Камо мојте да беа досадни...Ех, немате видено мака во животот... Инаку моите родители се многу добри, само ми е жал што не се сложуваат како порано и што им се десија некои тешки работи..
...се поим за она што ми е главната цел во животот. Кога ќе основам семејство сакам да биде како моето и јас и мојот партнер да бидеме родители какви што се тие двајцата.
како стареат така улавеат и понекогаш се плашам и се прашувам дали и ние ќе бидеме такви на нивни години. како и да е нека ги поживее господ уште ни требаат
Моите родители сее.. добри, супер, никоаш ништо не ми забраниле, ме научиле на многу работи.. но на моменти(сеа баш почесто) се многуу досадни, прво влегување дома ме напаѓаат со критики, поготово мама и им викам амаа ајде само што влегов дома ни 5 мин нема остајте ме да дишам Многу пати сум се карала, сум држела лутина и по 1недела и они биле први што прозборувале И понекогаш едвај чекам да заминат на работа и да одморам малку од се.Ама на крај краева многу си ги сакам, не би можела без нив
моите родители ми се сее во животот..тие се супер родители..неможам без нив..секогаш ќе ми требаат дури и кога ќе остарам
Моите родители се моја гордост, а јас нивна. Тие ми се поддршка во се. Најголема поддршка имам од нив за СЕ.
Моите родители се моја гордост.Ги сакам и ги почитувам.Чекорам по нивните стапки,а тоа значи дека имаме иста професија.
Моите родители се најпрекрасните родители.Многу ги сакам.Тие се секогаш тука за мене и во се ме подржуваат.
Искрено кога ќе ме прашаат кого сакаш повеке јас велам подеднакво но повеке ја сакам мајка ми.Татко ми често е нервозен а нервозата ја истура на мене и моите сестри, кога ќе вети нешто не го остварува-ке рече да но подоцна не јас реков не Но тоа е тие се мои родители.Мои мама и тато...
Моите родители за мене се најдобрите родители во целиот свет секогаш ме имаат подржано за се и никогаш ме немаат навредено.Навистина сум среќна што имам такви родители и ги сакам најмногу затоа што благодарение на нив двајцата јас израснав и пораснав во оваа личност што сум денес и тоа благодарение на нивната поддршка и совети што секогаш ми помогнале во животот.
Повеќе сум приврзана кон мајка ми,бидејќи е посмирена и не е толку избувлива како тато. Јас и тато кога ќе се изнервираме за нешто веднаш избувнуваме,а тоа е нешто што најмногу го мразам кај мене.Понекогаш тато ќе рече нешто ајде ака ќе направиме,онака ќе направиме и ништо од реченото,па се молиме после да се направи нештото. Какви-такви,тие ми се родители,никој не е совршен.
Моите родители се: -Премногу грижливи -Во пола од времето што го поминувам со нив се забавни, а во другата половина се давеж (ако се работи за нешто што одамна се случило, а уште ме караат за тоа... ама одамна ми е пред година...) -Сакаат да бидам најодлична секаде.. ама неможе тоа секогаш да биде така, но не разбираат -Се нервираат многу лесно и кога ќе се вратат од работа исто е како бомба да деактивираш за да не избувнат -Мора да знаат кај сум, во спротивно за нив сум киднапирана, убиена, измачувана и секакви песимистички работи околу мене -Обожаваат животни
Моиите родители се мили,грижливи,понекогаш знаат да бидат напнати и досадни,ме тераат да пијам само чај бидејќи имам песок во бубрезите (ии понекогаш многу ме нервираат со тоа ) но сепак се дарежливи,добри,ме советуваат..На крај краева..си ги сакам тие ми се се во животот заедно со братми.Но, лоши,добри досадни,недосадни какви такви..тие мене ми значат многу во животот.. ме караат за некои работи и тогаш значи многу се лутам..но подоцна сфаќам дека се во право..секако постари се поминале низ работите кои ги поминувам сега јас..секако дека ќе делат искуства со мене..Знам дека ми го мислат најдоброто,па затоа неможам да му бидам лута за долго време
Моите родители се...во целост грижливи.Но премногу.Премногу,ама премногу се секираат и кога имаме со сестра ми најситна настинка тие креваат паника. Мајка ми е личност на која неможеш да и докажеш дека не е во право и премногу се нервира и премногу ни вика,но ние тоа го сметаме за хумористичен начин. ( ) Сака се да и е уредно и премногу се нервира кога оставаме алишта неуредни,кога книги оставам насекаде и сл. ,несака неуредност.Сепак е преголема нејзината грижа и одговорност.Сака да знае се за мене,некогаш ме нервира тоа ама сепак прва ми е на листата кога ми треба некој совет или да му се отворам некому. Татко ми е арогантна личност.На него често неможеш да му удоволиш бидејќи еднашка е ваков другпат-таков.Знае да избувне од еднаш,но брзо му минува.Сепак некогаш се му се собира-невработеноста,секојдневни нервози,на неговите деца непослушност и сл. А општо е многу мирна и повлечена личност но некогаш знае да биде и замлатотина. Не толку често,но ги имам караниците со нив-дали што по цел ден сум пред компјутери,дали јас ке им се развикам нешто но сепак кога ги имам секогаш завршува со „Веќе не сум ти мајка/татко“ и неколку солзи но потоа следи секако прегратка. Некогаш ми е многу криво што така ги нервирам та и солзи да пуштат ама што да правам-инает сум,неможам да се воздржам. Какви-такви,родители ми се и многу ги сакам.Не би можела без нив,секако.
Исто како јас да сум го пишувала Мајка ми е предобра личност, знае добро да ме советува, смирена е (иако понекогаш знае и да ми се развика ) , а татко ми и тој добар човек, само што некогаш е многу избувлив, кога е нервозен од работа или нешто знае тоа на мене да го истури али за 2 минути е веќе друг човек. Во целина и двајцата се одлични родители и си ги сакаам најмногууу