најголемото понижуванје на светот ред неколку дена со другарками бефме на фб и една може лике и ние дветее неееееееееее и после три или четириден другарками може лике полудееееев.... цццц мака ми е за лугето..
Како поминува времето така се повеќе се усовршуваат во овој процес Пред некое време една од 21 година ми пиша, не директно - стави ми лајк, туку ми вика ејјјјј види ми ја сликата како сум облечена, комбинацијата, ти се свиѓа? Bitch, please
Полека но сигурно стануваме робови на технологијата... :geek: А за лајк да не се зборува...што се најавиш на фб право...Може лике??? Плссс важно е Што е толку значајно ако имаш 200 лике или 10 лике? Јас секогаш врајќам вака: ПЕТКО:Може лике (и линк) ЈАС:Не ПЕТКО:Ок... И тоа....
Ау, не само лајкови. Гласови за наградна игра, коментари, родендени ... Си размислувам ... Некогаш кога ќе ни притребаат нас лајкови .. Ма како и да е, досадно стануваат.
Леле, дали видовте? Некој отворил тема "за фб" кај што моли за лајк за некоја наградна игра? Ауух, бедно! Срамота! Незнам како може така да се понижува. Модераторки, веднаш реагирајте.
Мене ова молење за лајк ми е ептен понижувачки. Не знам која важност им имаат лајковите. Па уште кога ќе видам некој објавил нешто, два - тројца му го лајкнале и одма DELETE. Како така објава со малку лајкови. Во секој случај, на таквите ниту им лајкнувам, ниту нешто им враќам на чет. Едноставно ги игнорирам.
Ако е за наградна игра, би помогнала (пошто нешто зачестија со овие наградниве игри). Ама ако е за лајк на профилна слика, нема шанси.
Победно нешто од ова не може да постои!!!Најверојатно на ваквите им е сатисфакција да имаат поголем број like-ови на слика,статус или коментар
На една фан страница на фејсбук имаа постирано нешто како "Лајкнете ми ја сликава, вас еден лајк ништо не ве кошта, ама мене многу ми значи." Отворив и гледам "Избор за најубаво девојче на денот"! Ваква останав -.- !!! Ако ја изберат за најубаво девојче на денот на страница која нема ни 500 лајкови, златни гаќи да не ќе добие?! Господе божеее!
Поглупаво нешто од молење за лајк немам видено.Едноставно тоа е нешто најпросто.Океј ги разбирам некои за наградни игри,ама други кога ќе ми пишат лајк на профилнава или лајкни ми ја оваа слика и линк одоздола,или да им лајкнуем некоја мочана страна,ми иде да повратам. Затоа сите што ме молеле за некаков глуп лајк на некој глупи ствари си имаат добиено block
Нема поглупо од ова нешто да те молат за лајк... А имам сега една другарка која на секои пет минутки ќе стави нова слика и ако случајно и немам лајкнено ми пиши на чет: И уба ми е? Јас да... Ама ќе ја избришам оти имам малце лајкови. Океј твоја работа Стварно неможам веќе да им се замарам. Исто така несватливи ми се оние кои сега бидејќи на пикник и тиа со премиум се дозволени ко кловнови се прават и ова почетнава ми се наполни со слики од типот напучени,аве фејсбуков ми се одсака од ваквите...
Значи напнаа со лајковите t.e.d.d.y ова е за наградна игра прво лајк на страницата, па потоа на сликата, Фала однапред! БЛОК ОДНАЗАД!
Поглупаво нешто од молење за лајк на фејзбук не сум видела.. Кога некој ми рече ај те молаам лајк на сликава и коментар.. ми иде на живциииииии!
Молење за лајк на фејсбук најглупо нешто, јас вака реагирам: Некој:Плс лајкни ми ја сликата. Фала однапред Јас:Блок одназад или.. Некој:Плс лајк на слката! Јас: Ако сакаш и 2 лајка Некој: Како 2? Јас: Лајк па унлајк
Бог да чува! Молење за лајк! Што има да молам за лајк, ако едноставно не му се допага на некој мојот статус, линк или било што и да е. Досега не ме замолил никој за лајк, ниту пак јас.....нешто што не ми се допага неможам да му ставам лајк бре! Не се замарам со лајкови ниту пак со Фејсбук воопшто како социјална мрежа. Не и придавам толкава важност и крај! Имам попаметна работа.