1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моларна бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од m.maci, 6 декември 2012.

  1. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    :nod:Да нажалост има и такви случаеви каде на психичка база расте стомакот :?::?:ама незнам стручен термин за тоа да ти дадам, психата е лоша работа:x јас после спонтаниот од што бев опседната со бебиња неможев да останам бремена а немав никаков здравствен проблем, на крај докторката ми се развика да ја заборавам и да не доаѓам кај неа се додека не останам бремена и да не мислам на бебиња:D и го пуштив мозокот на пасење што се вика...и по еден месец пак отидов одма сум останала бремена:D сега сум 20 недела :inlove:
     
    На Едно Чупе, iva78 и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Честитки миличка :* :* :* :*
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Благодарам :inlove::inlove:
    Инаку Псевдоциеза било медицински термин за таа лажна бременост, психичко нарушување за кое нема лек освен психотерапија.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Понекогаш природата креира симптоми блиски или речиси идентични со оние на бременоста кај жените предизвикувајќи состојба на лажна бременост.

    [​IMG]

    Стручниот термин за оваа состојба е псевдоциеза, а кај психолозите и психијатрите е позната и под терминот „хистерична бременост". Присутни се многу од знаците и симптомите на бременост и речиси се укажува на тоа со исклучок на присуството на фетус. Симптомите на ова психичко нарушување се слични на симптомите на вистинската бременост и често пати е тешко да се постави диференцијална дијагноза се до моментот на конечно утврдување на присуство, односно отсуство на фетус.

    [​IMG]

    Оваа состојба и не е толку ретка како што може на прв поглед да се помисли, а не е карактеристична само за жените туку се јавува и кај женките на некои други видови цицачи, особено кај кучињата и глувците.

    [​IMG]

    Засега нема универзална теорија за тоа што ја предизвикува оваа состојба. Една од теориите тврди дека причината за лажната бременост е емоционалниот конфликт кој се одвива кај жената. Се смета дека интензивната желба да се остане бремена, или пак интензивниот страв од бременост, може да создаде внатрешни конфликти и промени на ендокриниот систем до таа мера што таа ќе покаже речиси јасна симптоматологија на бременост.

    [​IMG]

    Статистички најчесто ваквата појава е забележана кај жени во нивните триесетти и четириесетти години од животот. Воглавно, се работи за мажени жени со голема желба да забременат. Во ваквите ситуации се претпоставува дека фактор е разочарувањето што не забременуваат кое има силна емоционална поддршка на потсвесно ниво да резултира во реална промена на ендокрината слика придружено со екстерна манифестација на симптоми на бременост.

    [​IMG]



    Според едно друго гледиште жените кои очајно сакаат да останат бремени, може да ги интерпретираат промените на своето тело како знаци за бременост. Ова обично се случува ако жената била веќе еднаш бремена но го изгубила плодот со спонтан абортус.

    Има и погледи според кои депресивната состојба на жената е главниот причинител. Самата депресија може да направи хемиски промени во нервниот систем кои може да ги поттикнат симптомите на псевдоциезата.

    [​IMG]

    Една работа што е заедничка за сите случаи на лажна бременост е менталната состојба кај жените со вакви симптоми. Таа секогаш е со длабок емоционален конфликт, разочарување или депресивна конотација. Карактеристично е што во сите случаи жените имаат многу силно верување дека навистина се бремени.

    [​IMG]

    Иако екстерните симптоми може да залажат, оваа состојба всушност многу лесно се дијагностицира, со обичен клинички тест за бременост или ултразвук на пример. Но, без оглед како ќе се дијагностицира, јасно е дека клучот лежи во психолошкиот фактори и потребен е соодветен психолошки третман и терапија, иако во многу случаи жените добиваат медикаменти за симптомите. Како и за голем број други состојби, потребна е пред се поддршка и разбирање од најблиските.

    [​IMG]
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Auuu jas prv pat sega od vas citam deka postoelo i takva lazna bremenost :x
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.393
    Допаѓања:
    318.114
    Пол:
    Женски
    Мешате поими.Псевдоциеза и моларна бременост не е воопшто исто ниту поврзано.
    Кај моларна бременост место
    гестациска врека се создаваат цисти како грозд растат.Може да постои ембрион но со тешки пореметеувања кој секако не би се развил понатаму.Има делумна моларна бременост кога има повеке хромозоми од што е потребно (околу 69) и комплетна кога воопшто не постои генетски материјал од мајката.
    Се прави киретажа и се следи нивото на хсг дали опага.Ризикот од моларна бременост често е канцер .
     
