Против молењето за ЛАЈК на фб. Фала Сеси, јас се исплашив, т.е. зачудив што е работава. Уствари сега уште повеќе се исплашив - какви се тие мои пријатели на ФБ кои не сакаат од мене лајк?! Сите има да ве бришам и ќе си барам нови! Па изгледа сум против, штом не ни знам што е ова. Но верувам дека е ова еден солиден почеток на нов македонски адет. Какви мартинки какви бакрачи - замислувам како му објаснуваш на детето како сте се запознале со тато, порано во далечната 2011, кога мама и тато си правеа поук на фејсбук, тато и пиша на мама - ќе ми ставиш лајк на овој линк? И мама му кажа да. И тука се роди љубовта наша
Против молењето за ЛАЈК на фб. И мене колку пати ме молеле, па дури и на мсн некои ми праќаат линкови и пишале доле „леле ај те молам еден лајк на сликава“. Јас им одговарам со едно : АЈ НЕ и чао пријатно. Замараат премногу, на ниско ниво се чим си дозволуваат да се погазат и да бараат лајк!
Против молењето за ЛАЈК на фб. И јас не сум начекала нешто вакво од причина што имам 130 пријатели кои сите лично ги познавам и се дружам. Не можам да ги разберам девојчињата кои се воодушевуваат на коментар од типот: ууфф секси. Што ти мислам Нели тоа е еден вид на понижување? Да се разголиш што можеш повеќе и да молиш луѓе да те гледаат и да Спојлер дркаат на тебе wow која чест
Против молењето за ЛАЈК на фб. Епа ским си такав си. Немам такви пријатели на фб кои молат за лајк а јас пак ич не се замарам со тоа. Не прифаќам такви линкови а пак сумљиви личности па ич . Немам таков проблем
Против молењето за ЛАЈК на фб. Ако ми се свиѓа ке ти стаам лајк ако не НЕ!! Подобро да имам еден лајк од некој кој стварно му се допаднала сликата отколку да имам двеста лајка за кои сум молела Бедно...
Против молењето за ЛАЈК на фб. Се приклушувам кон Пирамитка и ЛИвихгГлам, навистина појма немам за што станува збор, еве ги прочитав сите коментари и пак не рабрав, изгледа ептен сум аут....јас за ова првпат слушам Дали е вака-рандом непознати личности Ви праќаат слики и ве мољакаат за лајк? А зошто, што е поентата, зошто им е потребен лајк?
Против молењето за ЛАЈК на фб. Лајк на фб ставам доколку нешто ми се допаѓа искрено...а овака кога некоја типка на чет ќе ми пише "ај ќе те молам стај лајк"...Едноставно блок и delete и ајт со здравје па крај крајот многу ме е гајле дали ќе имам 1000 пријатели или 999
Против молењето за ЛАЈК на фб. Нова фора на денешниве шмизлички или како што си се самонарекуваат "bitches" Или "Sexichi" да имаат повеќе лајкови, ко демек "-Види колку лајк имам, многу сум позната, сите ме сакаат"
Против молењето за ЛАЈК на фб. Да се работи за некој натпревар или нешто во фотографирање,да... ама да ставам лајкови кај луѓе за да се најубавите луѓе во оваа недела(а фактички се гроб) нема да се случи. Чао,делете,блок ! А најмногу ме нервираат оние женски кои тврдат дека не молат за лајк а по 10 пати во денот си се пре-тагнуваат за луѓето да им ставаат лајк. На крај краева, и тоа е еден вид на молење. Ако сакале да ти стават лајк,ќе го стореле тоа уште првиот пат кога си ја ставила. Бузите многу многу не ми пречат, ама кога ќе видам дека 15 годишна се слика полу-гола ми доаѓа да и отидам дома и и да и покажам на мајка и каква ќерка има...
