Стискам Seen за да видат дека сум прочитала и потоа фино си стискам Escape. А инаку порано беа почести тие молења, сега пак колку толку се опраија луѓево.. или па можда јас сум ги испобришала таквите.
Мало лајкирам мало нокте лакирам Немам такви другарчиња, а сите пријатели ми се луѓе што ги знам и ми се блиски...шо да се прај жена во години
Аууу ама се ежам кога ќе видам "Ај те молам еден лајк" Сега некако замреа со лајкови, прашање до кога? Баш пред некој ден една девојка ми пишува "ај те молам еден лајк за една наградна игра е" и и' викам јас "а јас ако ти стегнам лајк ќе добијам нешто" и се исклучив. Е навистина ја претеруваат некои.
Дефинитвно најниската работа, понижување. Да МОЛИШ за лајк.. Луѓето молат за парче леб, а овие овде лајкови само да збираат.. А особено оние статуси... Јас барем ваква сум!
Само ме прашуваат Може лајк на профилнава или ќе ми пратат некој линк од слика и јас или ставам ако навистина ми се допаѓа ако не им велам само не може и толку
Разбирам помало дете кога ке рече ај те молам лајк , дете е не разбира дека е смешно и патетично ама кога некој на моја возраст или постар ќе ме помоли да му ставам лајк на слика кој веќе има повеќе од 200 лајкови , е тогаш го жалам ... Секако не се спуштам толку ниско па да молам за лајк .
Не постои нешто поглупо и победно Не знам што им е толку битен тој лајк? Да не добијат некој медал или награда ако имаат многу лајкови? Гревови бе
Многу ме нервираат тие што молат за лајк -.- Обично нејќам да го лајкнам тоа што ми го праќаат и ако ме замилат само не им враќам, а ако ми речат "АЈ ЛАЈКНИ!" им велам "АЈ НЕ!"
Некои луѓе не ја сфатиле финтата дека фејсбук е тука да ставиш слика за да те видат пријателите што не се во можност да те гледаат секој ден.Ако добиеш лајк фала многу што ти се допаѓа ако не нема да е крај на свет.Не се живее од лајкови.Или кога објавуваат една иста слика ,зошто? за повеќе лајкови ,нормално
Најмногу ме нервира кога некој ми дава линк и ме моле за лајк. Ајде разбирам да е за наградна игра, ама за на профилната лајк. боже се чудам кога некој воа ќе ми го прати. А една екс другарка од 4 одделение шо ми беше ми прае вака. Ние кога ќе се сретнеме само на ЗДР, а на фб. Кај си женска шо праиш се изгуби и после ај лајк на профилната ако може И затоа веќе оффлајн сум за неа само. Досада.
оо колку глупава работа.Имам такви што ми пуштаат линкови да ставам лајк,и ајде ставам што да им правам. Тоа пример кога им требаат за некоја наградна игра. А многу е глупаво кога другарките за некоја слика ми кажуваат да ставам лајк. И без да ми кажат ке им ставам ако ми се допаѓа сликата,немора да ми пишуваат во порака за тоа. Глупости!
за греота мислам ало бе луѓе шо ти значат 1000 лајкој на фб ак немаш вистински пријатели ин лајф..мислам дека некои луѓе се заглавени негде меѓу редови... Живејте го секој миг ВИСТИНСКИ!!
само не разбирам што добиваат со тоа ако имаат повејќе лајкови? навистина е мизерно да се моли за лајк ..... Спојлер од сега наплајќам лајк, цена по договор кој сака нека ми се обрати ЛП
леле тема со ме вади од нерви! за жал јас имам братучеда и ја сликам, вака , така, па онака па уште незнам како! мене нервите втаван готово че испукам незнам како издржав 10 слики да сликам и кога конечно заврши се го зема дигиталниот и ми вика: оваа, оваа оваа и уште мн други че ги ставам и лајк да ми ставиш! лајк да ти ставам? ако сакам чети ставам ако не немора и си заминав од собата не е нормална за сите пари