некое брунче на лице, меѓутоа брзо и минеше, користев обична крема мустела и со превриена млака вода.. Сега последнава недела на обравчињата и се појавија повеќе брунчиња одеднаш и местото и е како рапаво..кога се познават повеќе, кога помалку.. не верувам дека се работи за атопичен дерматит, повеќе се сомневам на нервоза од грчеви, бакнувања (од брада), па дури се сомневам и од самите капки (Infacol, имаат вкус на портокал).. Може грешам, незнам.. но додека да отидам на педијатар, да чујам и некое ваше искуство.. Купив мустела стелатопија..дали вие ја користите само по препорака на педијатар или и самоиницијативно, еве при некои вакви случаеви? Извинете на подолгиот пост..
Majka i nie gi imavme istite takvi bruncinja i ni se prosirija pa celoto lice po glavceto i na vratot Izgledaa strasno.po preporaka na pedijatar pocnavme da mackame eozon 1% (onaa crbena vodicka) no napravivme golema greska bidejki bruncinjata se susea no so toa i kozata na liceto bese se posuva i posuva.znaci nikako eozin koj sto mnogu doktori go prepotacuvaat.koga prestanav so toa ja miev sekoj den so mustela kupka no ne direkno na lice.ja miev glavata i vodata od odmivanheto i tecese vrz lice direktno.po banhanje za mackav so tenok sloj na bepanten krema i tolku.za 2 nedeli kozaca celosno se iscisti i se obnovi.moras da vnimavas da ne se pregreva bebeto.da ne mnogu toplo vo sobata i da se poti.od toploto uste poveke se stvaraat i se vcrvenuvaat.dokolku go dois moras da izbegnuvas mleko i mlecni proizvodi (jas skroz gi isfrliv od upotreba). Samo taka uspeavme da se iscistime inaku bevme na rabot da razvieme golem egzem zatoa sto mnogu brzo se sirea.
Mustela ili eucerin mozes na svoja inicijativa i ne go baknuvajte na lice kozata im e dosta osetliva.
Мајка, фала на советите, се надевам дека веќе сте добри и дека се нема ова повторено.. Јас сега пробав со мустела стелатопија, двапати до сега, и дали мене ми се чини, но мислам дека гледам мало подобрување на лицето..ќе продолжам уште некој ден, па ако не бива, ке пробам бепантен..
Кај нас осипот почна да се јавува веднаш после 40 дена, и тоа првин на едното обравче, па на иста страна на челцето, па потоа на другата страна. Се работи за ситни брунчиња кои по неколку дена биднуваат со црн завршеток (како црнки). Кожата е рапава и многу сува. Го мачкав неколку пати со бекутан маст со рибино масло, ама не видов некој ефект. Се надевам дека нема да се шири. Осипот мислам дека е од бакнување - ќерката само го цмока , но и приметив кога се допира до мене, при доење, лицето му се вцрвенува уште повеќе.
Мајки бебето ми има еден месец и на левата и деснта страна на стомачето му се појавија како некои црвени ситни брумки/мозолчиња. Педијатарот ни кажа да мачкаме со еозин, па се мислам дали да мачкам со тоа или да земам некоја друга маст, што знам да не е мн мал за еозин ( во аптека ни кажаа да го раствараме со вода).
Мајки може имате искуство, па би прашала за совет ваш. Црнка му се појави на малово на обравчето пред недела дена. Точка друга нема никаква на лицето, а црнкава од авион се гледа колку е голема и баш црна точка стои. Никако не поминува сама по себе. Пробав после бањање да стиснам со палец и показалец нежно, ама само му го вцрвив лиценцето, нема шанси да излезе... Како се створи не ми е јасно... Совет?
Здраво девојки, бебчо е 25 дена стар, лиценцето еве 3 дена му е со мозолчиња и тоа образите и челото има и црвенила и има и мали гнојанчиња. Го измивам со камилица и му ставам еуцерин крема, меѓутоа еве нема ефект дури мислам едни се смируваат нови му излагаат.. Почнува да ме фаќа паника да го носам на лекар меѓутоа незнам дали педијатар дали кожен лекар. Некако беспомошно се осеќам
Имаше и синчето мое. Јас не мачкав ништо и си поминаа. Евентуално мислам со еозин пребришуваат некои. Во секој случај не ставај креми за да дише кожата.
Мајки малата ми е еден месец, цело лице и е со ваков осип и малку на вратот. Што да мачкам? јекодерм и судокрем не помагаат. Фала многу
Здраво мајки, темава одамна не е активна, само сакав да го споделам моето искуство. Бебето имаше страшен осип на лицето и вратот, црвенило, ситни брунки, многу рапава кожа... Пробав само Бекутан сензитив и Јекодерм по препорака на педијатар, и двете не помогнаа. Од оваа крема на Ла Рош лицето се исчисти за 3 дена. Навистина е малку скапичка, ама составот е одличен и навистина помага многу. Не си ги трошете парите на Биодерма, Мустела, Еуцерин итн...
Оваа крема беше хит на тикток пред една година, луѓе возрасни и за акни ја користеле и многу бргу делувала. Син ми нема нешто проблем многу ама знаат понекогаш да му излезат ситни црвенки брунки и сега едвај чекам да ја купам, па и на мене ќе ја пробам @Sofi.ja во зегин 782 денари.
Околу 700 ден. за 40 мл и 1100 за 100 мл. Поисплатливо е секако поголемото пакување, да се намачка и некој друг освен бебето некогаш...