    На m.i.g, Maceto123 и danichap им се допаѓа ова.
  7. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    мила знам дека не е исто, не мешаме поими:) туку девојчето само ме праша како се вика таа бременост каде што стомакот се дува на психичка база и телото мисли дека има бременост а всуштност нема бременост и јас и одговорив дека тоа е Псевдоциеза :) оди на претходната страница и ке го видиш целиот муабет :) поздравче
     
    Последна измена: 21 мај 2015
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.393
    Допаѓања:
    318.114
    Пол:
    Женски
    Ама пак ја мешаш психата :)
    При моларна бременост психата не игра улога,стомакот не расте бидејки ваквите бремености се чистат од сам почеток.Ризик се за мајката.Овде расте нивото на хсг абнормално и ова е веке физички а не психички проблем.
    Моларна се вика бидејки се ствара мола ,грст од цисти.
    Незнам дали добро ме разбирате што сакам да кажам.Трудницата има симптоми слични како кај нормална бременост:силно повракање,висок притисок,кафеав исцедок но тоа не се појавува поради психата на жената :)
     
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    @joy1 знам многу добро што е моларна бременост имам еден спонтан со близнаци кој што го водат во клиника како моларна бременост т.е. едно од бебињата не се развило и се направило хематом. така да нема потреба да се објаснувам си имам осетено на своја кожа.
    Ја спомнав психата затоа што девојчето рече:
    и јас и реков дека точно е дека постои таква бременост каде што стомакот расте на психичка база и тоа се нарекува псевдоциеза, се лекува со психотерапија како што си рече девојчето дека таа жената лежела на нервно. Не реков дека тоа е моларна бременост, кај моларната бременост се развива гестациска кеса, кај псевдоциезата не се ствара ништо, буквално ништо туку само мозокот праќа информација до телото да мисли дека е бремено и стомакот се дува а е празен.
    Добро знам што е моларна бременост да свртеше една страна уназад ке ги видеше моите две мислења.
     
    Последна измена: 22 мај 2015
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.393
    Допаѓања:
    318.114
    Пол:
    Женски
    Незнам шо се возбудуваш .Спонтан сум имала и јас плус две здрави бремености.Се случува :)
    Кога реков мешате поими мислам тебе не те спомнав воопшто.Ако си се осетила прозвана твој проблем.
     
  11. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    не се возбудувам бе срцка ;) само следен пат пред да замериш нешто прочитај убаво што е пишано зошто очигледно не си ни го разбрала муабетот.
     
    На zalosna и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.393
    Допаѓања:
    318.114
    Пол:
    Женски
    Јас не се замерувам ти лесно се врегаш.Хормони ваљда ;)
     
  13. iva78

    iva78 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Zenski ama kaj mene nemase ni grozd ni nisto mivrekoa ednistavno hromozomski poremetuvanje zatoa pradav budejki nikakvi ispituvanja ne mi dadoja da pravam.i mivrece dve menstruacii I mozes pak da probas
     
  14. marija27

    marija27 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    знае ли некоја каква е таа рана парцијална мола
     
  15. ZbUnEtA*

    ZbUnEtA* Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Пред 6 дена е направена интервенција поради морална бременост... после интервенцијата крварев но од кога ме пуштија од болница немав никакво крваренје се до сега т.е 6тиот ден по интервенцијата и тоа малце кафеава крв.Дали е тоа нормално или не?
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Оди на гинеколог одма
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mariza85

    Mariza85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Здраво женички гледам дека одамна никој не е споделила искуство па јас да прашам дали некоја во скоро време доживеала моларна бременост и дали за кратко време останала пак бремена? Јас после 6 години во обид за бебче конечно ги видов тие 2 цртки ама кратко траеше нашата среќа. Пред 2 дена морав да правам киретажа на гак имав моларна бременост за жал. Мојот матичен ми рече дека сега мора да се почека до 4 месеци за повторен обид а јас се плашам да не ми се повтпри истото
     
  18. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    41.723
    Пол:
    Женски
    Јас останав после 7 месеци повторно бремена. Матичната ми рече дека можам после 3 месеци ,ама не се чувствував спремно.
    Друг доктор ме советуваше најрано после 6 месеци, најмногу заради киретажата. Матката убаво да заздрави, сепак не е толку наивна процедура.
    И јас се плашев да не ми се повтори истото, надевај се само на најдоброто.
     
    На Mariza85 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mariza85

    Mariza85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила. Ти во која недела од бременоста ја правеше киретажата? Јас бев 6.5 недели. Мене повеке страв ме фака бидејки пред 4 месеци вадев миоми и хистероскопија правев.
     
  20. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    41.723
    Пол:
    Женски
    Јас бев 10 недела... знам дека ти е тешко ама немој да се плашиш. Одмори се и опушти се неколку месеци, разговарај со доктор и контролирај се редовно и се ќе биде во ред, ќе видиш.
    Ти посакувам многу среќа(fingers)