1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моите родители се......

Дискусија во 'Дете' започната од mihaela.barbi, 26 октомври 2012.

  1. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    ке бидат подобри ако се разведат..
    ако не е предоцна за тоа
     
  2. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    во принцип добри луѓе,можеби живеат во камено време за жал,сеуште,ама сигурна сум дека даваат се за нас да не видат добро вдомени и среќни покрај своето семејство.понекогаш ми барат мноогу работи ама кога ќе подразмислам поубаво тоа е за мое добро(жив пример ми забранија да се дружам со една бивша другарка затоа што чуле гласини од луѓе кои спиеле со неа за пари а јас не верував и сеуште сум таква не верувам додека не видам со свои очи,кога видов се уверив и сватив дека добро ми мислеле што сакаледа ја тргнат од мене) :D
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    17.357
    Пол:
    Женски
    Моите родители се тато и мама :$
     
    На sweet-star, kravce и pamelche им се допаѓа ова.
  4. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Моите родители се....најдобри на целиот свет, секако не се идеални и тие си имаат свои недостатоци како и секој човек ..зар не? Знаат да се закараат буквално за некоја глупост од типот не требаше да купиш ова од продавница туку ова, што мене некогаш ми изгледа и слатко. Многу ме радува тоа што и покрај 22 години брак се чуствува љубов и си недостасуваат кога не се еден покрај друг. Не научија да ги цениме вистинските вредности во животот и да сме заедно во најтешките моменти. Се трудат, се мачат ништо да не ни недостасува и се надевам дека еден ден ќе успеам да им возвратам на истиот начин и да станам личност со која ќе се гордеат :inlove:
     
  5. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    моите родители се најдобри на цел свет ептен ги сакам најмногу од сее душички сее и понекогаш мнгоу ми е жал за нив што незнам да се однесувам добро ги нервирам и откако че се случи то сфајчам што сум направила и затоа после ми е многу тешко сее каам..Се разбира понекогаш знаат да не искараат и се такви работи но во право се тоа го прават за да ни дадат патоказ насока во животот т.е да знаеме што е добро а што лошо за нас.
    незнам како да најдам погодна тема за да кажам што ми се случи мене односно каква болка му нанесов нив ...мислам дека морам да се олеснам вака неможам и мене ми е многу тешко :'(
     
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    НАЈДОБРИТЕ РОДИТЕЛИ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ! :)
     
    На H.VAGA и Kaley им се допаѓа ова.
  7. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    И МОИТЕЕ :) :inlove:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Најдобрите, најпрекрасните родители на цел свет! :inlove:
    Неможам да живеам без нив, ги сакам повеќе од самата себе!
    Толку работи прават за мене и за брат ми, колку и да е тешко никогаш не покажуваат секогаш викаат - ќе биде подобро. Го заслужуваат само најдоброто, ги сакам нај нај најмногу, неможам ни да искажам колку! Се на светов ми се они, несакам ни да мислам што би било со мене да ми ги нема..
    Ве сакам повеќе од се! :inlove:
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.291
    Пол:
    Женски
    Хехехе и моите :inlove: :*
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Исто и јас. :inlove: Се` што сакав да напишам, напиша ти. :)
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.597
    ... моите родители се приказна сама за себе.
    Мајка ми е емотивна, но храбра и борец. Колку што е емотивна, дупло повеќе е ментално стабилна. Се колнам дека на таа жена силата и се крие во цврстината на умот. Не е тврдоглава, едноставно е психички карпа која не попушта пред ништо. А туку ја гледаш таму, рони солзи за Бандини. :^) Мислам, женичката е спротивност на самата себе. Гласна е и бучна, забавна и се смее ѕвонливо. Со математика и логика е скарана и не знае да преминува улица. Кога одам некаде со неа, цврсто да ја држам за рака и постојано ја прашувам како поминува улици без мене.
    Неуморна е, праведна и многу вредна. И одлична готвачка (секој вика дека јадењето дома му е најубаво од мама, ама јас ви тврдам дека од мајка ми нема поубаво). :D
    Има некоја господска нишка во себе, веројатно од западниот крај, сака беспрекорно бел чаршаф, внимава на детали, многу е бре креативна и вешта со тоа прстите, само нешто измислува, си поправа, јас сум труп за некои работи, копче ме мрзи да зашијам сама.
    Галантна е кога треба нешто да се однесе некаде, да се честита, да се направи чест...
    татко ми од друга страна за тие работи е смотан, јас си го викам сељаче, оти едноставно не знае, не умее, брзо губи контрола, нервозен е, ама и брзо му поминува.
    Ептен му фаќа тоа кликерот бреј, да имам пола од паметот на тато досега ќе бев човек и пол. :D
    Постојано му викам да се пријави на некој квиз и ми се правда - Како не бе, ќе ми се погоди некоја глупост за Хари Потер што нема да ја знам, и сите ќе викаат после - Еве го глупиот цајкан од квизот.
    :D
    Неодлучен е, малку параноично-хипохондричен и благ песимист, во неговиот свет се` оди накај црно, мајка ми го охрабрува и го спушта на земја.
    Сите што се нашле во негово друштво го гледаат како некоја икона, зашто им е интересен и забавен, а јас им викам - дојдете поживејте со него, па после ќе ве прашам.

