Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моларна бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од m.maci, 6 декември 2012.

  1. Mariza85

    Mariza85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram mnogu za sovetot. Imajte ubava vecer...
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    843
    Пол:
    Женски
    И кај мене се сомневаат на моларна бременост правев киретажа во понеделникот а резултати ке ми стигнеле од 1 до 3 месеци ми кажаа и сега јас 3 месеци треба да бидам во мисла дали е мола, дали не е ако е треба одма да се реагира по 3 месеци може да биде касно и дали воопшто ке ми стигнат резултати и дали материјалот ке биде испитан во оваа држава бие без врски сме оставени сами на себе, на милост и немилост на господ а еве имам последици почна левата нога да ми се кочи си мислам да не е некој тромб на некои жени после киретажа им се качувале д-димерите дефинитивно бременоста може да биде многу опасна работа а јас не сум го знаела тоа.
     
  3. Mariza85

    Mariza85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Kaj pravese ti kiretaza? Jas pravev na gak i mi rekoa za 4 nedeli ke bidat gotovi rezultatite. Jas vo sredata pravev a eve denes imam kako menstrualni bolki i denes poveke krf ima otkolku prethodnite denovi za da e ciklus mislam deka seuste e rano. Ako bidam i utre isto sekak ke se javam kaj maticen. Mene 3 doktori me gledaa vo mojot grad i koga otidov na gak uste eden t. E. 4 doktori zaklucija deka se raboti za molarna bremenost ama ke vidime na rezultatite so ke pisuva.
     
  4. snowqueen

    snowqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    843
    Пол:
    Женски
    Јас во чаир правев затоа што во државна ми кажаа немам плод и изгубив таму доверба башка беа многу дрски а на сите други места имам плод и тоа е само нивна претпоставка дека се работи за мола не е сигурно ама има шанси, јас резултати треба 3 месеци да чекам а контрола кај матичната од кога ке сум добила мензис а тоа може и да е после 40 дена од киретажа а ако не е исчистено се јас пак ке бидам во мисла до нареден мензис дали сум чиста или не и без терапија тоа ми е немам воопшто соодветен третман за мојата состојба а немам ни финансии да имав пари сама ке го однесев материјалот на испитување и ке знаев на што сум, вака кој знае што има сега во моето тело и што се развива или пак не се развива. Ме гледаа 4 доктори пред киретажата и од како ми направија прашував каква постапка сум имала дали вакум дали со гребење (затоа што со гребење процесот на заздравување е значително подолг и треба повеќе пазење да знам на што сум) и никој не ми кажа уште не знам каква киретажа сум имала но ова ми го пишува на листот revisio cavi uteri instrumentalis ако знаеш ти кажи ми. Само си платив ме однесоа во сала ми направија интервенција и никој ништо подетално не ми објасни што ке ми прават и како. Од како заврши киретажата по пола саат се разбудив, полежав пила саат и дома ме пратија. Се извинувам на лошиот редослед на моето пишување ама немам воопшто концентрација ако те интересира нешто прашај.
     
  5. simka212

    simka212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки малку пак да ја активирам темава бидејќи сум уплашена. После 10 месеци од прва бременост останав повторно бремена. Во 6та недела бев на преглед ми рекоа има бременост и покрај плодот полип, јас потоа прокрварев а воедно имав и кафен исцедок матичната ми рече нормално е да не се плашам и ми даде терапија да поддршка на бременост. Во 8ма недела имав преглед и ми кажа нема бебе да одам да ме исчистат ја прашав за полипот ми рече во оваа каша не се знае што е што. Отидов во Ремедика на киретажа ме исчистија ,а пред тоа докторката ме виде на ехо и ми рече материјалот да го пратиме на анализа случајно да не сраснува. Ми стигна резултатот се испостави дека не било полип туку дека се претворило во мола и не парцијална туку целосна. Значи матичнава не знам како не примети.Докторката од ремедика ми рече хсг ќе следиме додека не падне под 5. Е сега ме интересира дали ова е страшно и зошто се појавуваа оваа моларна бременост која е причината? Она смета дека сум исчистена но ќе ме прати, што ако има останато некој дел што потоа многу ми е страв ако може некој поискусен од оваа област да ми објасни. Извинете на подолг пост девојки