Аман више со таквите Тој лајк ќе ги направи поубави,посреќни,што?Незнам ни зашто постојат лајковите А и зошто воопшто се замаратт со тоа дали ќе имаат 60 или 6 лајка? Другарка ми стално ме напиња со тоа (не моли она за лајк).Леле имам 40 лајка,малце ми се,сакам 140 Аман бе,шо ако имаш 140 лајка? Што ќе промени тоа во твојот живот?
ауу ова молењево за лајк се унапредило...од кај на chat прашуваа дали може лајк, сека и покани за лајк на страни праќаат ццц
буквално ваква фаца имам кога ќе ми пише некој за такво нешто. Добро бе луѓе фејсбук да не ќе ви го препишат ако имате многу лајкови?! Не можам стварно да ги сфатам. Никогаш не сум побарала лајк, ниту пак ќе побарам, многу ми е бедно, најискрено.
Незнам што му е „филмот“ со берењето лајкови. Ептен е забележливо дека имаат молено за лајк чим имаат по 300+ лајкови на сликите. А тоа молење за лајк мене ми е толку мизерно и понижувачки... Што му менва во животот ако наместо 50 имаат 150 или 500 лајка? Ќе му дадат пари? Ќе ги прогласат за мис/мистер на светот? Навистина не сваќам каква цел има збирањето лајкови..
Офф..Од тоа молењето преку глава ми е.. нз за мене тоа е мн понижувачко..Нз дали ги е срам да молат за лајк??
Девојче/Момче(и момчињава почнаја за лајк да молат) - [ линк од слика ] ај плис лајкк , не дека молам за лајк ама многу ми е потребно.Фала однапред(Блок од назад). Или некој ај лајк на сликава ! - демек морам .. лолл. - оди моли се в црква ...ПАТЕТИЧНИ!
Ако има 2000 пријатели ништо чудно да собере и 200 ама ако се познава која слика може да собере повеќе лајкови а која не... Да не се изразам лошо но грда слика со 300 лајкови мене ми е чудноо... Најарно баталете лајкови јас веќе подолго време не лајкувам ништо а на фб сум по 5 минути во денот...
Многу мразам кога некој на фејсбук моли за лајк тоа ми е најглупо и набедното нешто... да молиш за лајк и така мислиш дека ќе станеш популарен а така всушност сите те знаат како некој што проси за лајкови. Јас одам лајк само ако ми се допаѓа сликата или објавата а не поради личноста што ја објавила
Ептен се гадни упм ме напна едно девојче дај лајк де дај лајк и викам ако ми се свиѓало ќе сум ти дадела секако , ае чао или па тие што си даваат сами лајк Liking your own status is like sucking your own dick
Патетично. Имам една на фејсбук има околу 3.000 пријатели и по 2.000 лајкови на слики. Сега со новава опција и луѓе што не ти се пријатели да те лајкнат, и се зголеми бројката прилично. Девојкава е втора година средно, и има уште две сестри, кои ги тагираат своите пријатели во инбокс и ставаат линк од сликата, со молба да биде лајкната од сите од инбоксот. Колку само пати сум се нашла во тој инбокс... Ако нешто ми се допадне, ќе ставам лајк.
Бедни се... Ме напнуваат многу вака,не ми се верува до кое дереџе стигнаа. Спојлер Па ајде и ние на форумов да почнеме. Сакате ?!
По глупо нешто од ова молење за лајк немам видено.Ај добро,ама кога ќе ми пиши некој ај лајк или коментар.Ако ми се допаднала сликата или заслужуват коментар ќе ја коментирам.Најчесто тоа се помали девојчина чија цел е да соберат што повеќе лајкови и коментари.И уште нешто што ми е глупо во врска со ова е кога некој сам си ја лајкува сликата.
Мене најмизерија ми е кога некој ќе моли за лајк на фејсбук па без разлика дали станува за роднина или не. Што е најтрагично не ти праќаат само еднаш туку по сто пати ако не и повеќе. Патетики најголеми!
штотуку ме напна за некоја си наградна игра за бебиња хахха абе шо ај нека се радуваат таму не дека ке добијат колку да се речи