    Двајцата се искрени и јазикот им лета побрзо од умот - што на ум, тоа на друм.
    Ама си се сакаат луѓето, граѓанче со селанче, јас уште се чудам на паметот како некоја дама како Слонче го земала овој избувлив живчанко, ама јбг - да не бил он , немало да бидам ни ЈАС, па фала им.

    Не се конзервативни, опуштени се многу, сакаат дружба и хедонизам, уживаат во животот и мило ми е поради тоа.
    :)
     
    На ilipili, Valentina.Vaki, anuskaNESTLE и 14 други им се допаѓа ова.
  12. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Паа мајка ми е емотивна, нервозна,нестабилна, хаотична,лесно повредлива, зависна од цигарите и турските серии, секогаш банкрот и во своите 50 години жената не научи да готви.Слабо стои со математиката,ја мрази логиката, науката,но затоа никогаш не работи во деновите кај кои на календарот има црвено крстче.Се плаши од грмотевици ,глувци и компјутер
    Од техника знае само како да го уклучи телевизорот :)
    Често се караме бидејки едноставно таа размислува со срце а јас со мозок, таа прифаќа одговори: Затоа што така треба да биде- а јас не( во ова личам на татко ми)
    Иако секогаш е банкрот успешно ми ги плаќа сите шопинг сметки( навистина незнам од кај наоѓа толку пари), никогаш досегане ми рекла за нешто дека е скапо.
    Има и уште една добра странаа- тоа е што одлично знае да шие( тенх мами за сите фустани, суќни и сл :) )

    Татко ми може да се каже дека го користи повеќе мозокот од срцето.Тој е оној кој што се грижи за иднината на семејство, никогаш досега не се успал и не банкротирал.Човекот живее со логиката, добро стои до економијата и математиката, ги знае сите закони( по професија) , стабилен е , досега никогаш не се развикал а комо ли да ме удрил.Проблемите ги решаваме со разговори и не прифаќа нешта само затоа што така треба да бидат- секогаш бара логично или научно објаснување.
    За разлика од мајка ми тој е стабилниот,организираниот, никогаш не кажал ни збор во афект, недозволил да се збуни.
    Негова најпозитивна страна е тоа што е одличен во готвењето, а нај негативна- што ретко готви

    И двајцата се доста претставителни да не речам социјализирани,онака за пред човек, но сепак мајка ми ги држи обичаите, а татко ми организирањето

    Бидејки се апсолутно спротивни карактери честопати се караат, се расправаат, се пречкаат, но најчесто е по прашање дали мајками пак заборавила да стави сол во јадењето :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Најдобри на целиот свет! :$
    Единствените кои посакуваат во животот да постигнеш повеќе од нив.. :)
    Ги сакам најмногууу :inlove:
     
  14. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Мајка ми најдобра МАЈКА НА ЦЕЛ СВЕТ,ја сакам повеке од се на светот,без неа сум ништо без неа ќе бев ништо благодарение на неа денес јас сум човек ,татко ми се надевам нема да ми го уништи и понатамошниот живот .......
     
  15. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Секогаш велев дека кога ќе пораснам ќе бидам родител како нив.
    Велат дека е лошо да имаш постари родители, често доаѓало до судири, но мене единствен недостаток тука ми е што ќе поминам помалку време со нив на овој свет.

