Никогаш немам молено за лајк,а ме молеле тоа дефинитвно. незнам зошто лајкот е толку важен, животот да не ви зависи од тоа?! Ако немате повеќе од 50 лајкови срамота е? Хахха мене ме боли дали на слика имам 50 лајкови или 5, важно мене ми се свиѓа!
Никогаш немам молено за лајк на фејсбук.Ниту пак планирам да молам.Што ќе ми е? Не живеам јас од лајковите не се хранам од нив,си имам сопствен живот и убаво ми е. А на тие што ме молат еднаш на една "манекнека" ме молеше за лајк и и пишав само гони се,после цело време бев тема за разговор.
Леле овие сега со ЕНЦИ МЕНЦИ го отупеа. На секое гласај за ќерка ми за син ми за внукот на комшиката ма ај гонете се!
Уфф, бедно, бедно... Ме имаат молено повеќе пати и тоа многу ме нервира и одма им ставам блок. Ставам лајкови на тоа што ми се свиѓа, не мора некој да ме моли господе мили. И што ако имаш 2.000 лајкови ќе станеш нешто позната? НЕ. Ставам само лајкови за награди ама и тоа ептен ретко.
Ич не се замарам со овие,во последно време. Вчера една од форумов ме `замоли`. И така.. Не им ги исполнувам желбите !
таквите луге се П.А.Т.Е.Т.И.Ч.Н.И и неам др шо да искоментирам за нив ... на сликите на фб "демек" лепотици а у живо БАБАРОГИ
Е ова зависи до расположението и дали сликата ми се допага ако стварно ми се допага нешто ке ставам ако не нема едноставно ке им кажам сликата не заслужува like и тоа е тоа.....
ЈАс не ни прашувам дали може,не ни молам.А тој/таа што ке ме праша за страна,статуси од страни не ставам лике и не им пишувам ништо,нивна работа е што ке молат толку за една бедна работа.А ако ме прашаат за лике на нивни статус или слика,ако ми се допага статусот и сликата ке ставам,а ако не завршена приказна!!!
Ар ју кидинг ми? Ма немој бре! Аман од ваквите, лајкот побидет им е од животот. И да немам молено за лајк, мислам дека тоа е патетична работа. И не заслужува повеќе да се коментира на таа тема. Толку.
Еднаш една ми рече : Ако може лајк на сликата ? и линк ми пушти ... и јас и викам : Може нема проблем стави ми културно ја снема ххха
Цццц, ова најмногу ме нервира. Поубави ли ќе ги направи тој еден лајк? А има и молење на културен начин, а тоа се одвива така што личноста што сака многу лајкови едноставно дава на сите лајкови и овие се осеќаат „принудени“ да го возвратат вниманието. Е тоа ти е веќе стратегија, хахаха. Инаку, јас таквите едноставно си ги игнорирам. Не заслужуваат ни секунда од моето време и внимание.
Јас не патам од комплекс број на лајкови и никогаш на никој не сум му рекла да лајкне нешто што имам објавено. Молењето за лајк ми е многу очајна работа, ако нешто стварно ми се допаѓа ставам лајк ако не никому ништо. Често на чет знаат да ми пратат линк и пишат ај плс лајк. Најчесто им ја исполнувам желбата и откако ми се заблагодаруваат за тоа разговорот го завршувам со добро познатата излитена фраза "н.п. само пази да нe ти стане навика".
преку глава ми е од тоа молење за лајкови...."плс лајк, за наградна игра ми е, бла бла...." ако ми се допадне тоа што праќаат ставам лајк, а ако не.......
Немам повеќе такви шо може да го направат ова грозно дело! Имаше, ама после следуваше поканичка нова за прифаќање на пријателство! Е нема втора шанса, а оплеска! И искрено, овој фејсбукот ми е веќе само за кога ми е досадно да се уклучам, и да се изнасмеам од глупости кога ќе видам колку патетични и прости луѓе има. И секако, за итна услуга кога немам кредит на мобилен.
Лајк ставам само кога сликата навистина ќе ми се допадне, а ако не е така само им велам : Чекај па слика да ти пратам и да стаиш..и После ауу благодарам и они веќе не ми пишуваат..xD
Попатетично и бедно од ова амин. Значи стварно не ми е јасно зашто луѓево се замараат со лајкови на фејсбук. Gет а life.
Зависи како ке ме швркне и од расположението али почесто коа ке ме прашаат “ееј може лајк? ’’ само ладнокрвно НЕ им пишувам И си иам правила , ако поише од 1-наш ме прашаат само блок и крај Мрзам такви замарантуси