-Плиззззз ке може еден лајк? -Не! -Зошто?! -Те немам , во пријатели драга.. -Какооо??? -Ке видиш за 5 секунди!!!!
Порано ептен беа досадни со тоа, ама кога еднаш ке им удриш кичма веќе никогаш нема да те прашаат. -Може лајк? -Абе срц за тебе и 2 пати! -Како 2 пати? - Фино лепо, лајк-анлајк.
леле до последно вчера ме замоли еден дечко за лајк, и јас обично на таквите од friends во unfriend ..
Уффф таквите колку се очајни,една моја другарка моле за лајк на секој слика која ке ја тури за профилна,и ај атер направи и и коммнетирај на сликата као срце,ова она многу си убава *,а уствари ми се иде . МОже лајк? -Да,да слободно -Извини,што слободно? -Ма лајкнуј слободно која сакаш Аа и јас вака ке изодам ми се смачи веќе од тиа лајкови..
Ми се смачија! До в крај претеруваат. -Еј ај те молам лајкни и коментирај ми со и <3 Еј аман де. Или ај плис лајкче...знајш за награда ми е ова-она ако добијам ќе те честам после. Зарем од лајк живеат?! Неможам да ги сватам.Ни јас не молам за лајк,ни мене сакам да ме молат. Зарем од лајк живеат?! Кај отиде животов!
Ма преку глава ами се,и во последно почнав да ги блокирам таквите Разбирам да побарат лајк за некоја награда ако му треба но да ја знаат личноста а не на секој кој ќе му се погоди да му барат.
Jaс кликам лајкови само ако им треба за некоја награда па се трудат да добијат што повеќе... Секако мислам дека нема потреба од молење за лајкови но ајде, нема јас ни па некој друг да се осиромаши аако ставам лајк на нешто.. Единствено не поднесувам да ми побара лајк на слики или линк, е тогаш не дам!!
Tomislav Zinzovski-Сара Трајковска Ве молам ако сакате да го отворете линкот и стиснете LIKE, потребно ми е за наградна игра http://www.fakulteti.mk/nagradniigri/ra ... spx?id=238 фала однапред Ми се допаѓа · · Не ја следи објавата · Види пријателство · Почнаа и по ѕидовитее!! -.-'
Глупости во боја.Ми беше смачено од такви до пред 8 месеци.Сега немам фб Најчесто не одговарав на таквите!Ако мене ми се допаѓа нешто ќе стегнам лајк,ако не неможи некој насила да ме натера
Зависи од расположение, ако сум добро расположена не им враќам ништо, а ако не сум тогаш дурекно ги блокирам
Јас ставам лајк на некои познанци ако ми пишат некои др демек може лајк? му велам океј и не му ни стегам лајк раслечени тука демек колку лајкови имам ова она ама некогаш кој сака нека ќе му речам па што сака нека е здосадено ми е од такви глупации...
Jaс сум многу против ова. Неможам да сфатам зошто некои луѓе се понижуваат самите себе до тој степен што молат за лајк и се способни да направат било што за да го добијат истиот! И што потоа? Ќе се осеќаат повредни, поубави од другите? Како да не! Затоа на ваквите искомплексирани личности кога сум подобро расположена им враќам со линк од групата "Ставам лајкови на слики и статуси, цена по договор ", односно терам шега со нив. Е сега ако не сум расположена, веднаш delete и block и чао,пријатно.
Ми се нема многу случувано некој да ме моли за лајк. Дали оти не сум многу на чет или пак пријателите не ми се такви .Сметам дека е многу глупо и од друга страна смешно.Побогу пари ли даваат за тие лајкови .Ако нешто ми се допаѓа сама ќе кликнам лајк а да се бара е многу мизерно.Јас никогаш не би се молела за еден беден лајк,всушност и не ми е гајле колку лајкови имам.Тоа се глупости.Демек многу си популарен и моќен ако имаш по 100 лајкови на линк или на слика .
ФБ направив во 2008 год,и тогаш ми беше преубав,немаше ЛАЈК туку си пишувавме цело време коментари на сликички,беше многу поубав дефинитивно,цел ден седев а сега по навика го вклучувам ама воопшто не седам на него
Бедно. Ептен ако не треба нешто за наградини игри па ај да им излезеш во пресред на луѓево,ама за слика од нив па уште и некоја разголена па моли за лајк бедно многу бедно.
Се напнаа! Цицки на мегдан и утште кога некое машко ќе се таггне таму само ќе напише фала или -.- До пред некое време ме напнуваа со тоа pls like mnogu mi e vazen te molam или like za nagradа, aj like na status и слични срања, па на посебно место на чет ги сместив да не ми пишуваат -.-
Лелееее колку ме напнуваат со ова Секојдневно ми пишува по некоја ае LIKE Некогаш кога ќе сум во "добрите" дрско им договарам , но понекогаш знам и да им ставам
Јас немам такви луѓе на фб што молат за лајк. Ако некогаш недај боже под незнам какви околности ми се случи да имам некој таков, веќе нема да ми биди пријател. Јас не сум ни ретардирана ни малоумна да не знам што сакам, па некој да ми кажува што да правам.
Ретко ми се има случувано, и добро е што е така, барем моиве пријатели на фејсбук не се до толку. Ама па наместо тоа, често гледам пр. некој ја споделува истата фотографија повеќе пати или пак се означува на неа повеќе пати за да ни се појавува на почетна и поголеми се шансите некој да кликне лајк. Зошто им се битни лајковите на луѓето? Па еве особено кај нас девојките, многу има што се љубоморни. Некоја ќе има 40-50 лајкови на профилната слика, оваа пак има 10тина и се фрустрира, почнува да завидува и љубомори. Е сега првава можеби ќе е убаво излезена, или само провокативна ќе биде сликата како и да е, ете и кликнале лајк. И што сега, секогаш ќе има некој што има повеќе лајкови од другиот. Треба да се убие тој што има помалку? Глупости живи. Можеби од тие 50 лајка 40 не ги познава, ама битно бројката стоела. Бројот на лајкови не кажува дека сликата е убава. Можеби девојката се дружи со многумина па атер на тоа и ги ставаат лајковите. Друга пак, може да е попрефинета, со добро одбрани другарки, но нејзините 10 лајкови од блиските може повеќе ќе и значат од 50 лајкови на некој кој лајкувачите не ги ни познава.