    Мајка ми, со оглед на годините е доста привлечна жена и за жал тука гените не функционирале добро, зашто би била пресреќна ако имам и половина од нејзината убавина. Има многу слаби нерви, постојано е нервозна, знае да предизвика караници од небитни работи и после да и` биде мака. Вредна е, макар цел ден била со главоболки, не знае да го стави газот на стол, туку шета низ куќа и бара занимации. Како Вага, во однос на бракот со татко ми, можам да кажам дека често попушта и вешто избегнува да се скара со него. Така и ме учела - толеранција и разбирање.
    Силна е, гледано на болките што може да ги истрпи. Дали се однесувало на секојдневна главоболка, болка во сите мускули, раце, нозе...физички е доста активна, работата го бара тоа од неа и навистина е вредна и способна како маж.
    Сака се` да и`е на место, под контрола, но не може да постигне и тоа и` е најголем извор на фрустрации и нервози. Комуникативна е, друштвена, секогаш љубезна и насмеана (пред другите). На луѓето им е рамо за плачење. Знае да ислуша, да ти даде совет. Не знае да мрази, да проколне или на некој да му посака лошо. Понизна е, премолчува, си го чува во себе и сама си тагува, без да повреди друг.

    Татко ми можам да кажам дека вистински го запознав карактерно пред неколку години. Има доста страшна појава и сите го мислат за сериозен и строг човек. Од детството ми е во глава една слика како ми ја прегледува домашната работа по математика и ми се дере - Како може ова да не го знаеш, теле едно глупаво?! :D Многу е брз на јазик и многу често повишува тон, а е целосна спротивност на тоа каков се прикажува. Прв пат разбрав за неговата емотивност кога мајка ми ми кажа дека плачел кога почина Тоше. Последниве денови не сакаше да му носи на кучето вода за да не го гледа како се мачи.
    Не знам дали сите мажи од постарите генерации се исти, но тој никогаш не дозволил да носам кеса во рака, без макар на сила да ми ја земе, културен е, секогаш пушта некој друг да влезе пред него, отвара врата и куп ситни работи со кои изразува почит или едноставно сака да помогне.
    Кога бил мал, секој ден носел едни исти скинати чевли и парите кои му ги давала баба ми да се поднови, ниту еднаш не ги земал. Гледано денес, ист е. Скромен е и толку не-егоист, што ме нервира. Не паметам кога последен пат купил нешто за себе.

    Двајцата со мајка ми, делат толку многу од себе за да имаме ние, што не знам како би изразила благодарност. Татко ми цел живот штеди за ќерките. Од сета плата што ја заработуваат, на себе трошат само за годишен одмор. И ако дојде до свадба или некој сличен повод, каде ептен мора, ама мора да се купи, гледаат да потрошат што помалку за да има за нас. Знаете она, нас ќе ни дадат и по пет илјади, а ти ќе бараат нешто низ плакарот. Тој живот посветен само на децата, мене искрено ме боли. Не постои ниедна ситуација каде нешто сум побарала, а не ми било дадено. Дали да одам некаде, да ги почастам другарките, да купам некој подарок - немало дискусија за парите, ниту било преречено.

    Друга заедничка карактеристика им е што даваат без поврат. Дали било пари, жито, зеленчук или нешто што имаат вишок, ќе го тупнат макар и на сила. Се трудат, мачат, работат и својот труд и болките заработени низ него, не ги наплатуваат. Имаат толку големо срце, што искрено се сомневам дека ќе завршиме на исто место :) .

    Само сакам, еден ден, додека не е премногу доцна, да дочекаат од прва плата да го наполнам фрижидерот, да ги платам сметките, да им купам еден пар обувки или понатаму здравје, да ги испратам на одмор. Тогаш срцето ќе ми е мирно.

    Мамо, тато, иако сите сме толку затворени и слабо изразуваме емоции, знам дека знаете дека ве сакам, а и јас ја чувствувам вашата љубов секој ден.
    На моето дете нема ништо да му недостига, ќе го следам вашиот пример. Овој живот ми е малку за да ви се оддолжам.
     