Против молењето за ЛАЈК на фб. Да + да и се фали на другарка и: -Еј имам поише лајкови од тебе,популарна сум
Против молењето за ЛАЈК на фб. Не се замарам уопште со тоа кога и да се уклучам на фб. ставам лајк јас кога ќе сакам, а не ако некој или некоја ми нареди -ај плс лајк на сликата-
Против молењето за ЛАЈК на фб. Четири цели страни ..Уау. Колку години има креаторот? 14... Кажи 14, да не се разочарам. Кажи 14. Што побогу се случи со форумов ? Месечина у марс или венера во трета куќа не знам шта је и по чему...али нешто е отидено у Паланка...
Против молењето за ЛАЈК на фб. Јас од старомодните генерации и баш ми е мило дека е така. Прво прв пат слушам за молење за лајк, и ве читам сега и се чудам до кај ќе стигни патетиката на денешната младина. Лајк ставам ако нешто мене лично ми се допаѓа, а кога постирам нешто, ама баш ме заболе дали некој ќе ставел лајк или не. Можеби не ми барале лајкови, ама сум забележала дека некои од моите пријатели ако постират нешто и ако нема доволно "одзив" постот го бришат. Господ да чува и брани. Киснам на фб да, признавам, ама мислам дека добро сум ја сфатила неговата намена. Имам околу 550 пријатели од кои сите до еден ги познавам, непознати да ми се лигават со коментари од: топ си маче, срце, најјака, лепотица и да ми го полнат инбоксот со глупи пораки не ми требаат. Самодовербата се гради на друго место и поинаку, а не на фејсбук и со број на лајкови.
Против молењето за ЛАЈК на фб. И јас сум против, но што да се прави доколку најдобрата другарка постојано ве моли за лајк?? И тоа со зборови "Па јас тебе ти ставам лајк а ти мене?!" Испаѓа како да ја терам да стави лајк на нешто мое, иако немам ни потреба од тоа бидејќи ставам работи што МЕНЕ ми се допаѓаат. Во последно време не се ни уклучувам на чат за да не дојдам во таквата ситуација каде ќе ме молат за еден глупав лајк.
Против молењето за ЛАЈК на фб. Јас немам фб ,кога имав порано се случи еднаш моја братучедка ми пиша за да и стиснам лајк и и реков дека нема да стиснам ,ме праша зошто и и реков дека не ми допаѓа ,затоа. Ќе стиснам лајк само кога ќе ми се допадне нешто . Значи немора ни петиција против молењето за лајк ни ништо ,едноставно ќе одбијаш да стиснеш ако те замолат и крај . Патетично е да се моли за лајк ,уште попатетично да си ставиш самиот лајк и најпатетично е да си ставиш сам лајк , сам да си коментираш и уште да можеше на коментарот свој лајк да си ставиш И веќе нека го укинат тој фејсбук ,нека излезат луѓето од дома малку
Против молењето за ЛАЈК на фб. Имам фејсбук и до сега никој не ме молел за палче. Изгледа ова е некој нов тренд, па доколку се појави такво нешто кај мене следува игнор. Сепак сите пријатели си ги знам, немам падобранци за пријатели и верувам дека нема некој да го направи тоа. Или пак се лажам,а?
Мене најмногу ме молат помалите. 10,11,12 години. Со кој памет некоја повозрасна девојка би направила вакво нешто?! Еднаш едно девојче 15 год. ми праќа линк и ми пишува ( прв пат во животот ) Ај лајк и комент. Господе! Ја отворив сликата, стварно беше убава ама кога видов 200 лајкс поради тоа молење.. Глупаво, многу глупаво.
^Ги има и такви Аврил . Познанички на моја возраст ме молеле да ги лајкнувам и да им пишувам коментари колку се убави и што ти знам, едноставно молат да им правиш лице. Се прашувам како некоја личност може целиот свој живот да си го објави на фејсбук. Сепак многу филозофирање има тука, кој каков сака нека си биде, мене ич тоа не ме боли за другите. Среќна сум што не сум дел од нив и фејсбукот не ми е живот.
Имам слушано дека бараат некои, ама мене лично не ми се десило. Можеби затоа што имам малку пријатели на фб и сите ги познавам, а можеби (како што кажа некој погоре) и дека многу ретко се уклучувам на чат. Скоро никогаш. Уствари па и не ме чуди. Се може да се очекува од генерацииве што доаѓаат