за тоа што мери температура и влажност на воздух мислам дека е едно од најдбрите производи што сум ги нарачала. А да ми текнеше дека ми треба и да го барам по продавници - никад
Мачка во вреќа Посебно со големините и материјалите. Си имам погодено неколку ствари што со кеиф ги носам, ама дел имам дадено на други, не ми ги исполниле замислите. Најбитно гледај рецензии и слики од претходни купувачи, да намалиш ризик да утнеш. Памучните работи се ок, полиестер зависи како ќе ти се погоди. Некогаш ептен ефтино изгледа.
Претежно се полиестер, но се наоѓаат и други материјали., па и памучни. Треба само да бараш и да читаш рецензии. Големините се генерално точно, според табелата за димензии. Изработката е доста добра, се е стегнато, добро сошиено, нема проблем и после месеци носење. Само обавезно гледај слики од рецензиите, не е се како што изгледа на сликите од продавачот, но од десетици парција облека што сме ги нарачале само едно се погоди такво. Воглавно има доста квалитетни работи само треба да пребаруваш.
Уште еднаш да потврдам за квалитетот на маските. Пред некој ден ми стигнаа, исти такви силиконски со MagSafe прстен за безжично полнење како и секогаш што користам. Имам постирано линкови погоре, доколку некој го интересира. Не сакам провидни. Една беше околу 250/60 денари, не знам точно ама премногу се исплати. Сум купувала маски од мобилари и галантерии, од чаршија/Бит Пазар, од продавници како New Yorker, Zara, Stradivarius, Pull & Bear, Sinsay и од каде сѐ не, ама од овие од Али и Тему сум најзадоволна. Во меѓувреме нарачав персонализирани привезоци, едниот ми е за клучеви а другиот за ланец на кучето. За жал, не сум во можност да постирам лични слики, ќе ставам само линк од привезокот за куче. https://share.temu.com/g7DJtTmahvB Од привезокот за клучеви сум задоволна, а од тој за кучето онака, не премногу задоволна. Материјалот е убав, нерѓосувачки челик е ама името на кучето не ми се допаѓа како е изгравирано, со многу ситни букви, едвај се чита. Панталоните сѐ уште ги немам носено, вака на прва делува дека е океј материјалот. Не би знаела да ве советувам за бројче, иако пишува дека се еластични јас секогаш нарачувам поголем број. https://share.temu.com/hEMaCsejYMB Наочарите не ми се сега нарачани, одамна ми се ама сега се сетив да ги објавам. Супер се за тие пари и ми се допаѓа како стојат. Првиот пар поготово, ги изнаносев минатово лето. https://share.temu.com/mlo54yw42OB https://share.temu.com/acuiYaTRwfB https://share.temu.com/JHyygwbYgAB
Од Тему findings ова ми е последниот. Мало гребалче за чистење четки за коса. Првично го нарачав за мајка ми оти таа не се откажува од 10тина чешли од пред 20+ години и цело време ги “бања” и никогаш не е задоволна како се исчистени. Иако и реков следно идење ќе и купам нова четка за коса, ова ми се покажа ептен солидно за одржување. Имам пред и потоа слика, “пред” е откако веќе исчистив дел па ми текна да сликам.
Сакам да ставам некои производи што ги купив неодамна од кои сум презадоволна: Прво, перикава е сон. Оригинално ја зедов за косплеј, но толку ми е убава што ми иди и онака да си ја носам. Spoiler Перика број два. И оваа за коспеј и убава е, но првата ми е поубава. Spoiler Прекјут кошула со мачиња Шалвари. Многу пријатни и лесни за носење. Е сега, бидејќи сум пополна розевите сосема малку можи да се проѕираат, бидејќи е светла бојата. Но толку се лесни и пријатни за во лето, што мислам дека ќе порачам потемна боја. Но и со долга маица би се решило. А црните се Прстенче со светулка. И екшли свети во темно, во зависност од тоа колку светлина собрало претходно. Плус не потемнува на прстот. Spoiler Корпа за собирање валкани алишта Подлога за маус Can we talk about колку им се квалитетни памучниве маички? Ова е 100% памук и принтот не изгледа лошо. На оваа ми се допаѓа што "главниот" принт е назад. Spoiler Мали книги како guide за цртање Spoiler И last but not least, ова ташниче кое ми е навистина преубаво. Изгледа мало но комотно собира: новчаник (помал), телефон, нешто ситно како паломи, огледалце, карминче.. кога немате многу работи за носење за да не влечите цела ташна или ранче Се изморив дур ставив сѐ. За линк од нешто ако сакате пишете, ќе ви пуштам (барем од тоа што е уште достапно) ме мрзи да ги барам сите сега.
Spoiler Spoiler Нешто од новата пратка. Сукна, сандали, пластично за чување шминки и сл, и мидер. Сукната ми е едно од омилените нешта порачани, преубава е има и постава. Сандалите се многу удобни што ме изненади позитивно. Зедов 38 број иако обично носам 37, но се водев по димензиите во нивната табела. Мидерот е исто многу удобен, супер за носење под фустан или сукна за тие што си носат така.
Ejj фала ти <3 долго време барам нешто вакво бидејќи сѐ ми е насекаде. Инаку, дали доаѓа расклопено/дали е тешко да се вклопи?
И јас исто, таман да ја соберам козметиката (барем поголем дел) бидејќи ми беше насекаде. Инаку доаѓа во кутија спакувано ништо не треба да местиш, склопено си е.
Овие три пара, за нешто помалку од 3000 денари. Не ми се свиѓа што се кратки/плитки во прстите, ако ме сфаќате, делот што ги покрива прстите завршува малку под нив, барем подолг да беше малку. Ама нема врска, удобни се, балетанките и сандалите на втората слика се рамни, а на третата имаат мала блок штикличка. И бојата на третите е посветла отколку што очекував, односно од таа што беше на сликите, ама нема врска, секако ми одговара.