Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моите родители се......

Дискусија во 'Дете' започната од mihaela.barbi, 26 октомври 2012.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ах моите родители
    На моменти премногу современи на моменти премногу конзервативни..
    Кога се работи за мене никогаш не можат да се одлучат дали вреди да ми дозволат или не
    и тоа се одвива во стилот
    Мамо смеам ли ?- незнам прашај го татко ти
    Тато смеам ли ?Незнам мајкати прашај си ја ..
    -Мајка ми е една прекрасна жена, умрена од работа по цел ден и нормлано е понекогаш да се дери низ дома со причина ...
    Понекогаш знае да претера со прашањата од типот каде бевте како си поминавте како е дечкоти дали е добар дали те сака дали го сакаш покажими слики жиф напор
    Без влакна на јазикот перверзна до немај каде секогаш отворена да прави муабет за секс и други такви табу теми...
    Татко ми е преубаф вистинско мажиште сакам маж како него,понекогаш и завидувам на мајка ми што го има толку совршен и секси
    Е сега карактерно не е баш Нај нај лаф во хороскоп позатворен е за разлика од неа
    ама јас како чупе секогаш му сум слаба точка
     
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    душички. Навистина многу се имаат изнамачено во животов. Ќе ви кажам по ред. Мајка ми била одлична ученичка во респектирано средно. Арно ама се запознала со татко ми и не се запишала на факултет (класика изговор :lol: ) Веднаш тука сум следувала јас :D Татко ми е карпа човек. Кога се лути има една брчка хоризонтална на носот. Така изгледа уште пострашен. Едно време беше во многу тешка физичка состојба, остана без работа и почна да пропаѓа и емоционално. Но мајка ми го крена. Она веруваше во него, никогаш не го обвини за ништо, и кога грешеше тоа на нас вешто ни го прекриваше. Сега се ок. И двајцата после толку години работат на солидни работни места. Како што ќе ги земат платите ни ги праќаат на нас за студирање.
    Единствено нешто што сакам е еден ден и јас да можам барем малку по малку да им се оддолжувам за се што имаат направено за нас.
    Не се идеални, понекогаш многу ме нервираат, посебно кога се караат за некои глупости, си го рушат мирот за тотални бесмислици (од типот, кај ги стави папучите, па зошто таму не ваму), ми имаат изгрешено и погрешено,но сепак ги сакам. Им се чудам како сеуште стојат на нозе. Јас ја немам таа сила, а ни живци.
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Моите ако се разведени..Но јас ги сакам и двајцата под еднакво..Ама морам да признаам со татко ми пум премногу поврзна отколку со мајка ми..Со мајка ми исто така сум поврзана ама не толку колку со татко ми..И давајцата ги сакам премногу!! :)
     
  4. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Многу си ги сакам. Современи се, немаат некои заостанати и старомодни сфаќања, но често знаат да ме изнервираат и тоа за глупости. Па добро бре не сум веќе мало дете, сфатете дека пораснав :$
    Секогаш се трудат да ни обезбедат се мене и на брат ми...Се надевам дека еден ден ќе можам да им се оддолжам на некој начин.
     
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ги имам најдобрите родители на светот (и покрај тоа што како мала воспитна мајка ми ми даваше со тепалката за муви :D ). Многу од моите другарки, братучеди ми имаат речено дека би дале се да ги имаат моите родители. Се гордеам со нив. Ги сакам премногу. Се надевам дека еден ден кога ќе станам родител ќе бидам како нив, сигурна сум дека тогаш и моите деца ќе бидат задоволни од мене...
     
