Еј ај да не се лажеме ... Моит ? Ок против сум молење на фејсбук тоа ми е невидена мизерија со големо М , до некаде ги разбирам детулињава од 12-13 ај до кај 15 понатаму е трагедија со големо Т !!! И као не се битни лајковите е не се бре ама се . Мене не ми требаат лајкови и коментари од типот еј срцка , принцеза , убавивца веројатно до годините , може нешто има врска самодовербата , а можеби и менталниот склоп . Ху ноус штом сликата е кај мене на профил значи ми се допаѓа , мислам дека сум убава на сликата и сакам да стои . Оти рака на срце коментари лигавења не ми вршат некоја работа , а и не ми се некоја сатисфакција . Инаку да се вратам на почетново што го пишав . Се знае како оди бизнисот ти мене лајк , јас тебе лајк ми сеа немој некој да ми каже дека бар 5445 пати немате плеснато лајк по познаство (леле колку мизерно звучи бе ) или ќе лајканам ќе ми лајкне . Ако не е вака ај направете мал тест . Од денеска макар недела време не ставајте лајк освен искучоци и после една недела објавете нешто било што , слика , линк , статус ... Пребројте си ги ќе видите нешто интересно . Ова го има увидено не еднаш туку 101 . Имам една девојка , девојчица во паметот лупа лајк на секого . Објавува макар најголема глупост за 1 минута има 15 лајка јас . Знам дека не е до објавата никогаш о не било .
Значи ова молење за лајк ми нешто нај одвратно. И тоа молеле за лајк луѓе од кои најмалку очекував. Ајде разбирам деца 10-11,12. Ама постари НЕ. Не ми е јасно зошто им е тоа ќе постигнат ли нешто. Освен да ги зборуваат сите.
МНОГУ БЕДНО!Тоа ти се недоволно изградени личности.Да си дозволам јас да молам за лајк треба светот да се преврти,само незнам на каде Овде не се важат тие на кои стварно им треба лајк за наградни игри и слично.За таквите разбирам,добро,би ставила лајк.
од ова молење за лајк мислам дека нема нешто друго што повеке ме нервира.. значи се уклучувам и стига ај плс лајк или коментар на сликаава БЕДОВИИИИИИИ ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
Јас на таквите молби не им вракам никогаш. Несакам да си го трошам времето за некој што паднал толку ниско за да моли за лајк.
ОЧАЈНО ! Но има луѓе што живеат од тие лајкови и коментари. една " другарка " ми се налути затоа што не сум ставила лајк на нејзината слика хаха
Така е тоа,на некој му се поважни тие лајкови и тој измислен свет наречен фејсбук,демек ако има 200 лајкови е пи*ка ? жално. А надвор од фејсбук едвај имаат некој што ги поддржува,едвај имаат вистинска другарка за да им се доверат и така оди тоа
Незнам дали му е овде местот на мислењето ама неможев да се воздржам . Абе нели е малку чудно што сите по фб се НАЈУБАВИ, ЛЕПОТИЦИ, ПРЕНАЈУБАВИ ? А? Џабе се жалиме светов ваков светов онаков , светот е совршен со онвие така наречени лепотици и ангели ... Ма мало сутра!
Хаха, бедно... Дури и имаат направено група: "Ние. да лајкувате на се што ќе побарате". Смешки, ццц, ама тоа е.Има и луѓе што ја подобруваат самодовербата и живеат од лајкови. Значи, ептен ми е глупо кога некој ме моли за лајк на фејсбук, што дека ќе имаш 1.000 лајкови, а сите од нив молени? Подобро 1, и вреден, што не е молен, ама барем на некој искрено му се допаѓа тоа, а не некој се подразголел и има милион лајкови... И, како можам да ставам некому лајк што не го познавам, и што не ми се допаѓа? Едноставно, ако некој ми побара, го игнорирам или пак, може на која сакаш слика, имам повеќе албуми, или некогаш ставам на моите другарки, или може 2 лајка, лајк и унлајк, ги откачувам, оти навистина ме скреваат. Некогаш ставам за некому што му треба за наградна игра, да не бидам себична, оти и мене ќе ми потребаат за игри, ама не дека ќе добијам нешто, важно да се учествува... А, сега се научиле Like + Komm. = Thanks.
незнам дали немаат гордост или поважни им се лајковите од воздухот што го дишат навистина ме имаат молено сто пати за лајк ако ми се допаѓа навистина ќе ставама ама најбедно ми е на слика со квалитет 0 кога ќе видам 500 лајкови
Мислам дека нема ништо лошо во молењето за лајк на фејсбук.Еве и јас молам па што?И сигурна сумд ека секој барем еднаш има молено за лајк само неќе да признае тука!!!!
Како можеш ти да бидеш сигурна дека секој има молено за лајк барем еднаш ама неќе да признае?! Бог да чува ако има некои патетични луѓе кои молат за лајк на некоја си крш слика,немора да значи дека сите се такви само неќат да признаат! Иначе јас ако им се добри сликите им ставам лајк(ако ми се свиѓаат) мада ретко има такви ситуации,а ако не ми се свиѓаат нишо не им враќам