Цицките?-тука сеее Шминка?-тука е Г'зот?-тука е Мозок?..Мозоок?Мозооок?..... Нешто многу бедно! Имаат 200лајка, па мислаt најубави се,фаци се... Едит:А ние ко будали збориме за нив,епа фаци се брате!
Едноставно ги игнорирам,го исклучувам прозорчето.Зошто молење за лајк,кога ако му се допаѓа на некого сам ќе си стисне... Mожеби мене не ми се допаѓа и тоа на некој слики цела ц*ц*а да им се гледа,или напудрени да неможеш да ги препознаеш..Само игноре!
Абе од вакви куртул нема.Секој божји ден.И јас само едно кратко не и прашуваат зошто и гасам чат па он/она ако сака после и библија нека ми напише ама не давам освен ако е за наградна игра ама ако е за статус или слика - НЕ БРАТЕ! Ја не сум барала лајк ни за слика ни за статус ни за наградна игра.
Епа и тие 200 лајка што ги имаат им се молени, а едниот е од нив. (што е најглупо нешто што сум видела во животов) а најчесто ги игнорирам. нема што да се прави со такви будали.
Молење за like на facebook?????????? колку ми се само смешни тие личности па тоа според мене е многу глупаво не ми е јасно зошто самите себе си се спуштаат на толку ниско ниво секогаш кога ќе се најдам во таква ситуација да ем молат за like (а тоа многу често се случува) им враќам нешто во следниов стил: ако ми се допаѓаше(објавата,сликата или сл) ќе ти ставев like без да ме замолуваш,ама очигледно не ми се допаѓа.... или пак понекогаш и ги игнорирам
Ооф, можам да пишувам до утре за ова, но доволен е само еден збор Б-Е-Д-Н-О!!! Толку мразам кога некој на чет ќе ми пише ,,еј може лајк на сликава?'' или ,,ај ако сакаш лајкни и остај комм.'' едноставно ги игнорирам, не им враќам затоа што не се ни за им вратиш на чет. Многу е глупо бе, шо фаци се ако имаат 200 лајка? лепотата се мери со лајкови? ахаха не. џабе ти е шо имаш 100 лајка кога јас те знам во живо!
Јас на пример лајкнувам слики што гледам на почетна, но кога ќе ми пишат на чат, за инет не лајкнувам
леле мрзам коа ме замаараат на чет за лајкк Колкууууу ми е дебилно тоа,ја никад не сум молела па макар имам и еден лајк
Многу е дебилно. Или кога ќе пишат: Лајк, за наградна игра е! Ма даај, ќе освоиш награда, биди сигурна. За лајк, не сум молела никогаш на фб. Ама затоа на хи5, за коментари, и те како молев. Ама тоа било и поминало.
И шо ако имаат 100 лајкови, кога во живо се даалеку поразлични (да не речам погрди)? Ако ми се допаѓаше јас сама ќе си ставев лајк, што има таа/тој да ме моли? Кога ќе ми пишат така на чат, едноставно ги ставам на игнор и не се замарам. И да, имам приметено дека луѓето кои се многу поубави најчесто имаат помалку лајкови за разлика од тие што се погрди, и веднаш се познава дека тие вторите молат за лајк. Јас ги жалам таквите луѓе, ми изгледа навистина бедно кога ќе видам некоја девојка со 200 лајкови и коментари од типот „лелеее преубава сиии“, „најслаткоо сиии“, а изгледа ко марсовец
Лелее ама вчера како ме изнервира една моја другаркаа..... значи ми вели ај дај ми лајк на двете нови објави. а не и се случува прв пат. и јас и велам ајде де аман зарем за лајк ќе ме молиш? и таа ми вели значи ми доаѓаше да и шлапнам една... та ми вели: "АКО ДЕ ОД ТОА СЕ ЖИВЕЕ" И јас и реков само: НЕ СЕ ЖИВЕЕ ОД ЛАЈК ТУКУ ОД ЛЕБ И ВОДА. болнииии... уште малку ако почнат да молат нема да гледам кои се право блокови ќе им мавам.
Јас па не го сфаќам ова толку трагично. Не дека сакам нешто лајкови (на крај краева поинтересно ми е да имам некој екстра креативен, одлепен коментар на статусите што ги пишувам него лајкови) али ги ставам и ич не ми чуе. Јас не сум од типот "Ау само неколку луѓе можат да го заслужат мојот лајк, кој е премногу драгоценет". Додуша може вака мислам дека до сега никој не ми има кажано да ставам лајк за кое патем мислам дека тие што го прават се многу малечки. Но и несомнено некој да ми рече, нема да се изнервирам, нема да ја пцујам и да ја мислам без мозок Спојлер туку ќе ја избришам Има кој да ја мисли, јас едноставно не се замарам. Изгаси си го "пенџерето" од чат и тоа е тоа. Се додека се сфаќаат трагично ваквите работи, мислам дека и ќе се прават.
Има една личност што постојано ме молеше за лајк за сликите има 100-120 лајка и тоа сите молени, и не дека ја сум лепотица или нешто далеку е тоа али она е Тело гром - фаца лом и еднаш ми вика може лајк и ја и викам а може да те избришам од пријатели? и од тогаш ми нема речено
Често ми се случива да ме молат за лајк, поготово една особа, ама откако почнаа костантно да ги прават групите за молење за лајк и колку е тоа дебилна работа, престана да ми пишува. Не дека се свести, него и е срам да не и направат демотивација Јас лично не ги сфаќам овие работи премногу wow. Се сложувам дека е страшно неизживеано и не личи на ништо, ама тоа ни покажува на кое ниво ни е образованието и свеста. Што е до мене, само го гасам прозорчето и си терам.Имам попаметни работи од замарање за тој лајк и солење памет- ако ти е толку добар статусот или сликата, без да ме молиш ќе ти лајкам. Bitch please!
Е за жал постојат и такви особи кои не спијат бидејќи ја немаат таа потребна бројка за добиени лајкови. Мислам која глупост е тоа, да чекам некого да ми лајкне некој статус или песна сеедно. Но, сепак најлошо е да молиш за тоа. Јас имам една колешка абе мислам дека ако не и ставев лајк на секоја слика што ја има во нејзините 10 албуми, (ако не се и повеќе бидејќи кај и да оди се слика и после одма да се пофали каде била, па со кого) дека ќе ми дојде еден ден со нож и ќе ме убие. И јас што да правам, почна ептен да ме напнува и ајде на секоја слика лајк лајк. Мислам дека во лајкнување тогаш поминав еден саат