  6. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Moите родители се најбитните личности во мојот живот, оние кои секогаш ќе ме сакаат и поддржуваат без разлика на сите мои грешки! Единствените, кои ќе бидат тука за мене секогаш! Ги сакам повеќе од се на светот :l:
     
  7. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Ги сакам најмногу на свет!!! секогаш се тука за мене, ме поддржуваат без разлика на све!
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    22.959
    Пол:
    Женски
    Моите родители се моето најголемо разочарување.
    До скоро имав почит и љубов кон мајка ми, ама тоа било се од сожалување поради неодговорното однесување на татко ми. Но кога ги согледав работите на вистинскиот начин, и размислив убаво, видов дека секој слика која сум ја имала за нив двајцата како родители е лажна и невистинита.
    Да, точно е дека правеле жртви за мене и брат ми, некогаш дури и невозможното го остварувале. Ама се тоа паѓа во вода кога милион пати ќе не разочараат, и ќе поминеме безброј ноќи молејќи се да се освестат конечно, да почнат да бараат работа, да не не остават на цедило со брат ми.
    Тешко ми е да зборувам за нив, најчесто ја одбегнувам темава. Во последно време се трудам и нив да ги избегнувам, не сакам да имам никаков контакт со нив, онака само формално комуницираме.
    Последното нешто кое ми го кажаа е да се иселам од дома, бидејќи не можеле повеќе да ме гледаат со скисната фаца, а не се ни сетија да ме прашаат да не имам некаков проблем, па што не сум расположена така подолг период.
    Едноставно ми се гади секој ден од помислата дека после факултет дома ќе ги начекам, како седат и не прават ништо, не се замараат воопшто со иднината на своите деца. А моментално сме во период кога имаме најголеми трошоци.
    Криво ми е што мајка ми ја сметав за херојот во нашето семејство, ама и таа се измени. Можеби нема повеќе сила да се бори, можеби с епомирила со ваквиот живот.
    Еден ден, здравје, ако имам деца, од петни жили ќе се трудам да не ги правам грешките на моите, затоа што знам колку боли и колку немоќно и слабо се чувствувам поради нивното однесување.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    36.782
    Пол:
    Женски
    Јас имам само еден родител - татко ми. Мајка ми почина пред 14 години. Тогаш имав 12 години. Кога растев таа не беше покрај мене. Многу ми беше тешко поради тоа. И се уште ми е. Татко ми немал многу среќа во животот. Татко му го напуштил како мал и тоа има влијание врз него. Многу му беше тешко да не изгледа мене и сестра ми. Заради тоа малку и се држи настрана за некои работи. Немам некоја блискост со него.
     
  10. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Мојте родители се прекрасни. Ние сме многу хармнонично семејство ми ги исполнуваат сите желби.Е сега како и во секое семејтво мора да имам еден построг родител. тоа е :)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.481
    Пол:
    Женски
    После се` што се изнаслучува меѓу нас, по многуте лекции кои животот им (ни`) ги даде, единствено нешто во кое може да бидам 100% сигурна е дека увидоа (а и јас заедно со нив), дека патот по кој одеа бил погрешен, дека не се сите луѓе добронамерни и не ја заслужуваат нашата доверба.

    Нивните постапки и гестови последнава година успеаја да ме уверат во тоа. На зборови и онака многу не верувам. Со тие постапки ми помогнаа да ги симнам претерано големите штитови на претерана претпазливост во врска со нив кои ми беа воедно и голем товар. Ми дозволија да се опуштам за првпат.

    Верувам дека моите родители се навистина добри луѓе. Дури мислам дека отсекогаш и биле, само било потребно нешто да се случи за тоа да излезе на виделина. Ме научија на многу работи, воедно и на последната: полесно и поискрено да простувам. Ми дозволија да им простам, ми дозволија повторно слободно и со цело срце да ги сакам и да им се радувам. И многу сум им благодарна за тоа.
     
