Моите родители се арнички Неможам да им најдам мана,се трудат,фала му на господ ги држи умот уште Не се различни воопшто,туку буквално се слагааат меѓусебно и откако знам за себе тие луѓе за се во животот разговарале искрено и за се имало компромис. Мајками е срдечна жена,доминантна,амбициозна и за нејзе не постои во речник НЕМОЖАМ,НЕМАМ,Ќе ВИДИМЕ,Можеби.... Оптимист е, голем подржувач и поткрепувач особено кога човек е при крај со нерви или на раб на депресија. Таткоми е голем зафркант,обожава да се заебава,да кажува вицови,и многу сака деца да чува. Уште од сеа мене ми кажува дека ако родам машки деца он ќе ги воспитува (Абе Ајде ) Толерантен е,внимателен и доста добар соговорник. Вреден и сака да помогне. Многу научив од моите родители,тие неизмерно се труделе цел живот да ме изведат на прав пат.Ме подржувале за се во животот. Бескрајно сум им благодарна за целиот вложен напор и труд.
неможам повеќе психички ке ме пореметат домашниве - поточно мајками. стално ми се дере, ми се развикува и што ме повредува најмногу ме колне и ме нарекува со зборчиња што не би му ги кажала ни на некој па незнам колку и да го мразам. што е работава, што и да се случи што и да направи брат ми таа по мене се изнавикува и на мене истресува цела нервоза. кога ке се скараме незнам колку време муабет не ми прави, не ми дава пари да излегувам како сите нормални на моја возраст. И само вика по мене. Ми иде од дома да избегам кога би имало каде да одам ех. совет ? :'(
Моите родители...приказна за себе.. Татко ми е доста вицкаст човек.Како манекен бил уште од мали нозе Своите маки само за себе ги чува.Секогаш гледал да не воспита најдобро што може.Обично секогаш трпи,трпи и знае како бомба да експолдира.Но,ми се допаѓа онаков каков што е. А,пак мајка ми.Навидум младолика симпатична жена која е лојална кон своето семејство.Но,многу често избувнува и се нервира.Нешто што највеќе и пречело е лагата.И таа и тато секогаш гледале да има за нас и да бидеме деца за пример. И да можеби според описов ви се чини дека ги преценувам и ги правам совршени..Но,да тие се совршени.Сепак се мои родители
Моите родители се најдобрите луѓе на светот Не би ги менувала за ништо. Најискрените пријатели, најголемата поддршка во животот и најдобрите професори од коишто се учат најважните лекции во животот
Моите родители се грижливи,строги,понекогаш неподносливи,духовити во секој случај прекрасни родители за мене.Мајками е душа од човек не дека ми е мајка,ама нема лош збор ниту мислење за никого,многу е емотивна,а во исто време и инаетчика со инаетот сака да оди до кај со домашните,ама на крајот е стално навредена во повеке случаи расплакана.Татко ми е малку построг,и често знае да ти ја каже вистината во очи без заобиколување,е принципиелен,и духовит знае да се нашали на туѓа сметка,а често пати и на своја.Едноставно и јасно си ги обожавам своите родители и тоа каква личност сум денес јас е нивна заслуга им благодарам-Карактер имам на мајками,во ликот сум на татко плукната,и доста работи научив од него и ден денес се огледувам на него,да бидам личност со свое јас.
Моите родители се мојата гордост. Секогаш се покрај мене кога ми треба нешто, секогаш знаат да ми укажат на грешките, да ме посоветуваат, да ме ислушаат кога ми е најтешко, да ми дадат поддршка за се.... Посебно тато. Значи ги обожавам.
понекогаш знаат да бидат страшно неподносливи нервозни и лошо настроени. но има добрина во нив, ја чувстувам. ги сакам. многу.
... живи и здрави. И тоа е се што сакам од нив. Како загазуваат се подлабоко во седмата деценија, здравјето се повеќе им опаѓа. Се повеќе станувам свесна дека нема да бидат тука засекогаш, и се трудам да си ја прекинам мислата. Среќа што живееме блиску, па можам да ги видам макар и на 5 минути. Порано многу ми помагаа за децата, а сега полека улогите им се менуваат, се повеќе им треба моја помош. Пред малку бев да ја видам мајка ми. Татко ми беше излезен, среќа си најде хоби што го исполнува, а мајка ми сама и уплакана. Причинаата беше тривијална, ама веројатно така е тоа кога човек одеднаш има вишпк време, а здравјето почнува да му откажува. Се надевам дека нема да имаат некои посероизни нарушувања на здравејто, со ситници и јас се мачам, иако имам половина од нивните години.
Многу се пронајдов во овие реченици... уште еднач свтив колку неизмерно ги сакам ... тие се најдобрите родители на цел свет .. ептен ги сакам ... мамо , тато ... најмили мои ...
НАЈДОБРИТЕ!!! Си ги сакам најмногу на свет, за се ме поддржуваат. Ме воспитале убаво и многу сум им благодарна.
Највредните и нагрижливите родители на цел свет, ги сакам премногу, тие секојдневно ми го кажуваат тоа додека јас се носам малку подиво КОга ќе имам дете сакам да го воспитам и идигнам со љубов и внимание со кое ме опкружуваат моите родители.
Најдобрите, најгрижливите, секогаш тука за мене, ме воспитале како што треба, со нив имам се. Со еден збор кажано моите родители се THE BEST OF THE BEST! И нормално си ги сакам најмногу!
моите родители не живеат заедно.. не се разведени но си го живеат животот настрана како што сакаат.. татко ми има нов брак и има дете.. јас живеам со мајка ми и мојот помал брат.. татко ми не живее со нас вејќе 3 години.. од тогаш се имаме видено само 2 пати.. тоа нивно разделено живеење на мене многу влијае.. од тогаш многу се сменив.. не сум истата личност,бев мн насмеана личност, сега не сум.. едноставно кажано ми фали среќното семејство :'( секогаш гледам да сум насмеана среќна но кога помислувам на тоа ..се чувствувам како длабоко да тонам.. никако неможам да се помирам со таа ситуација :'( :'(