    На ilipili, Valentina.Vaki, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  16. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    прекрасни :inlove: :inlove: :inlove: ги сакам најмногу на свет :* :* :*
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    98.375
    Пол:
    Женски
    Во човечна смисла не познавам почовечни луѓе од нив.Ме прифатиле како свое дете.
    Мајка ми веќе во седумдесетите години.Домаќинка,економист и нешто што најмногу ми се допаѓа кај неа,ич не ја боли увото што ќе речат луѓето за било што.Прилично е почитувана,зашто не пренесува муабети.Отсекогаш пополнета и никогаш не патела заради тоа. :D Знае да прави најубави пити,околу благото е слаба.Последните години опседната со турски серии,секогаш исфарбана и откако ја знам си носи кратка коса.Знае да те сослуша ама знае и да биде дрска да те навреди,и притоа да не е свесна за тоа.
    Татко ми....е починат.Но беше извореден човек.Иако имаше само средно беше запознаен со многу теми,од филозофија,омилениот Маркс :D ,до астронимија.И да беше закоравен комунист.Неговите раце немаше нешто што не знаеја да направат.Неговите очи ме одбрале мене во домот.И навистина личам на него иако не сум му биолошка ќерка.Кога бев дете попладневното спиење во неговите прегратки беше најслатко.Уживав да му правам фризури :D да му ја чешлам косата ,имаше неверојатно густа коса.На него ги изведував првите козметички третмани.И кога ќе ме видеше дека ги спремам шишенцата велеше-па мора ли сине?Мора тато.И без збор се местеше да го тинтрам.
    Одличен играч на шах,криво ми е што мојата тупа глава не се потруди повеќе да научам да играм.
    Голем психолог,знаеше од прва да ги прочита луѓето.За маж ми рече-ти со него нема да бидеш среќна .Остави го.Ама младост,лудост :fubar:
    Единствена мана му беше што беше малку скржав.Секој динар,во тоа време мораше да се знае каде оди,и никогаш не се купуваше нешто беспотребно.Се вложуваше во куќа ,за нив и за мене и моето семејство.Криво ми е што премногу работеше ,не си дозволи никогаш одмор во класична смисла.Жал ми е што не успеав и двајцата да ги испратам на море.
     
    На eloves, ilipili, senza.parole и 10 други им се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Прекрасни се. А многу се различни еден од друг.

    Ќе почнам од татко ми. Има прилично затворен карактер, тешко е да извадиш од него нешто што го мачи или притиска, или нешто што не сака или не треба да каже. Си собира во себе, најчесто си ги таложи маките, и сам ги решава. Иако мајка ми од секогаш му била безрезервна поддршка за се, ретко кога барал помош додека не дојде нож под грло. Жалам што и во ова сум иста како него :( Многу фино е воспитан, истото го има пренесено на ќерките. Секогаш се трудел да бидеме што е можно покултурни и повоспитани јас и сестра ми, и успеа во тоа. Од секогаш имал пошироки погледи на се, секогаш се интересирал за многу работи надвор од неговата професија. Предобар математичар (тука сестра ми го наследи, јас воопшто :D ), ама страшно лош за уметност и јазици. Тешко се снаоѓа и со работи по дома. Не го бива многу нешто да поправи или направи....може на крај ќе поправи нешто, ама ако за нешто такво треба на пример 2 часа, нему ќе му требаат 2 дена :D Малку е спор, и секогаш доцни секаде. Мирен е и сталожен, тешко е да го изнервира човек. Се вади од такт на лажење, некултура, неинформираност за основни работи, а најмногу од се за недостаток на желба за самонадградување и успех во животот, мали и скромни амбиции. Семејството му е слаба точка, многу ги цени семејните вредности, тешко му паѓа што во денешно време се помалку ги има.

    Мајка ми е многу потемпераментна и поотворена од него. За разлика од татко ми, никогаш никаде не доцни. Комуникативна е, секогаш и со секого знае да се најде во муабет. Многу сака да помага на луѓе, да не кажам на кого стигне. Не може да гледа кога некој има проблем, прави буквално се што може и не може за да помогне. Многу е педантерија, дури и премногу. Има една голема маана-кога ќе стави (т.е. суреди) нешто некаде, ни Господ не го наоѓа. Најчесто тоа се многу важни работи. Не знам колку пати така „мистериозно исчезнувале“ :D важни документи, пари исл, и тоа само зашто „мајка ми ги суредила“ :D Ова нормално од такт го вади татко ми, а неа ја фаќа паника од тоа што направила, и ќе го прекопа станот уште 200-300 пати, ама џабе :D И нормално, после 4-5 години сите работи излегуваат од некаде. На ова можам да се надоврзам со нешто побанално, ама кое мене ме вади од кожа-обавезно ми ги губи чорапите по дома ]:) Таман ќе се опремам ќе купам така 10-12 пара, нема да помине еден месец, ќе стигнам дури по еднаш да ги облечам-минимум пола се распар :o И ги нема. И ќе излезат после 2 години, од кога веќе којзнае колку пара се смениле и го нема другиот за да бидат пар. Многу сака да готви, посебно сака да меси солени работи. И ја бива, уф какви пити прави да знате :mm: И за благо ја бива, ама избегнуваме благо зашто татко ми е дијабетичар. Многу е вредна, не трпи неред дома, една работа да не е на своето место ја фаќа паника дека е хаос несредено....и така :)