    На Izaabella, Tenna, vitomir и 2 други им се допаѓа ова.
  12. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    804
    среќно разведени :) разводот е нешто најдобро што ни се има десено за сите години.
    мајка ми 17 години трпела тортура, а и јас и сестра ми... со татко ми нема живот.
    многу ми е криво сега, кога гледам колку се има намачено жената за јас и сестра ми да имаме дом, и семејство. јас откако се разделија тие, има веќе 5 години, излегов со став дека вака ни е подобро... и на мене и сестра ми, и на мама, она се препороди, скроз друга особа беше, особа која што ја немав видено 16 години. ја немав видено насмеана, расположена, да сака да излегува, како другарка ни беше.. наспроти тоа, цело време додека живееше со тато беше подуена од плачење, изморена, и беше скиснато се. нејзиното расположение се одразуваше на нејзиното лице. сега ми е лепотица :lol: и премногу се радувам што е среќна и си го живее животот како што заслужува. јас и сестра ми сме од нејзина страна, секогаш ја има нашата подршка.
    татко ми сам остана.. незнам дали да ми е криво за него... незнам што чувствувам спрема него.. дали жал? лутење? омраза?
    22год ќе направам уште малце, ама никогаш нема да заборавам, како помали, со сестра ми спиеме, ќе дојде во соба ќе не фати нас, а мама од друга страна плаче, и он со муабет ме сакаш или сакаш да останеш без децата . уфф болен ум..
    мајка ми ми кажува, кога сум била мала, сум и рекла некогаш кога сами сме биле дома, мамо ај да направиме супа и нешто да ставиме внатре па да каснеме јас ти и кика и да се спасиме од тато,
    исто и сум и викала, мамо ај да се разведеме ние 3 од тато :( преку глава ми беше...

    сега е супер, се живее :))) мама ми е мојот супер херој :)
     
    На Izaabella, vitomir, nesa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Моите родители се..... совршени! Никогаш не се расправаат (не мислам баш никогаш, во нормална граница за тоа што кој ќе прави и сл. ;) ), секогаш се пријатни со нас, понекогаш мама знае да ме налути, но потоа и е жал и ми се извинува, воопшто не сум разгалена, иако секогаш се трудат да ни овозможат се. Ми дозволуваат се, но незнам зошто кога ќе ми кажат дека можам, јас едноставно не можам да го сторам тоа. Особено се сосема рабирлива за мене, бидејки јас сум во овој период од пубертетот и мајка ми многу ми помага на тој начин што ми овозможи слобода и со неа можам да споделам се. На тој начин, јас немам многу проблеми, кога и да сум почувствтелна, ми остава простор и слично. А, тато пак знае како да ме развесели, не ми вика ниту прекорува, преку шега се изразува. Колку се прекрасни само јас и сестра ми знаеме,би сакала сите да имаат како моите родители, така нема да има ниту едно дете тажно. (не дека ги фалам, но до мајките со тинејџерки, постапувајте како мама, делува. :lol: И верувам, а и таа мене, и јас сум слободна дека нема да каже некому, а и таа е сигурна дека нема да ја излажам :$ ) МАМО, ТАТО ве сакам! :*
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Andromaster

    Andromaster Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    66
    Вие и вашите родители

    ...јас со моите родители имам коректен однос, од домот во кој пораснав имам излезено доста рано за да живеам независно...

    ...секогаш се тука кога треба да се помогне но совети од нив не прифаќам затоа што тие и припагаат на една друга генерација и се со различен менталитет од мене, затоа што не живееме во иста држава...

    ...последен пат ме подсетија минатото лето кога ми помогнаа да ја средам новата куќа( престојуваа 5 месеци и едвај чекаа да си се вратат во МК)...

    ...за нивниот труд и внимание, ги наградив во 10 дневен предстој во Mексико а јас не отидов затоа што немав во моментот финанскиски средства....

    ...понекогаш на скајп ме замара мајка ми...
     
    На vitomir и macula.93 им се допаѓа ова.
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Најголемите стоки кои ми го уништоја животот. Еден ден само знам дека се ке им се врати, и од денес живеам само за мене не за нив!!! Се каам тие луѓе што сум ги нарекувала мајка и татко.
     
