Се во свое време и психолошка зрелост. Обично помали девојчиња паѓаат на фамозното лајк. Сега доста популарно гледам е гласање за слики деца по некои наградни игри, па како мајките се ангажираат овде, мислам дека на исто рамниште се со децата кои молат за лајк.
Има една страна на фб не именувам име ама има такви работи што стомак не болеше со другарка ми кога ги гледавме..ЗНАЧИ ШТО НЕ ПРАШАА ЗА ЛАЈК еве неколку: Лајк ако си чудите како ова маче влегло во чашата: Лајк ако имате дома многу парфеми или дезедоранси. -Добро бе не гледаат дека се лабела?? Лајк ако се лакиратее -НЕ!Ние в село не знајме шо е то Лајк кој има барем еднаш купено балони од луна парк или од друго место Лајк ако ви е грд Е УШТЕ ОВА ГО НЕМАВ ВИДЕНО
Јас незнам од кога like стана показател дали нешто е добро или не..Јас незнам дали само на мене ми е јасно дека фејсбук е измислен виртуелен свет каде сите се лајкуваат-сакаат,каде лицемерието мава јако,каде сите ќе ве „поздрават" со like или коментар а на улица не ве познаваат.Like наместо комплимент,poke наместо „ми се допаѓаш би сакала ли да излезеш со мене ?" и секако најбитното бесплатен book полн со профи слики бесплатно..Све је моје твоје нели??Ниту сум молела,ниту ќе молам за like,напротив,постирам работи кои мене ми се допаѓаат а не кои мислам дека на другите им се допаѓаат,ако ме разбирате
Можам да разберам молење на лајк за слика,од проста причина дека постојат тешки идиоти и се спуштаат на тоа ниво. Но кога некои страници ставаат слика од некое кутро болно бебенце,и бараат лајк,тогаш ми се лоши.
Па попатетично нешто не сум видела сеуште.Обично малечкиве девојчиња се по лајковите,а јас се срамам што најдобрата другарка се радува уште кога има над 100 лајкови на слика.. греотки
ааааааааааааа кога ќе видам да ми пишат за лајк ми иди компјутерот од глава да појдам да му го акнам...ајде бре...излезете надвор играјте си...не да молите за еден глупав лајк!!
Уште ли го прават ова? Некој што ''моли'', да се падне кај мене би го прашала што добива или губи со тоа кога има 1 или 4629 лајкови. Никој ме нема прашано т.е. пишано на чет, а по странициве не читам што се случува.
гревови , ај лајк е ај шамар, многу се патетични. А сега што имам приметено бараат да поставиме прашање на тоа Аск-от, алоооо дете не те ни познавам ни ништо.
Аман,кој претеризам еј.Пред 2-3 месеци го активирав Фејсбукот,и веднаш почнаа.Незнам каде сум нашла едно детиште,секој божји ден моли за лајк,па вчера ми пукна филмот.Ми праќа линк и ми вика: - ај лајк!! ме изнервира и земав му пишав ТЕ НЕМАМ ВО ПРИЈАТЕЛИ и ми враќа Е КАКО МЕ НЕМАШ? и ја му викам КЕ ВИДИШ ЗА 2 МИНУТИ и земав го избришав. Гревови,не само на чат,туку и на страните со она досадното:ЛАЈК ОНЛАЈН,ЛАЈК АКО БАРЕМ ЕДНАШ ИМАШ ЈАДЕНО СЛАДОЛЕД итн. Патетика
Хаха ме насмеа,ама така е-убаво си направила.Не ти требаат такви луѓе,само да те замараат за глупости. Се шекнаа луѓево,живеат во некој нереален свет.И што ако има еден лајк повеќе?!
тие што молат за лајк на facebook.. исто ти е како да просат.. нема ништо различно мешу тие две работи.. се понижуваат пред другите.. ретко кој им става лајк..
Не ми е јасно што ќе постигнат луѓето ако молат за лајк и им лајкнеш.Си мислат ќе имаат повеќе лајкови.Многу мразам некој така кога ме моли за лајк.Па сигурно сум ја видела објавата и ако сум сакала ќе сум лајкнала.А и не им лајкнувам,колку и да се молат не им лајкнувам.Ако стварно ми се свиѓало нешто јас лично ќе сум лајкнела без притисок од друѓи!
Не ми е јасно,тие што молат за лајк за слики,мислат дека ако имаат 100 лајкови(од молење дадени),тогаш стануваат поубави на сликите или така прават за другите да мислат дека се толку популарни па затоа ги имаат лајковите.Патетика.Ама сега и страниците на сите слики ставаат во опис:лајк ако се согласуваш,лајк ако ти се допаѓа.....глупости. Спојлер Инаку,еве го врвот. Еднаш едно девојче ми прати порака на фејсбук и напишала:
Ахх колку мразам такви.. од нив ми иде фејсбуков да си го деактивирам. ми пракаат линк и : може лајк. Фала однапред. бод да чува. Срамота и што кога ке има многу лајкови? Не знам тоа не го разбирам. А а не ни мора затоа што некои работи едноставно не се за разбирање.
Ајј.. стварно црква стана Фејсбуков.. сите молат за лајк.. Ова е ств. ненормално и не ми е јасно која е целта и незнам зашто сите го прават ова.. Ми се дигат живците кога ќе ми кликне четов додека пр. гледам албум километарски кој ако го тргнам прозорчево со слика ќе пропадне разгледувањето (ако ме разбравте) , па од пуста љубопитност ќе видам кој пишал и на крај, погодувате: - (линк некојски) moze like? vrakam АААААААААААА.. да ти се врати ум в глава!
Ми се случило и професори на чатот да ми пратат некои линкови за да им ставам лајк и ај јас ептен оти професори инаку ќе ги отерам у пм