1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Молба

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy88, 14 ноември 2012.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Каква е таа молба која се бара за поднесување на документи за работа?
    Имам слушнато за мотивационо писмо и цв, ама ова е дефинитивно нешто ново.Знае ли некој за каква молба се мисли?
     
    На Belllaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    јас мислам дека мотивационо писмо, писмо за интерес, и оваа молба е едно исто.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    http://www.zvrm.gov.mk/WBStorage/Files/ ... rabota.pdf

    Еве ти линк кој ќе ти помогне.
    Молба се пишува на обичен лист А4 формат....
    Пишуваш горе лево (мслам дека е лево, нека ме поправи некој)
    Име на фирма
    Адреса на фирма


    М О Л Б А

    Јас, Твое име и презиме, домашна адреса, Матичен број, Број на лична карта, роден на датум XX.XX.XXXX година во село/град, општина.

    Го молам горенаведениот наслов да ме прими на работа за работното место______________________. Квалификации си пишуваш, искуства и сл. И на крај Ви благодарам однапред.

    Молител:
    Име и презиме
    Адреса,
    телефон, e-mail
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Општи прашања

    Како да напишам Молба за работно место ?
     
  5. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    1.099
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Огласи за вработување

    Забележав во неколку огласи, се бара молба која заедно со други документи треба да се достави до фирмата. Ме интересира, оваа молба треба јас лично да ја напишам или постои некој образец од фирмата? Не е нагласено.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Ти сама да ја напишеш. Ако сакаш можеш и во печатена верзија или своерачно на А 4 лист.
    И мене ми бараа на времето и јас на лице место во архива ја напишав тогаш. Ми текнува се зезав со архиварката кога ми даде лист и кажав ,,ајде да се помолиме на горенаведениот наслов,, :D :D :D :D
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    ,,ајде да се помолиме на горенаведениот наслов,, во името на директорот, заменик директорот и комисијата за избор, амин :D

    Молбата ти е всушност апликација за работа, тоа е едно парче хартија кај што треба да се фалиш себеси, за кој оглас се пријавуваш за кое работно место, каде и кога било објавено, па после продолжуваш како ти со твоето искуство па го набројуваш па мислиш дека си адекватен за тоа место, па набројуваш твои карактеристики особини па љубезност, точност, прецизност, работа под притисок ти реков ми рече и долу обавезно ви благодарам за времето одвоено за разгледување на мојата апликација и на крај со почит, таа и таа.

    Напомена- горе во десен агол пишуваш твое име презиме, адреса телефон,мејл и сл. а веднаш под него но од лева страна до кого е наменето писмото.

    Молбата е најдобро да си ја напишеш на компјутер и да си ја испринташ, подобро изгледа така, подобар е впечатокот.

    btw кај си ма цаци од кога те немам видено на форумов :*
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Значи му доаѓа нешто како мотивационо писмо :) така?
     
  10. Norah Jones

    Norah Jones Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    чекам да излезе оглас за работа, но онлајн не можам да ги видам изданијата на службен весник од декември... помош?
     
  11. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    84
    Помош како да напишам молба
    На работа има превоз но во тој дел кај што живеам не поминува
    Сакам да им доставам нешто во вид на молба до фирмата за да го пренасочат превозот некако
     
  12. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Машки
    Прво ќе ја адресираш молбата до одговорниот во фирмата за превоз, понатаму ќе наведеш твои податоци како испраќач на молбата, после на средина на листот ќе го наведеш насловот на писменото, или ќе напишеш од страна: Предмет: Молба.
    Понатаму ќе започнеш со почитувани, на нов ред (тука накратко) без многу детали ќе побараш да поминува превозот и покрај твоето живеалиште доколку е можно, и накратко ќе кажеш зошто би било оправдано тоа, на крај завршуваш со: Со почит.
    Тоа е тоа.
     
    На moni.poni му/ѝ се допаѓа ова.