    На vitomir и Inna5 им се допаѓа ова.
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    ..добри родители.
    ..единствени што можат од контакт да ме извадат.
    ..единствени што се тука за мене.
    ..единствени на кои можам се да им кажам.
    ..единствени со кои се имам бркано околу маса за да не ме тепаат. :D
    ..мои најмили.
    ..мои најголеми нервози.
    ..моја најголема среќа.
    Мојот почеток, мојот живот и мојот крај.
     
    На vitomir, antonina и lunicka им се допаѓа ова.
  17. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Единствени,
    мои најдобри другари,
    .......... кои стојат зад мене
    животот кој би го дале за мене
    еднинствени што можат да ме изнервираат
    ..... да ме утешат
    ...... да ми дадат надеж
    ....... никогаш не ме лажат
    ...... без кои неможам, а да не им го чујам гласот
    ......... и не можам без нивните совети и нивната љубов
    ....................................
    можам да пишувам до задутре едноствно
    ГИ САКАМ ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ
    Поштени, Вредни, Добри, ................
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Бидете среќни и задоволни во животот и тогаш веќе сте им се одолжиле на родителите. Ете тоа е сонот и желба на секој родител, најголемиот подарок и најголемата среќа. Затоа работете на себе, бидете умни, нека ве чува бог и нека дава здравје, и веќе сте се преоддолжиле на своите горди родители.
    Ова апропо она што го приметив кај повеќе феминки потенцирањето дека еден ден сакаат да им се одолжат на своите родители.
     
  19. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Мојата ѕвезда водилка во животот.
    Не се идеални, но токму и во тоа е поентата.

    Татко ми и без подароци знаел искрено да честита роденден,8ми март, годишнина од бракот. Но затоа секогаш од него го имаме највкусното чоколадо по неделниот заеднички ручек. И секогаш едно исто вели "е не знам јас, вие знаете". Не, ти знаеш и си мудар многу повеќе него што мислиш, но не сакаш да ни го скршиш ќеифот. И фала му на Бога што полека почнуваш да ги симнуваш розевите наочари од мене, свесна сум веќе и јас каков е светот, но најмногу од се сум свесна дека сакаше со тоа само да ме направиш да верувам во убавите нешта, дека и чуда се случуваат. И срцето ти се кине од помислата дека полека го губиш мојот брат, но без разлика, тој ќе биде твое дете и овде и во Америка нели? Зошто не му дозволиш да си го пронајде своето место под сонцето? Се додека има каде да се врати, продолжи да се радуваш на неговите успеси.

    А мајка ми, херој и борец во права смисла на зборот. И не знам дали уживаш да го пронаѓаш секогаш доброто во злото или веќе си навикната да го правиш тоа? Мила моја мамичке, ти си доказ како можеш да стигнеш до врвот,но и до дното и сепак да продолжиш понатаму. И знам дека ние, твоите деца ти ја даваме силата, која се правиш дека ја имаш во резервни количини. И знам дека ги чуваш нашите први тетратки со почетно пишување, писмата до Дедо Мраз и честитките за 8ми март и понекогаш знаеш да пуштиш и по некоја солза на нив. Мила моја мајко, нема потреба од солзи, ние секогаш ќе сме деца за тебе.
    И колку си возбудена, покрај мене и ти се чувствуваш како матурантка нели? Некни ми рече дека ти се допаднало некое фустанче за тебе, но не знаеш дека ниту еден фустан на светот не е доволен за да ја истакне убавината на твојата душа и твоето живеење.

    И не знам дали ќе имам некогаш храброст да ви го кажам ова. Не за друго, нема да можам да ги поднесам вашите солзи. Ве сакам безусловно.
     
    На Monroe, Abeja и manja666 им се допаѓа ова.
  20. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    мојте родители се најдобрите родители на целиов свет и премногу си ги сакам но, не бев свесна затоа се дури не се омажив не дека сега имам некој проблем со родителите на сопругот но, сега сватив што значат мајката и таткото кога се далеку од тебе. Затоа девојки ценете ги и сакајте ги вашите родители тие едноставно живеат само за вас
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.