1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моите родители го мразат

Дискусија во 'Канта' започната од Denna, 28 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    ...почнаа да се сомневаат дека сум со него,значи не се ни сигурни-а дома кај нас настана војна!! со мајка ми не зборувам веќе 5 дена,зашто ми ги виде пораките од него...почна да вика ко луда,тој не бил за мене,ме искористувал само зашто тој е од типот на „богатите дечки„ кои имаат се што сакаат. Не е воопшто таков каков што тие мислат,ама несмеам ни да проговорам добро за него :x 4 год е постар од мене,а почнавме да се гледаме пред околу 3 месеци,онака без обврски,и шо знам....напреднуваме... постепено.
    а јас се заљубив..! :(
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Дена ако вашата љубов е вистинска бори се да опстане,потруди се да го сменеш размислувањето на твоите родители,затоа што денес е тешко да се пронајде некој кој вистински ќе сакаш и ќе те сака.Нема зошто да се плашиш од твоите родители,објасни и разговарај со нив.Знам дека родителите секогаш мислат најдобро на децата ,но знам од искуство дека многупати грешат во вакви ситуации.Објасни ја ситуацијата и на твојот дечко,ќе видеш како тој ќе размислува и што ќе ти каже по што ќе можеш да дознаеш дали навистина те сака.Ако е заљубен во тебе нема така лесно да се откаже од тебе.Затоа прво разговарај со него а потоа и со родителите.
     
  3. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    сеуште не одиме сериозно...тој е во ск,сега работи откако заврши факс,а јас од септември почнувам со факултет. Работите почнаа навистина без веза,онака на зафрканција и воопшто не очекував да се јави после тоа-зашто не важи од они типови. И така неколку пати божем за разонода бевме заедно,јас почнав да се заљубувам,тој ме бара и се однесува така како што никогаш не мислев дека ми возврати.....и...моите дознаа и ако се осигураат дека стварно имам нешо со него-буквално ЌЕ МЕ УБИЈАТ!!! (зашто нема да дозволеле да си го уништам животот со женкар како него) :@
    ахх леле ги мразаааммм |(
     
  4. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Aко ти е убаво со дечкото продолжи си, а они со тек на време прво ќе се помират со фактот дека вие сте заедно :lol: а откако ќе го запознаат и увидат дека не е воопшто таков како они што го замислуваат ќе го прифатат. Mене ми се случуваше истото на почетокот од врската на невидено застанаа со цврст став не и негодување па откако го запознаа и видоа дека е прекрасна личност неможам да ти опишам колку го сакаат :D . Aко сакаш можеш да и предожиш на мајкати да го запознае пред да избрзува со заклучоци а доколку не прифати тогаш остај малку време страстите да се смират па после пак обиди се ;)

    Aха сеа прочитав дека не сте во сериозна врска не гледам тогаш причина твоите да реагираат толку бурно. Најубаво ти прво да видиш како ќе се одвиваат работите со дечкото, дали ќе се фатите или не па после полека постепено ќе ги припремаш твоите да им соопштиш и ќе се обидеш да им докажеш дека не е таков како они што мислат
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    И моите не го сакаа мојот сегашен дечко, имав проблеми цела година, не сакаа името да му го слушнат! сега го канат дома и кога иде се однесуваат со него како кон господин! Врти тркалото, и кај тебе ќе биде така! само биди упорна со него а трпелива со твоите! :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.