    Ги обожавам двајцата. Дале се што имале и немале за јас и сестра ми да имаме удобен живот. На почетокот и не било многу тешко, зашто и двајцата имаа добри плати. Но, од пред 13-14 години кога веќе озбилно почна да тоне се во државава, приходите страшно се намалија, после и татко ми остана без работа.....Се држиме некако денес, работи татко ми, тегнеме крај со крај, се издржува едвај некако, ама не е тоа-тоа. И во таква состојба се трудат да даваат и на мене и на сестра ми, посебно за внуците не штедат, и криво им паѓа што не можат повеќе да дадат. Се обидуваат да направат две од едно, најчесто им успева. Секогаш се труделе се да имаме со сестра ми, да не бидеме лишени од ништо. Ваделе од својата уста за нас да ни дадат. И не постои начин на кој некогаш ќе можам да им се оддолжам. Се трудам колку можам, заедно плаќаме сметки, давам дел од платата, им купувам поклони.....Имам чувство дека 5 животи ќе ми требаат за да им се оддолжам за се.

    Веќе почнаа да ги газат годините. Почнуваат како деца да стануваат. Да забораваат дали и кога се напиле лекови, забораваат што кажале и што им кажал некој, имаат некои чудни ставови кои никогаш ги немале.....на моменти така лудило ме фаќа од што се чудам од каде излегуваат некои изјави. Ама небитно, тоа се моите родители со кои сакам да поминам квалитетно време кое никако не сакам да го нарушам зашто мојот став и нивниот не се исти. Веќе некое време не се карам со нив, им угодувам колку можам, и ќе го правам тоа до последниот ден.

    Можам само да посакам да бидам родител како нив. Ќе се потрудам барем дел од тоа да бидам.
     
    На ilipili, senza.parole, NoellePage и 6 други им се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Мајка ми е емотивен песимист разочаран од животот. Поранешна одлична примерна ученичка, сегашна ветеринарна инспекторка која си ја мрази работата и постојано се жали колку и е тешко. Премногу лесно се лути, понекогаш дури не знаеме зошто. Може цел ден да биде нерасположена и да го расипа и нашето распложение. Сега седи на двоседот и чита, како и секогаш кога има слободноо време. Обожавател на Трендафилка (феминката; и ја покажав Фемина).
    Татко ми е...заспан. Спие како бебе. Еве, дури и додека јас го пишувам оваа мислење, тој спие на фотелјата а телевизорот му работ. Се гледа дека му се многу „интересно“ вестите. Нервозен е. Или можеби само премногу ја покажува нервозата. Тежок пушач кој нема намера да престане со пушењето. Технолог, работи како професор во средно. Не разбирам како не почнува да се дере додека им објаснува на оние негови не толку паметни ученици. Секогаш се дере кога ми објаснува мене. Најчесто е добро расположен, но понекогаш може да биде намќор. Да не заборавиме дека има чудна смисла за хумор. Најчесо тој готви, мие садови, готви бидејќи мама е зафатена (а тој нема толку многу часови). Добар готвач е.
     
  20. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мојте родители иако се тотално различни, комплетно се надополнуваат.

    Мајка ми е добар слушател, и педагог. По професија сметководител во една локална фирма. Сталоженоста што ја поседува и начинот на кој мирно ги решава проблемите, понекогаш посакував да ги имам од неа. Голема поддршка во животот на секој член од семејството и страсен љубител на мачки посебно бели. Одличен однос со пријателките кој секоја недела го надополнуваат со некое различно доживување, самостојна и стабилна особа, со авторитет. Незнам дали она што го поседува како позитивна особина прави да го почитуваме сите нејзиниот збор. Или пак негативните особини кои се малку но сепак ги има, брзо се лути, а нејзината сталоженост понекогаш преминува и во ладнокрвност. (според мене)
    Татко ми тотална спротивност, човек со ѕвезда, човек со кој денот поминува само во смеа и во правење „глупости“, човек- дете кое обожава да го помунува денот со децата и покрај обврските што ги има, иако се повеќе од оние на мајка ми. Татко ми по професија е ФУДБАЛЕР ( најчесто така знај да речи ) односно предава физичко во едно основно училиште, а покрај тоа и тренер во приватен фудбалски клуб. Тотална разлика, но сепак се надополнуваат, кога мајка ми нешто објаснува тој секогаш знај да го претвори во еден огромен мајтап, од кој најчесто мајка ми испаѓа налутена, а сепак насмеана. Сепак мило ми е што ги имам онакви какви што се .. од едниот научив да ценам и почитувам, а од другиот научив како да сум позитивна личност и во најтешките периоди од животот. ГИ ОБОЖАВАМ ... :lol: