Моларната бременост се јавува на 0,1 % од трудниците, почесто кај постарите жени или помлади од 15 години. Начинот на настанување, сеуште не е доволно јасен и постојат две можни објаснувања. Спред првиот настанува како резултат на оплодената јајце клетка чии генетски материјал е изгубен или деактивиран од еден сперматозоид, а спред вториот од два сперматозоида (во околу 10% од случаите), па генетскиот материјал во оплодената јајце клетка е исклучиво од татковото потекло. Може да биде комплетна кога постелката има карактеристичен гроздест изглед и некомплетна кога често може да се пронајде фетус или одредени негови делови. Во случај кога е присатен витален фетус, тој обично не го доживува третото тромесечје, а во ретки случаи кога ќе стигне до терминот умира после неколку дена. Симптоми на моларната бременост, уште позната и како хидатиформна мола или трофобластна болест, се вагинално крварење, изразена мачнина и повраќање, висок крвен притисок. Може да се дијагностицира со обичен ултразвучен преглед и мерење на нивото на бета единиците на хуман хорионски гонадотропин (hCG) во крвта. Покачените вредности на hCG е нормално да се најдат во бременоста и служат како основа на брз тест за рано откривање на бременност. Во случај на моларна бременост неговото ниво во крвта е значително повисока отколку кај нормалната бременост. За да се заштити жената, моларното ткиво мора целосно да се отстрани од телото на жената. Кај повеќето жени по отстранувањето на ткивото, ќе нема последици. Сепак кај 20% од целосната и кај 2-5% од делумата мола, ткивото продолжува да егзистира и може да премине во канцер. Понекогаш ако не дојде до спонатано исфрлање на бременоста, и се забележи молата на ултразвук, се прави киретажа за да се отстрани целото ткиво. Кај најголем број од случаите по киретажата ќе нема потреба од дополнителни интервенции. После киретажата задолжително редовно се следи нивото на hCG хормонот во крвта. Овој хормон се лачи од плацентата и кога нема бременост неговото ниво е нула или е многу мало (помалку од 5 единици). Се препорачува жената да не се обидува со нова бременост во текот на една година, за да може да се потврди дека молата е целосно отстранета. Потребно е hCG да биде нула во продолжение од 6 последователни месеци за да се заклучи дека болеста е санирана.
Што е моларна бременост? Моја другарка остана бремена пред 1 година.Кога отиде на лекар дикторот и кажа дека е во 2 месец од бременоста и дека е многу добар плодот.Дури и срцевата реакција била во ред.После 1 месец прокрваре и отиде на лекар и кажаа дека треба да лежи.За 1 недела отиде на контрола и за жал и кажаа дека плодот е мртов.Откако направи абортус (т.е.се исчисти) за 1 недела отиде по резултатите и и кажаа дека имала моларна бременост за среќа го имала најмалиот степен.
Здраво Веќе подолго време го следам форумов и еве конечно решив и да станам член. Пред десетина месеци за жал се соочив со моларна бременост. Прв пат воопшто дознав и дека постои таква бременост. Ја викаат и тумор на постелката. Она што ми го кажаа докторите беше дека причината не треба да се бара во нас и дека станува збор за грешка на мајка природа во процесот на оплодување. Всушност се развиваат еден куп цисти. Плод може да има а може и воопшто да не се развие. Мојата беше парцијална мола. Заврши со 2 киретажи. Мораше да се следи BHCG кој беше доста висок и се спушти на 0 после 3 месеци. Уште 3 месеци поминаа и добив зелено светло да се обидувам за нова бременост.
Денеска бев на преглед, денеска влегувам во 6та недела, но нема срцева акција. Докторката запна дека и личи на моларна бременост и ме упати да го проверам Bhcg хормонот кој излезе 24.400. Од лабораторија ми рекоа дека е во граници за нормала. Во Ремедика ми рекоа рано е за срцева акција. Матичната вика дефинитивно треба да има срцева акција и многу се високи вредностите. Не знам на кого да верувам. Ми рече да не чекам повеќе од 3 дена, да одам во Ремедика или ГАК. Во Ремедика викаат рано е, пред 8 недела да не одам. Ќе си умрам!!!
Mој совет ти е да почекаш за недела-две,кај сите на иста недела не се утврдува срцевата акција,кај некој порано,кај некој покасно,све зависи од тоа кога е зачнато,матичната твоја вајда била запознаена со оваа терминологија на порано или покасно зачнување ...
За да ти биде полесно на душичката уште утре закажи на друго место Се надевам докторката греши ,а може и да е покасно зачнато... Сепак јас не би чекала би си проверила уште наредниот ден ако пак ми речат да чекам би почекала,ако се мора тоа е... Ти посакувам природна и нормална бременост
Значи само 5 полни недели и влегуваш во 6 и др.така ти рекла......воопшто не се паничи, за срцева реакција се чека до 9 недела, најчесто во седма се јавува. Ај баш пиши што како ќе биде...поздрав
Само да ви кажам дека дефинитивно стануваше збор за моларна бременост, потврдија уште 2ца доктори и мораше да се направи киретажа. Добро поминав, ама ми рекоа дека морам да чекам една година пред повторно да се обидеме за бебе.
Јас си гушкам бебенце, има 8 и пол месеци, ама сакав брзо уште едно да гушкам. Ама ќе почекам, не е страшно
A samo edno prasanje imase li nekoj od simptomite koi se navedeni za vakva molarna bremenost.....................
Симптомите на моларна бременост или missed abortion се исти како и при нормална бременост, изостанување на мензис, гадење, повраќање, вртоглавици, спиење повеќе, болни гради. Јас имав ваква бременост пред околу 3 години и многу е болна реакцијата кога слушнеш дека нема ембрион и мора да се изврши киретажа, неописливо е чувството ама здравје после неколку месеци пак останав бремена и сега си имам здраво, право, најубаво и немирно синче од 1,5 година
Zdravo sakav da se pridruzam i jas vo ova tema, znaci i jas pred 5 meseci imav abortus poradi molarna bremensot vo 9 nedelanmi kaza deka plodot ne se razvivase pa morac vo kiretaza.. Koga napraviv test mi izlese 24.300 pa mi dadoa nekoi lekovi i za 3 mesecu koga napraviv povtorno istotot test mi izleze negativen znaci 0 i doktorot mi kaza da se obidam za da ostana povtorno bremena . Ama ovde gledam nekoi od vas imala da cekat i po edni godini pa jas se plasam sega posto kaj mene samo 5 meseci imaat pominato?
Eve jas veke pomina eden mesec od kiretazata znaci kesata nemase plod boze prv pat slusnav.ne se spoile hromozomite. Dali nekoj ima iskustvo I sto se ispituva posle ova bidejki mene nidto ne mi ispituvaat inace sum vo stranstvo
Моларна бременост е кога наместо оплодување во матката каде обично треба да има ембрион настанува патолошка маса, значи нема плод него тоа е од постелката. Исто изостанува менструација и сите симптоми водат кон обична бременост ама обично првите знаци се откриваат кога нема срцева акција и треба да се направи киретажа. Обично жените кои имале моларна бременост би требало да паузираат една година пред повторно забременување.
Da da bez plod bese veke vo 8 ma nedela.doktorkata mi rece moze I poslebdvs nesevi da pocnam...eve ccitav sega cudno Bolest li e???
се појавува така што женската јајце клетка не е активна кога ке биде оплодена од сперматозоидот и наместо заедно да почнат да се делат само сперматозоидот почнува да се дели. Затоа има симптоми на бременост ама плацентата не се формира правилно, се развива само надворешната обвивка а внатре нема бебе. Не се плаши не е болест, не значи дека повторно ке ти се деси истото, ке те следат докторите во следната бременост убаво.
Сум слушнала дека некои жени од преголема желба за бебе, си ги имаат сите симптоми на бременост им расте стомакот но нема бебе. Се случило на далечна братучедка на татко ми, била стара мома и сакала дете, па кога отишла на “пораѓај“ само и го издишиле стомакот. После лежела во нервно. Знае некој како се нарекува таа “бременост“