Исто и мене ме тераат да мавам на групи за наградна игра,пред некој ден еден во 2 часот по полнок ме молеше да мавам лајк и му викам ако ја делиме наградата и десет лајка ке ти соберам ако не ништо од бизнис и тој:Ама вака онака и му викам ај мрш да не те гледам,и го блокнав на крај
Јас мислам дека тоа малку е понижувачки..дај те молам за лајк да молам на фејсбук...ма на кој му се допаѓа нешто нека лајкне на кој не му се допаѓа да не го ни погледнува...бог да чува имам една таква пријателка ми вели ако може лајк на статусот ..одам на статусот ќе видам 70 лајка...е сигурно тие 70 лајка не дошле сами...ги молела и тоа како ...и на крајот се скарав со неа..и велам ајде веќе не ме замари со тие глупости и таа брм брм нешто брмчи и и велам ајде магла и ја избршав од пријател....
Па што е бе ова луѓе ФБ стана како црква . Сите мола за лајк . направиле некои деца страна ѓомити ќе давале патување на Хаваи
Сега се модерни и оние „дуели“ помеѓу две 13/14 годишњачки (и по некоја постара што заостанала на тие години и самата си ја прави хм...„анкетата“, оставајќи го сиротиот, напатен народ да бира помеѓу неа и нејзината помалку или повеќе заостаната другарка-„ривалка“ или во недај Боже случај - некоја манекенка!), кои сами си ги прават тие polls, го тупат до 101 и назад на фб да гласаш за нив, а долу во коментарите демек се жалат „Леле па кој го направи ова? Патетични сте. Опседнати со нас. Дај оздравете“ и дрн дрн. Импресивна младина.
Уф мене најмногу м нервира молење за лајк за деца на фб. Ќе стават слика од бебенце, ќе ја пријават на некоја страна за убавина на деца и ќе се фрлат од молење. Бог да чува!!!
Навистина понижувачки. Не разбирам што им значи да имаат лајк на сликите или многу пријатели на фб. Навистина не ми е јасно. За молење молат 2-3 девојчиња кај мене ( со обзир дека имам околу 150 пријатели, и многу ми се ама ајде , сите ги познавам ). Лајкнувам ама обично сликите им се катастрофа, ако не им лајкнеш ќе те побудалат едноставно, леле аман веќе со нив. Имаат 2000 пријатели, на сликите по 200 лајка од кои едниот е нивни, 10 лајкнале затоа што им била лајкнувана буквално секоја нивна слика, а останатите 189 се ИЗМОЛЕНИ. Ниту сум МОЛЕЛА, ниту ЌЕ МОЛАМ за лајк. ЛАЈКОВИТЕ не значат ништо за мене.
Добро децава ќе сфатат ли еден ден колку ниско паѓаат за еден лајк. Ко божем ќе умрат ако немаат мин. 200 лајка на слика. Децава цели ноќи не спијат и прават стратегија како да соберат повеќе лајкови. Еве мене што ми се случи: Ми беше роденден и јас цел ден бев најавена на фб (онака беше уклучен за да им се заблагодарам на тие што ми честитале. Една девојка ми честита роденден, се заблагодарувам и веднаш на чет ,,Може ли лајк ______,,. Види мозок, знае дека тој ден поголем број луѓе ќе ми го посетат профилот, и ќе го видат известувањето дека сум лајкнала нејзина слика. А па тие наградните игри се друга прича. Секое вклучување те чека некој и почнува. Толку ли се глупи, па не можат да разберат дека се е ветер и магла!!!
НАЈБЕДНО нешто што постои.Подобро ќе бидам со 0 лајкови,отколку со 500 бедни кои си ги измолил,си исцмиздрил за да ги добиеш.Немам коментари,сварно бедно...Какви луѓе постојат..Само уште се прашувам-Што ќе постигнат со повеќе лајкови? Демек ќе станат "маафакери", или што?
Еве доказ дека молат На демотивација што нема да најдеш А да ова е мала збрка http://www.demotivacija.mk/newest/all/n ... 18714.html
Нешто нај патетично и нај бедно што може да произлезе од устата на еден човек. Целиот живот им се врти околу лајковите на сликите, статусите, живеат за нотификациите, понудите за пријатели.. дури понекогаш стигнуваат до степен што додаваат пријатели кои воопшто не ги познаваат само за да ја надминат границата над 1000
Едноставно .... ми се има случено од разни лигли да ми бараат лајкови..некои не им враќам .. некои има викам ако ми ставиш и јас ке ти ставам.. незнам ептен ми е безвезе.. да спаднеш на ниво да молиш з алајк
Најпатетичното нешто е молењето за лајк.Незнам на кој начин ги исполнува тоа што имаат грозна слика,а има 1000 лајкови ?! Каков живот глуп,штом единствена цел им е да се сликаат полуголи и да соберат лајкови.. А никогаш не им ставам лајк,туку веднаш unfriend.. и готова прича.. И уште попатетично ми е она што го пишуваат in the description : " Абе не сум убава,ама ај така да сменам " или.. "Леле,грда сум ама ај за неа само ја ставив " Спојлер Или коа ке напишат некој љубовен роман во описот под сликата.. Бруки !
Ептен се досадни да не може човек на мира да поседи на фб од таквите ...Ама кога ми пишат на фб да ставам лајк, јас си се правам улава како ништо да не ми ни пишале....Ниту им враќам, ниту им ставам лајк Па не се еден и двајца, цел фб за лајк моли цццц
Сваќам женско да моли за лајк ... ама машко ?!?! Не ги разбирам и шо ако имаат 500 лајкови ? поубави да не станат, боже божее
Најбедни ми се кога самите ќе се тагнат на слика....и демек ај лајк..... или пак сподели на сликата..
досадни досадни досадниии !!! те молам ако сакаш да ставиш лајк на оваа слика после 2 мин ај и на оваа ма ај у пм,-но дали мојот лајк тебе ќе те направи поубава? никогаш немам молено за лајк и немам во план ни да молам тоа е нешто многу грозно и понижувачки
на нерви ми одат и никогаш не им ставам а и не батам. Лајкот синкир поубав ќе те направи абе господ да чува.